- Член од
- 30 март 2010
- Мислења
- 1.441
- Поени од реакции
- 400
Кон болдираното:Тоа биле цивилни заповеди на евреите кои во тоа време имале теократско уредување на својата држава Израел. Тие заповеди немаат врска и немаат никакви допирни точки со христијаните.
Не сите заповеди во Библијата се однесуваат за христијаните. Оваа грешка муслиманите често пати ја прават затоа што и пристапуваат на Библијата исто така како што и пристапуваат на својата света книга - Кyранот. Но таквиот пристап е погрешен, затоа што Библијата за христијаните не е исто што и Кyранот за муслиманите. Тоа се два различни концепти во однос на тоа како христијаните и муслиманите го сфаќаат поимот "Божја објава". Погрешно е муслиманите да ја оценуваат, толкуваат и критикуваат Библијата со критериум кој тие го позајмуваат од Кyранот, а истото важи и за христијаните во обратната насока.
Значи делови од Библијата ги практикувате, делови не ?
Кон другото:
А исто важи и за тебе што постираш таму на темата за прашања за Исламот. :smir:
Јас тоа сакав да го докажам.