1. Отецот, Синот и Свеитот Дух се едно.
2. Христијаните не се бафтаат со икони. Тоа го прават правосланвите.
3. Христијаните максимално се трудат да ги исполнуваат Христовите заповеди (кои впрочем не се само 10те Божји заповеди (нив Христос ги сведе на две заповеди за љубовта), туку и многу повеќе заповеди кои се запишани во новиот завет. Значи точно е дека гревовите се платени, ама вистинските христијани го мразат гревот и без разлика што е платен тие не сакаат да го прават и се трудат да не го прават.
Едно е да сакаш да правиш нешто, но бидејќи ти е забрането и запретено да не го правиш, а друго е да не сакаш нешто да правиш и од љубов да не го правиш. Пробај малку да ги свариш овие работи и ке ти стане јасно.
Јас многу си го сакав класниот мој во гимназија. Тој ни беше како татко и нонстоп се застапуваше за нас и се трудеше да не ориентира во добра насока. Кога ќе имав некој неоправдан, класниот ќе ми го оправдаше без да ми рече ниту збор што сум направил и зошто ме запишале. А јас потоа се срамев и не можев да го погледнам во очи затоа што знаев дека ме сака и си мислев дека можеби сум го разочарал со ова. И многи повеќе сакав да ми стави неоправдан, да ми вика и сл. отколку со тажна фаца да ми го оправда неоправданиот без да ми приговори еден збор. Тој многу повеќе постигна во мојата дисциплина со љубов, отколку другите наставници со закани и казни. Љубовта е поголем мотиватор од стравот. Ние го љубиме Христос и затоа не грешиме, без разлика што Тој ни ги простил однапред гревовите.