Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики кои се најголемите гревови во Христијанството...???
Православните рисјни не познаваат големи и мали гевови, туку познаваат исповедани и неисповеднаи (скриени) гревови. Во принцип, „големите„ гревови се редовно мали по бројчаност, полесни за паметење и исповедање пред исповедникот/духовникот и пред Хрсита Бога. „Помалите„ гревови се побројни и потешки за паметење па чинат и поголем проблем од „поголемите„ гревови.

Мики ќе можеш ли да ми одговориш на ова прашање ?
- Бог Отецот ја има целосната доверба во Својот Син (Божји, Единороден). Тоа го видовме и при крштевањето и при преображението Исусово.
- Догматот за нашиот Господ Исус Христос, ни ја открива Неговата двојна природа: Христос е Богочовек, оти преку Исуса Христа, „...Бог стана човек за да може човекот да стане бог (по благодат, не по природа)....„. Така, Христос е битие, „составено„ од: 1. Синот Божји, Кој Е дух и Бог по прирорда/суштина, и од: 2. човекот Исус, кој е човек и по тело , и по душа и по дух. На крстот Голготски, беше распнат Исус, така да страдаше само човекот Исус, со сето свое битите (дух, душа и тело), но не старадаше Синот (Божји), оти Он (Синот), веќе рековме дека е дух, па така, не може да се распне дух, кој е нематеријален, туку може да се распне ( и да страда) тело, кое е материјало. Затоа и напишав дека страдаше човекот Исус, оти има(ше) материјално тело, но не страдаше Синот, оти Он (Синот) нема материјално тело.-
- затоа, Христа го имениваме и како „Богочовек„-Бог (синот) и човекот (Исус од Назарет) Го чинат Богочовекот Исус Христос. Кај Богочовекот, Неговата Божја и Неговата човечка суштина/природа, се неслиени, туку човекот Исус се потчинува на волјата од Богот Син, па со тоа примање на Синовската (Божјата) волја, Исус станува Богочовек, така Исус се обожува, иако не ја губи својата човечност.
 

golem brat

dojdov vidov pobediv
Член од
23 февруари 2009
Мислења
417
Поени од реакции
20
Тој Му го предал судот на Бог Синот.
pravoslavnata crkva e bozjata crkva, a zosto zboruvas deka pravata crkva ke koristi cuda i ogan simnuva od neboto,so cel da gi mami lugeto toa e za antihristite ,antihristot, togas objasnigo recenoro koga angelot gavril pristapi pri edna devojka marija, na toa deva rece kako ke bide toa koga ne zanma za maz, pravoto ucene go ima socuvano, pravoslavnata ili crkva,slava na boga
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Библијата го забранува јадењето свинско месо.

„ А свињата не прежива, иако има папок, и тоа папок раздвоен, и за вас е нечиста! Нивното месо немојте да ги јадете ниту нивната мрша да ја допирате – за вас се тие нечисти.“ (Стар Завет, Левитски законик 11: 8 -9).

„ А свињата, иако има раздвоен папок, не преживува: нека е за вас нечиста! Нејзиното месо немојте да го јадете ниту се приближувајте до нејзиниот леш. (Стариот Завет, Повторени Закони, 14. 8)


Ме интересира ваше мислење за ова.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Погледни: „Дела Апостолски„, 10.10-16. Стариот Завет веќе е заменет со Новиот Завет од нашиот Господ Исус Христос и старозаветните законски одредби се неважечки.
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
И од кого е изменет сатариот завет во нов. Од обични луѓе ?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Па, ако е стариот завет од Бога зошто во новиот завет фалат некои работи од стариот ? Бог се премислил ?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Па, ако е стариот завет од Бога зошто во новиот завет фалат некои работи од стариот ? Бог се премислил ?
Стариот завет си е стар завет, новиот завет си е нов завет. Зборот „завет“ значи пакт, договор - во случајов пакт меѓу Бог и луѓето. Бог го склучил стариот завет со евреите преку посредникот Мојсеј и под Лвитското свештенство. Стариот завет барал од човекот неприкосновено почитување на Божјите (старозаветни) закони и при секој прекршок морало да се принесуваат жртви за да се покријат и простат гревовите.

Но човекот неколкупати го прекршил овој завет (пакт, договор) и се што останувало за човекот било Божјиот гнев во него.

Но Бог, бидејќи премногу го љуби човекот, за да го поштеди од казната, решил да склучи нов завет со човекот, а одговорноста од стариот завет (смртта) да ја предаде на Својот Син - Исус Христос. Затоа Исус се отелотворил и дошол на Земјата, за да плати за гревовите на човештвото и со тоа да ги исполни барањата на стариот завет. Бог е љубов и милостив, но Тој е и свет и праведен и како таков не можел да им прогледа меѓу прсти на луѓето во стариот завет. И затоа Тој морал да ги подмири последиците од прекршувањето на стариот завет и затоа Го испратил Својот Син - Исус Христос да се принесе како света и совршена жртва за човековите гревови.

А потоа Бог го склучил Новиот завет преку Исус Христос, завет кој е заверен во Неговата крв, завет преку кој добиваме прошка на нашите гревови и вечен живот доколку веруваме во Христос, во Неговата откупителна крв која ја пролеа заради нас грешниците.
Новиот завет не се темели на законот како стариот, туку на Христовата крв преку која добиваме незаслужено простување на гревовите - доколку ја положиме нашата вера во Христос и живееме за Него, а Тој во нас.

Зборот „евангелие“ на коине грчки значи „радосна вест“, а радосната вест е тоа што ако веруваме во Христос, нашите гревови се простени и Бог нема да ни суди за нив, туку добиваме вечен живот. Оваа порака е од животоважно значење.
Поздрав и добра ноќ!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom