Мики кои се најголемите гревови во Христијанството...???
Православните рисјни не познаваат големи и мали гевови, туку познаваат исповедани и неисповеднаи (скриени) гревови. Во принцип, „големите„ гревови се редовно мали по бројчаност, полесни за паметење и исповедање пред исповедникот/духовникот и пред Хрсита Бога. „Помалите„ гревови се побројни и потешки за паметење па чинат и поголем проблем од „поголемите„ гревови.
Мики ќе можеш ли да ми одговориш на ова прашање ?
- Бог Отецот ја има целосната доверба во Својот Син (Божји, Единороден). Тоа го видовме и при крштевањето и при преображението Исусово.
- Догматот за нашиот Господ Исус Христос, ни ја открива Неговата двојна природа: Христос е Богочовек, оти преку Исуса Христа, „...Бог стана човек за да може човекот да стане бог (по благодат, не по природа)....„. Така, Христос е битие, „составено„ од: 1. Синот Божји, Кој Е дух и Бог по прирорда/суштина, и од: 2. човекот Исус, кој е човек и по тело , и по душа и по дух. На крстот Голготски, беше распнат Исус, така да страдаше само човекот Исус, со сето свое битите (дух, душа и тело), но не старадаше Синот (Божји), оти Он (Синот), веќе рековме дека е дух, па така, не може да се распне дух, кој е нематеријален, туку може да се распне ( и да страда) тело, кое е материјало. Затоа и напишав дека страдаше човекот Исус, оти има(ше) материјално тело, но не страдаше Синот, оти Он (Синот) нема материјално тело.-
- затоа, Христа го имениваме и како „Богочовек„-Бог (синот) и човекот (Исус од Назарет) Го чинат Богочовекот Исус Христос. Кај Богочовекот, Неговата Божја и Неговата човечка суштина/природа, се неслиени, туку човекот Исус се потчинува на волјата од Богот Син, па со тоа примање на Синовската (Божјата) волја, Исус станува Богочовек, така Исус се обожува, иако не ја губи својата човечност.