DBack
gloveless
- Член од
- 19 декември 2007
- Мислења
- 5.372
- Поени од реакции
- 2.556
Би одговорил вака:Самиот рече едни веруваат едни..не..јас не можам да пишувам од агол не неверник..Оти не се сомневам во ова што го зборам..btw..прашањето од погоре важи и за тебе..ме интересира еве ти си малку постар..можеби и родител...како ти гледаш на ова?
Секако дека во животот ми било фрка околу неверувањето во христијанскиот бог. Што ако е стварно вистина, а јас рационалец, па здраво го попијам на крај. Ми прелетуваа овие мисли во раната адолесценција (пред тоа немаше фрка, пошто беше социјализам, нели).
Тогаш почнав да се интересирам за Земјата и природата и луѓето. Енциклопедист сум по приод и читав по малку за све! За луѓето, за историјата, за географија, филозофија, психологија (и пара), за обичаи, наследства и ритуали... Ги обожавам Сумерите, Вавилонците, Египјаните и сите останати стари цивилизации и култури и, што се однесува до мене, доволно знам за нив.
Разбрав, Маркус, дека Христијанството е само уште една од многуте вери/религии на овој свет. Научив и дека мотивите во оваа вера се позајмени од претходните, исто како што Исламот е надграден врз мотиви од Христијанството. Научив за клучните собори и техниките на стандардизација на Христијанството, за вмешаноста на политиката и повисоките државнички интереси во сето тоа.
Така, на мојот доминантно рационален ум му стана јасно дека Христијанскиот бог не постои. Ми стана јасно дека е исконструиран.
Забележи дека зборувам за Христијанскиот бог. Не зборувам за бог воопшто. За да зборувам за универзален бог, најпрвин ќе треба да го дефинираме. После би можеле да зборуваме. Овде е тоа невозможно пошто ти збориш за протестантскиот бог, мики за православниот, Омер за исламскиот, а Лет3 - не знам уште дали се заебава или не - за паганските. Овие последниве уште и би ги разгледувал, пошто е пра-богот на сите овие други...
Како кратка верзија на одговорот би ти рекол: Не ми е воопшто фрка од христијанскиот бог. Преведен е и од луѓе дотеран, со нечисти намери за моќ, контрола и влијание. Затоа не му се плашам.
За Земјата како бог, би збореле на друга тема. Откако прво јасно би дефинирале што е тоа.