Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.276
Столар??[FONT="][/FONT]
[FONT="][/FONT]Исус бил столар и немал никакви благороднички права во времето на римската окупација.
Не би рекол. Исус бил МАЈСТОР. Така седи во оригиналите
А тоа СТОЛАР е накнадно уфрлено или како грешен превод или тенденциозно (како и мнооогуте други текстови). А МАЈСТОР не е само столар. Исус бил потомок на Давид и со тоа законит престолонаследник и крал на Израел по своите претци тоа ни го кажуаат самите евангелија. Како крал на Исраел него уште кога се роди дојдоа да го поздрават тројцата пастири (мудреци) како крал на Исраел тој влезе во Ерусалем јавнат на магаре, Захарија му вели ти си крал на Исраел, Евреите го обвинуваат дека се преставува како крал на Исраел и Римјаните го распнуваат како крал на исраел..... малку ли е тоа??
Исус никогаш не изгубил некаков престол па да трга со војска да си го повраќа. Зарем ти изгледа дека човек кој говорел такви работи како Него може да биде заинтересиран за да организира 200-300 бунтовни Евреи да удрат на Римската власт во златните времиња на Август или Тибериј?, зарем ти сакаш да кажеш дека Он со тоа се занимавал и се надевал да ја зграпчи власта преку пролевање крв??? Смешно размислување.
Смешно само за оној кој не ја познава историјата на Јудеја и Исраел под Римска власт и окупација и кој не знае за сите бунтови и востаниа кои ги кревале против Рим многу помалобројните евреи и многу послабо вооружени и многу послабо организирани и многу послабо обучени. Мене не ми е смешно.
Јас сум начитан
Исус не запишал ништо Не оставил никаква трага со своја рака. Се за него пишале други кои и не го виделе и не го слушнале. Запишувале легенди со векови по Исус а други пак ги компилирале, крателе, уредувале и додавале со векови по нив. Како за крале Марко. Јавал шарец на кој му давал да пие вино се борел со вили и оставал траги на земјата каде чекорел а боздоганот го фрлал до облаците и десеткувал турски армии и паши. А тој кутриот бил турски вазал (слуга) и со своите војници се борел на страна на турската војска против други христијани. Легенди и митови. Има една работа која оди контра сето христијанство. Тоа е Историја. Она досадна неумолива ситничава историја која запнала да запиши и документова се и сешто. И со чии податоци не се слагаат евангелијата. А тоа ни дава до знаење дека не ги пишеле никакви очевидци ниту некои кои го познавале Исуса или Јудеја или Галилеја или Еврејските закони и празници или Римските закони празници и обичаи. Како сега да споредиш историја и географија со книгите на Толкин и да бараш доказ дека постоел Мордор или дветре кули и Хобити.
Христијанството она првото не се разликувало од јудаизмот. И во првите 3 века тоа не било различно од јудаизмот. Си ја поштувале саботата си се обрежувале си ги пазеле празниците и заповедите старозаветни. Дури во 4 век од сабота се премина на недела (демек така Исус наредил иако 300 години по него никој тоа не го знаел) па почна да с слави неговиот роденден, (на ист ден како и празникот на паганскиот бог на сонцето, на Митра и на Озирис) па одеднаш се најде и гробот (пошто сите други пагански религии си имаа свои гробови на свои богови... христијанството стана дел од државниот апарат и ја жртвоваше својата вера ради државни и полииќки интереси.