Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
[FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot][/FONT]Исус бил столар и немал никакви благороднички права во времето на римската окупација.
Столар??
Не би рекол. Исус бил МАЈСТОР. Така седи во оригиналите
А тоа СТОЛАР е накнадно уфрлено или како грешен превод или тенденциозно (како и мнооогуте други текстови). А МАЈСТОР не е само столар. Исус бил потомок на Давид и со тоа законит престолонаследник и крал на Израел по своите претци тоа ни го кажуаат самите евангелија. Како крал на Исраел него уште кога се роди дојдоа да го поздрават тројцата пастири (мудреци) како крал на Исраел тој влезе во Ерусалем јавнат на магаре, Захарија му вели ти си крал на Исраел, Евреите го обвинуваат дека се преставува како крал на Исраел и Римјаните го распнуваат како крал на исраел..... малку ли е тоа??

Исус никогаш не изгубил некаков престол па да трга со војска да си го повраќа. Зарем ти изгледа дека човек кој говорел такви работи како Него може да биде заинтересиран за да организира 200-300 бунтовни Евреи да удрат на Римската власт во златните времиња на Август или Тибериј?, зарем ти сакаш да кажеш дека Он со тоа се занимавал и се надевал да ја зграпчи власта преку пролевање крв??? Смешно размислување.

Смешно само за оној кој не ја познава историјата на Јудеја и Исраел под Римска власт и окупација и кој не знае за сите бунтови и востаниа кои ги кревале против Рим многу помалобројните евреи и многу послабо вооружени и многу послабо организирани и многу послабо обучени. Мене не ми е смешно.
Јас сум начитан

Исус не запишал ништо Не оставил никаква трага со своја рака. Се за него пишале други кои и не го виделе и не го слушнале. Запишувале легенди со векови по Исус а други пак ги компилирале, крателе, уредувале и додавале со векови по нив. Како за крале Марко. Јавал шарец на кој му давал да пие вино се борел со вили и оставал траги на земјата каде чекорел а боздоганот го фрлал до облаците и десеткувал турски армии и паши. А тој кутриот бил турски вазал (слуга) и со своите војници се борел на страна на турската војска против други христијани. Легенди и митови. Има една работа која оди контра сето христијанство. Тоа е Историја. Она досадна неумолива ситничава историја која запнала да запиши и документова се и сешто. И со чии податоци не се слагаат евангелијата. А тоа ни дава до знаење дека не ги пишеле никакви очевидци ниту некои кои го познавале Исуса или Јудеја или Галилеја или Еврејските закони и празници или Римските закони празници и обичаи. Како сега да споредиш историја и географија со книгите на Толкин и да бараш доказ дека постоел Мордор или дветре кули и Хобити.
Христијанството она првото не се разликувало од јудаизмот. И во првите 3 века тоа не било различно од јудаизмот. Си ја поштувале саботата си се обрежувале си ги пазеле празниците и заповедите старозаветни. Дури во 4 век од сабота се премина на недела (демек така Исус наредил иако 300 години по него никој тоа не го знаел) па почна да с слави неговиот роденден, (на ист ден како и празникот на паганскиот бог на сонцето, на Митра и на Озирис) па одеднаш се најде и гробот (пошто сите други пагански религии си имаа свои гробови на свои богови... христијанството стана дел од државниот апарат и ја жртвоваше својата вера ради државни и полииќки интереси.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Столар??
Не би рекол. Исус бил МАЈСТОР. Така седи во оригиналите
А тоа СТОЛАР е накнадно уфрлено или како грешен превод или тенденциозно (како и мнооогуте други текстови). А МАЈСТОР не е само столар. Исус бил потомок на Давид и со тоа законит престолонаследник и крал на Израел по своите претци тоа ни го кажуаат самите евангелија. Како крал на Исраел него уште кога се роди дојдоа да го поздрават тројцата пастири (мудреци) како крал на Исраел тој влезе во Ерусалем јавнат на магаре, Захарија му вели ти си крал на Исраел, Евреите го обвинуваат дека се преставува како крал на Исраел и Римјаните го распнуваат како крал на исраел..... малку ли е тоа??

Смешно само за оној кој не ја познава историјата на Јудеја и Исраел под Римска власт и окупација и кој не знае за сите бунтови и востаниа кои ги кревале против Рим многу помалобројните евреи и многу послабо вооружени и многу послабо организирани и многу послабо обучени. Мене не ми е смешно.
Јас сум начитан

Исус не запишал ништо Не оставил никаква трага со своја рака. Се за него пишале други кои и не го виделе и не го слушнале. Запишувале легенди со векови по Исус а други пак ги компилирале, крателе, уредувале и додавале со векови по нив. Како за крале Марко. Јавал шарец на кој му давал да пие вино се борел со вили и оставал траги на земјата каде чекорел а боздоганот го фрлал до облаците и десеткувал турски армии и паши. А тој кутриот бил турски вазал (слуга) и со своите војници се борел на страна на турската војска против други христијани. Легенди и митови. Има една работа која оди контра сето христијанство. Тоа е Историја. Она досадна неумолива ситничава историја која запнала да запиши и документова се и сешто. И со чии податоци не се слагаат евангелијата. А тоа ни дава до знаење дека не ги пишеле никакви очевидци ниту некои кои го познавале Исуса или Јудеја или Галилеја или Еврејските закони и празници или Римските закони празници и обичаи. Како сега да споредиш историја и географија со книгите на Толкин и да бараш доказ дека постоел Мордор или дветре кули и Хобити.
Христијанството она првото не се разликувало од јудаизмот. И во првите 3 века тоа не било различно од јудаизмот. Си ја поштувале саботата си се обрежувале си ги пазеле празниците и заповедите старозаветни. Дури во 4 век од сабота се премина на недела (демек така Исус наредил иако 300 години по него никој тоа не го знаел) па почна да с слави неговиот роденден, (на ист ден како и празникот на паганскиот бог на сонцето, на Митра и на Озирис) па одеднаш се најде и гробот (пошто сите други пагански религии си имаа свои гробови на свои богови... христијанството стана дел од државниот апарат и ја жртвоваше својата вера ради државни и полииќки интереси.
Гледам дека си начитан и затоа внимателно ги читам сите твои постови. Но настрана политиката, овде зборуваме пред се за Исуса како духовно суштество, а не за земната власт. Сите угнетени народи кревале востанија против својот угнетувач и најчесто биле крваво задушувани, но дали и Исус повикувал на тоа, и од каде ти заклучуваш дека Исус бил желен за земна власт - според кое психолошко разобличување што се содржи во евангелијата?
П.С. Исус сигурно дека бил Мајстор, а не само обичен Столар, тука се согласувам.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Гледам дека си начитан и затоа внимателно ги читам сите твои постови. Но настрана политиката, овде зборуваме пред се за Исуса како духовно суштество, а не за земната власт. Сите угнетени народи кревале востанија против својот угнетувач и најчесто биле крваво задушувани, но дали и Исус повикувал на тоа, и од каде ти заклучуваш дека Исус бил желен за земна власт - според кое психолошко разобличување што се содржи во евангелијата?
П.С. Исус сигурно дека бил Мајстор, а не само обичен Столар, тука се согласувам.
Исус можеби не бил желен за земна власт, но тоа беше неговата судбина и предодреденост. Исус бил по татко му јосиф наследник на кралската лоза на Давид, во него течела кралска крв и тој не одбрал да биди крал на Израел, тој се родил како таков.
Читајќи ги евангелијата треба да ти биди јасно дека тие се пишувани тенденциозно да пренесат некоја порака и да го скријат или прикријат сето она што може да и наштети. Па дури и ако треба со лаги и извитоперувања на вистината, вистинските зборови или настани или како вели Клемнт Александриски кога зборува за сектата на карпократовците “Па дури кога и тие (карпократовците) би ја рекле вистината, оној кој ја љуби вистината не би смеел дури ни тогаш со нив да се сложи“ и вели понатаму “се што е вистина не е да му се кажува на сите луѓе“ Тој бара од свештенството да дури и под заклетва одбијат да признаат за еден дел од евангелието по Марко кое исфрлено на соборот како неподобно за христијанството.
Читајќи ги евангелијата го осознаваш тој свет во тоа време онака како сакаат да го прикажат луѓе смртници кои во 4 ти век ја составувале библијата и решавале што и како да влези во новиот завет а што да се уништи и спали. многу евангелија беа исфрлени, оние кои останаа беа преправани, наново пишувани многу посланија, писма, откровенија и други дела беа испуштени. Но ако седнеш и напоредно со евангелијата ја читаш и проучуваш историјата, хрониките на старите писатели, патеписите, расправите, географијата, законите, ќе ти се отворат двете очи и подобро ќе го сфатиш светот и времето кога настана и зошто настана христијанството.
Еве ти за вежба една реченица од Исуса, кај Матеј “Подајте го царевото на царот а Божјето на Бога“ која не е баш така во оригинал “ Reddite ergo quae sunt Caesaris, Caesari: et quae sunt Dei, Deo“ значи правилно е “Вратете му царевото на царот а на бога божјето“ што има и те каква разлика. Значи еве како ти ги осеќаш како момче од 21 век овие зборови кои се изречени пред 2000 години, во друго царство во други традициски, верски политички економски услови.
 
Колку што знам јас фарисеите го прашале Исуса дали треба Евреите да му плаќаат данок на Тибериј - за да го наведат да каже нешто погрешно пред Римјаните и толпата, па да можат да го обвинат за бунт против Рим. Но Исус им побарал монета а откако на неа го видел царот им го рекол баш тоа: “Вратете му царевото на царот а на бога божјето“. Каква е разликата на тоа со: “Подајте го царевото на царот а Божјето на Бога“ ???
Инаку јас лично во овие зборови на Исуса гледам 1000 добиени битки против Римската Империја само со една реченица. Гледам идеолошка еврејска победа.
 
debi7777

Night games. One night, no worries
Член од
12 септември 2009
Мислења
411
Поени од реакции
8
... законите, ќе ти се отворат двете очи и подобро ќе го сфатиш светот и времето кога настана и зошто настана христијанството...
Te molam dali mozes da objasnis spored tebe, zosto? - boldiranoto.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Инаку јас лично во овие зборови на Исуса гледам 1000 добиени битки против Римската Империја само со една реченица. Гледам идеолошка еврејска победа.
Тоа значеше во тоа време, со тие зборови “Протерајте ги римјаните од Израел, изгонете ги од Ерусалем, ослободете го Израел од окупација“
Кога евангелијата влегоа во 4ти век во званична употреба во црквата, Евреите беа со закон веќе одамна иселени и протерани од родната земја, Ерусалем беше римски град веќе помина скоро век ипол од последните казнувања со распнување, веќе ни Рим не беше тоа што беше пред 300 години, а и оние кои ги читаа тие зборови не беа Евреи ниту живееа во ти услови да ја сфатат пораката.
Кога се читаат евангелијата се има впечаток дека и не беше толку лош животот под римска окупација во Јудеја. Дури и некако природно се гледа на една таква држава. Но историската реалност е поинаква. Оптоварени со огромни даноци, со оскрнавени светилишта и под јарм на рим, евреите неппрстано беа во судир с нив. Се распнуваше масовно, луѓето вршеа самоубиства поради тешкиот живот, непрестано се водеше прикриена или отворена борба пртив римските окупатори, востанија и бунтови кои некогаш ја зафаќаа и цела територија. Нацијата беше во хистерија очекувајќи појава на месија кој “ќе му го врати божјето на бога“ Тоа ти што и го сфатил од ова порака и што го сфаќаат поголемиот број е сфаќање на човек од 21 век кој на столица чита библија уз парно и полн стомак и доста слободно време. Затоа треба да го сфатиш времето во кој настана писмото за да ја сфатиш и пораката во неа.
 
Ne znam zosto nekoga si tolku neseriozen, sto covek da se isfrustrira i da ne mu se razgovara so tebe... :) Sega od ovie nekolku posta zakluciv deka navistina si licnost koj istrazuva i razmisluva dobro, koj ja bara vistinata... Osobeno za boldiranoto, ti davam raka. :bravo:
Tokmu toa i se pravi koga nekoj studira teologija ili temelno ja izucuva iblijata...izucuva istorija, gi proucuva obicaite na narodot od vremeto koga se pisuvani tekstovite, i sto znacele tie zborovi za togasniot citatetel togas, zasto navistina drugo e znacenjeto togas, a drugo mozeme da razbereme sega... Koga ke gi znaes site tie raboti ke vidis deka mnogu raboti mozes pogresno da razberes, ziveejki vo ova opstestvo. Vo pravo si, iako konkretno za izdeleniot stih ne se soglasuvam, deka ima politicka osnova. :smir:
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Тоа значеше во тоа време, со тие зборови “Протерајте ги римјаните од Израел, изгонете ги од Ерусалем, ослободете го Израел од окупација“
Ако тоа Исус го кажал, то ест повикувал на бунт со тие зборови а не како што велат евангелијата, тогаш само со таа изјава самиот тој би се прикажал ист како и сите други бунтовници полни гнев и полни омраза кон посилниот, кои ги има купишта примери низ историјата и сите имат слична судба. Тогаш Историјата може и немаше да запамети судење или распетие, туку само еден минорен крваво задушен бунт на чело со наводниот престолонаследник Исус. Но зошто Исус сепак на крајот го победи Рим и де-јуре стана Бог признаен од врховната власт на истата држава која го погуби? Зарем затоа што ослепен од омраза повикуваше на бунт против римските легии?
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Не ми е јасно, според Христијанството мојата мајка е и моја сестра?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Ако тоа Исус го кажал, то ест повикувал на бунт со тие зборови а не како што велат евангелијата, тогаш само со таа изјава самиот тој би се прикажал ист како и сите други бунтовници полни гнев и полни омраза кон посилниот, кои ги има купишта примери низ историјата и сите имат слична судба. Тогаш Историјата може и немаше да запамети судење или распетие, туку само еден минорен крваво задушен бунт на чело со наводниот престолонаследник Исус. Но зошто Исус сепак на крајот го победи Рим и де-јуре стана Бог признаен од врховната власт на истата држава која го погуби? Зарем затоа што ослепен од омраза повикуваше на бунт против римските легии?
исус беше осуден на смрт од страна на рим и погубен. Исто како што низ историјата беа осудувани и погубувани “и сите други бунтовници полни гнев и полни омраза кон посилниот, кои ги има купишта примери низ историјата и сите имат слична судба“ Исус бил осуден и распнат како неприател на рим , како крал на Израел заедно со уште двајца бунтовници. Така кажуваат евангелијата. По 400 години Рим не беше истиот, не беше иста ни власта ни политиката а и Исус тогаш од бунтовен крал и неприател го претворија во мирољубив доброчинител.
 
Ама зошто баш Исуса го прифатија за свој Господ? Зошто не им стана Бог Спартак, или Корнелије Сула, или Гај Мариј, или не знам Клеопатра, Нерон, Ханибал, Александар Македонски??? Најпосле шо му фалеше на нивниот Јупитер па римските богаташи почнаа да му се поклонуваат на некој си еврејски бунтовник кој го погубиле пред 3 века? Како стасаа дотука работите?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
евреите напраиле некоја превара :)
и Хитлер е замешан :tv:
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Ама зошто баш Исуса го прифатија за свој Господ? Зошто не им стана Бог Спартак, или Корнелије Сула, или Гај Мариј, или не знам Клеопатра, Нерон, Ханибал, Александар Македонски??? Најпосле шо му фалеше на нивниот Јупитер па римските богаташи почнаа да му се поклонуваат на некој си еврејски бунтовник кој го погубиле пред 3 века? Како стасаа дотука работите?
Власта го наметнала христијанството откако увидела дека на тој начин може да ја контролира рајата. Јака философија:kesa:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom