Иам така едно бааги прашања за верниците (кои ги толкувам како слепи заљубеници во парче хартија, а не во Бог лично), да ми ги одговорат следните прашања:
1) Според Библијата Исус не ги покажувал своите надземни сили кога го распнувале, кога го малтретирале и на крајот кога го заковија на две дрвени греди. Секаде пишува дека „Светот се спасува преку него“. Со што? Со тоа што ќе
се дозволи да се убие? Со други зборови : Ви праќам заморче, истепајте го, прободете го, уживајте во мазохизмот и тој ќе Ви ги спаси гревовите преку својата големина. Убивството на човек е грев, во случајов, гревот раѓа спасение?!
2) Како може да се верува во нешто што е испишано од човек, одберено (сортирано од човек) како нешто што е свето? Мислам на Библијата. Значи од 100 година од н.е до некаде 800 година од н.е Библијата е екстремно многу променета, имало Вселенски собори, се одбирале „правилните евангелија“, се отфрлале другите (а од каде ЧОВЕК може да знае што сака БОГ да пренеси на останатите), па така имало расколи и „еретици“ кај Христијанството. Да не зборувам за 400 страни кои фалат од Библијата каде Исус проповедал против РИМ, што е добро архивирано и познат факт за Црквата.
Значи уште еднаш: Како можеме да величиме нешто БОЖЕНСТВЕНО, кога е напишано од ЧОВЕК? Ако има антички камени плочи, напишани од прстот на Бога (Мојсеј?) и имаме огромен број на сведоци како БОГ (А не некој измамник кој имал фетиш да лажи луѓе дека е човек на Бога) ги пишува тие зборови, тогаш ОК, нема тука што и безрезервно треба да се потчиниме на тие зборови.
3) Една работа никогаш не ми е јасна според Догмата. Ако човечкиот род е оставен на милост и немилост на Сатаната (уште од времето на Адам и Ева), каде тука Бог ја покажува својата милост кон човека? Каде е таа љубов? Постои, но како е прикажана? Да страдаме?! Да имаме личности како Хитлер, Садам Хусеин, и ред други од тој калибар да прават масакар врз жени и деца (нели под инфлуенција на Сатаната). Да одиме подалеку, според
папата Лео 13 на 13 Октомври 1884 година, го наслушал договорот помеѓу Исус и Сатаната за предавање на 20-тиот век на Сатаната.
Повеќе за тоа
МИСТИЧНАТА ЕКСТАЗА НА ПАПАТА ЛЕО 13
Според ова, што значи не е некој Yellow paper, туку официјален став на Ватикан, ИСУС го предаде 20-тиот век на Сатаната да прави со тој век што сака?
Како тогаш, ќе покажеме дека сите тие луѓе што биле под инфлуенца на Сатаната се виновни, кога однапред се осудени на пропаст?!
Има една интересна теорија во филмот Constantine, каде што ангелите и демоните неможат да се мешат и да дејствуваат физички врз човекот, туку со шепнување на увото ве прават да извршувате одредени работи (цртаните филмови тоа го има нели на рамено кога ќе застанат ангелчето и ѓаолчето).
Нашата осуда е ако ја слушаме Сатаната. Неможам да ја сфатам љубовта на Бога, ако однапред сме осудени на пропаст?
Имам уште многу прашања, но еве да почнеме од овие
P.S Јас сум верник, но сум верник во Бога, но не во Црквата како градба што ја ЧОВЕКОТ ја осветува кој врши блудничење на мали деца!