Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Од каде тоа дека Бог повикува на убиства?
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=3047759&postcount=2090

Има многу, каде бог заповеда да се убијат оние кои работаат во сабота да се убиат хомосексуалци, да се убијат за гревовите своји, да се погубат цели народи, мажи , жени деца, да се убијат идолопоклоници, деца кои не почитуваат родители.....
Читај ја библијата.
без прескокнување
 
K

kat.<3

Гостин
Треба многу повеќе за да можеш да го разбереш Божјиот збор..не можеш да го сфаќаш ова буквално, но како поука. Треба да имаш волја за да го учиш Божјиот збор, а не само обврска да прочиташ неколку страници дневно.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Треба многу повеќе за да можеш да го разбереш Божјиот збор..не можеш да го сфаќаш ова буквално, но како поука. Треба да имаш волја за да го учиш Божјиот збор, а не само обврска да прочиташ неколку страници дневно.
На таа финта “не е така ко што е запишано“ и “Бог не мислел озбилно то што го кажал“ сатаната сака што повеќе луѓе да одврати од божијот пат.
Рајот не е место кое по страшниот суд ќе биде пренатрупано и полно со оние кои “само го љубев ближниот и доста е“ туку ќе биде место каде ретките го поминале својот овоземски живот дословно следејќи го секој збор на Бог. Мислиш дека Бог во сета своја сила и величенственост џаба кажувал стотици страни на прописи заповеди закони? дека тоа на шала или полуозбилно така... од мајтап?? се зезал??
Па да сега човекот на кој му е мака и мрза да ги исполни сите одмавне со раката и рече “А бе остај то не важи појќе...“
 
K

kat.<3

Гостин
Не ги менувај моите зборови. А ти мислиш ли дека добро е некој да се ожени со мајка и со ќерка и да живее со тоа? каде си слушнал за нешто вакво? Или некој да живее со животно, едноставно не е тоа законот на животот, на нас луѓето. На луѓето им требаат другите луѓе за да живеат, поради ова се разликуваат од животните.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Од каде тоа дека Бог повикува на убиства? Мислам дека треба добро да ја прочиташ Библијата пред да прашаш вакво прашање.
Па Бог и го нуди тоа..спас и покајание. Никаде во светото писмо не стои ова што го кажуваш.
Кога Библијата ќе стане твој начин на живот и се што е напишано во нејзе тогаш ќе разбереш. И докторот не станал доктор зашто еден ден рекол, "јас сакам да бидам доктор", и веќе бил тоа следното утро. морал со години да учи за да стане доктор во кој ти ќе имаш доверба за да се грижи за твојата здравствена ситуација.
Исто и со луѓето, мораме да го читаме Светото Писмо, да стане дел од нашиот живот, начинот на кој живееме за да знаеме што е праведно и како да постапуваме, да знаеме кој е Исус и зашто умрел за нашите гревови..
не ја следиш дискусијата само бладаш ...
го виде ли извадокот каде бог вели Убиј ги .. ?

Не ги менувај моите зборови. А ти мислиш ли дека добро е некој да се ожени со мајка и со ќерка и да живее со тоа? каде си слушнал за нешто вакво? Или некој да живее со животно, едноставно не е тоа законот на животот, на нас луѓето. На луѓето им требаат другите луѓе за да живеат, поради ова се разликуваат од животните.
па оти не е добро Бог вели Убиј ги ...
не вели Прости им ...
не вели Дај им шанса да се покајат ..
не вели Остај ги Јас ќе им судам ..
итн ...

ВЕЛИ УБИЈ ги ....
како треба да се разбере ова?
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Иам така едно бааги прашања за верниците (кои ги толкувам како слепи заљубеници во парче хартија, а не во Бог лично), да ми ги одговорат следните прашања:

1) Според Библијата Исус не ги покажувал своите надземни сили кога го распнувале, кога го малтретирале и на крајот кога го заковија на две дрвени греди. Секаде пишува дека „Светот се спасува преку него“. Со што? Со тоа што ќе
се дозволи да се убие? Со други зборови : Ви праќам заморче, истепајте го, прободете го, уживајте во мазохизмот и тој ќе Ви ги спаси гревовите преку својата големина. Убивството на човек е грев, во случајов, гревот раѓа спасение?!

2) Како може да се верува во нешто што е испишано од човек, одберено (сортирано од човек) како нешто што е свето? Мислам на Библијата. Значи од 100 година од н.е до некаде 800 година од н.е Библијата е екстремно многу променета, имало Вселенски собори, се одбирале „правилните евангелија“, се отфрлале другите (а од каде ЧОВЕК може да знае што сака БОГ да пренеси на останатите), па така имало расколи и „еретици“ кај Христијанството. Да не зборувам за 400 страни кои фалат од Библијата каде Исус проповедал против РИМ, што е добро архивирано и познат факт за Црквата.

Значи уште еднаш: Како можеме да величиме нешто БОЖЕНСТВЕНО, кога е напишано од ЧОВЕК? Ако има антички камени плочи, напишани од прстот на Бога (Мојсеј?) и имаме огромен број на сведоци како БОГ (А не некој измамник кој имал фетиш да лажи луѓе дека е човек на Бога) ги пишува тие зборови, тогаш ОК, нема тука што и безрезервно треба да се потчиниме на тие зборови.

3) Една работа никогаш не ми е јасна според Догмата. Ако човечкиот род е оставен на милост и немилост на Сатаната (уште од времето на Адам и Ева), каде тука Бог ја покажува својата милост кон човека? Каде е таа љубов? Постои, но како е прикажана? Да страдаме?! Да имаме личности како Хитлер, Садам Хусеин, и ред други од тој калибар да прават масакар врз жени и деца (нели под инфлуенција на Сатаната). Да одиме подалеку, според папата Лео 13 на 13 Октомври 1884 година, го наслушал договорот помеѓу Исус и Сатаната за предавање на 20-тиот век на Сатаната.

Повеќе за тоа МИСТИЧНАТА ЕКСТАЗА НА ПАПАТА ЛЕО 13

Според ова, што значи не е некој Yellow paper, туку официјален став на Ватикан, ИСУС го предаде 20-тиот век на Сатаната да прави со тој век што сака?

Како тогаш, ќе покажеме дека сите тие луѓе што биле под инфлуенца на Сатаната се виновни, кога однапред се осудени на пропаст?!

Има една интересна теорија во филмот Constantine, каде што ангелите и демоните неможат да се мешат и да дејствуваат физички врз човекот, туку со шепнување на увото ве прават да извршувате одредени работи (цртаните филмови тоа го има нели на рамено кога ќе застанат ангелчето и ѓаолчето).

Нашата осуда е ако ја слушаме Сатаната. Неможам да ја сфатам љубовта на Бога, ако однапред сме осудени на пропаст?

Имам уште многу прашања, но еве да почнеме од овие

P.S Јас сум верник, но сум верник во Бога, но не во Црквата како градба што ја ЧОВЕКОТ ја осветува кој врши блудничење на мали деца!

А да одговореше некој/а на овие прашања?
 
K

kat.<3

Гостин
Те молам, името на Бог е за љубов и за милост..не за убивање. Но кога срцето на некои им е камен, и не прима.. жалосно

па оти не е добро Бог вели Убиј ги ...
Кој, ти ли да ги убиеш? Од каде тоа право да судиш, Бог е оној кој го има судот и правдата во Неговите раце, не луѓето..
Потребна е волја за да го разбереш Светото Писмо. Ако ти знаеш дека Бог е Бог на љубов и милост.. и дека се добро доаѓа од Него, не би зборувал вака. И на најлошиот криминалец Бог би му простил ако искрено се покае, и живее во праведност, и го насочи неговиот пат кон она што е праведно.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Те молам, името на Бог е за љубов и за милост..не за убивање. Но кога срцето на некои им е камен, и не прима.. жалосно

Кој, ти ли да ги убиеш? Од каде тоа право да судиш, Бог е оној кој го има судот и правдата во Неговите раце, не луѓето..
Потребна е волја за да го разбереш Светото Писмо.

де просветли ме одвај чекам :vozbud:

да ги убиете и жената и животното - ова ме интересира да ми објасниш шо значи ?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Не ги менувај моите зборови. А ти мислиш ли дека добро е некој да се ожени со мајка и со ќерка и да живее со тоа? каде си слушнал за нешто вакво? Или некој да живее со животно, едноставно не е тоа законот на животот, на нас луѓето. На луѓето им требаат другите луѓе за да живеат, поради ова се разликуваат од животните.
Девојче, добриот Бог до сега убил милони и милијарди, со глад, болест, војна, поплави земјотреси, срамнувал цели градови пустошел цели региони, умирале од негова рака мали деца, мажи жени старци...... наредувал д се убива не само за односи со животни тоа е само еден пример, бог вели да се убие секој кој му се клања на идол, кој не почитува мајка и татко, хомосексуалец, убиец, прељубници, силувачи, инцести.... смрт смрт смрт бара бог за нив. Должност на верник е да ги убие нив.
 
K

kat.<3

Гостин
Зборовите се однесуваат на тоа дека е ова најголем грев и ова се најгадните дела што човекот може да ги направи. Бог ги сака праведниците, и ако ова го правеле луѓето би биле најгаден пример за народот.
Прочитај до крај, "Тие гревот свој ќе го носат врз себе. Сите овие дела се закони незнабошците, затоа што тие сето тоа го правеа и вели понатаму "и ви реков; вие ќе ја наследите земјата нивна и ќе ви ја дадам во владение земјата, каде што тече мед и млеко. Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве оддели од сите народи". Значи, Бог поради неговата љубов кон нас не одделува од сето ова, Бог не го сака ѓаволот и не ги сака неговите дела.
Не учи да правиме разлика меѓу чист и нечист добиток, и да не ги осквернуваме нашите души со добиток и со птици и се она што го одвојува како нечисто.
"Ќе ми бидете свети, затоа што сум јас, Господ вашиот Бог, свет, Кој ве одделив од сите народи за да бидете мои."
Е сега ако ова не го разбираш...
 
добро не ми кажа „Убиј ги“ како го разбираш ....или не го разбираш?
 
K

kat.<3

Гостин
Не гледаш ли дека зборува за животот пред нас, пред ние да дојдеме на земјава? Го причита ли целото поглавје? Ти цитирав "Тие гревот свој ќе го носат врз себе. Сите овие дела се закони на незнабошците, затоа што тие сето тоа го правеа и вели понатаму "и ви реков; вие ќе ја наследите земјата нивна и ќе ви ја дадам во владение земјата, каде што тече мед и млеко. Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве оддели од сите народи".

Треба ли да бидеш благодарен на Исус што умрел за твоите гревови, што направил убава земја во која да живееш? Бог не го сака ништо од ова што се случува денес на земјава, сите гадни нешта кои луѓето ги прават, тие се одвратни на Бог. Бог сака да бидеме чисти, да сакаме со љубовта со која Он не сака нас, безуслновната љубов со која Исус не сакаше за да умре за нашите гревови. Јас одговорив доволно јасно за секој разумен да разбере.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Зборовите се однесуваат на тоа дека е ова најголем грев и ова се најгадните дела што човекот може да ги направи. Бог ги сака праведниците, и ако ова го правеле луѓето би биле најгаден пример за народот.
Прочитај до крај, "Тие гревот свој ќе го носат врз себе. Сите овие дела се закони незнабошците, затоа што тие сето тоа го правеа и вели понатаму "и ви реков; вие ќе ја наследите земјата нивна и ќе ви ја дадам во владение земјата, каде што тече мед и млеко. Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве оддели од сите народи". Значи, Бог поради неговата љубов кон нас не одделува од сето ова, Бог не го сака ѓаволот и не ги сака неговите дела.
Не учи да правиме разлика меѓу чист и нечист добиток, и да не ги осквернуваме нашите души со добиток и со птици и се она што го одвојува како нечисто.
"Ќе ми бидете свети, затоа што сум јас, Господ вашиот Бог, свет, Кој ве одделив од сите народи за да бидете мои."
Е сега ако ова не го разбираш...
Kat, абе за Евреите збори, не за тебе.

И мислам дека проблемот не е што он вика сакај, љуби, проштевај... никој овдека не вика дека овие три не се ОК. Проблемот е што, меѓу другото, во библијата господ вика и убиј, запали, заколи и сл. Експлицитно. За тоа се мрчи.

Ако си стварно верник, не можеш да замижеш пред експлицитните наредби на господ, нели?
 
K

kat.<3

Гостин
Како што кажа marcus, кој живее според законот според законот ќе му се суди. А луѓето немаат никакво право да убиваат.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Како што кажа marcus, кој живее според законот според законот ќе му се суди. А луѓето немаат никакво право да убиваат.
Но Бог вели „Убиј ги“ ... упорно избегнувате да одговорите ...
ај ќе го почекам Маркус до утре .. вероватно ќе се консултира околу прашањето ...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom