Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Ова е Стариот завет....Левитските закони кои денес со жртвата на Исус се obsolete...Затоа и се вели кои живее според законот ќе му се суди според истиот...
Значи делови од старито закон не се важни повеќе ? А што станува со цитатот на Исус што цело време го пастира Лет дека Исус не дошол да смени ниту една буква од старите закони...
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
имам една библија ми ја подарија со посвета едни протестанти или адвентисти не сум сигурен ... им го поправав компјутерот и им кажав дека не сум по тие работи .. па демек еве ти библија да не ти затреба некогаш ... баш да видам шо пиошува
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Значи делови од старито закон не се важни повеќе ? А што станува со цитатот на Исус што цело време го пастира Лет дека Исус не дошол да смени ниту една буква од старите закони...
:) Значи дека Исус дошол да го исполни Законот..Не да го промени..а како уште не бил распнат и не воскреснал се однесува на Јудејците кои во тоа време живееле според Законот..По Воскресението се е поинаку што се однеусва до Законот..
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
:) Значи дека Исус дошол да го исполни Законот..Не да го промени..а како уште не бил распнат и не воскреснал се однесува на Јудејците кои во тоа време живееле според Законот..По Воскресението се е поинаку што се однеусва до Законот..
Епа пастирај некоја изјава од Исус кај што вика дека се смениле неговите очекувања за законите после неговото распнување.

Затоа што во Библијата убаво си пишува дека Исус е како извршител од ЕВН. Дојден да ги спроведува законите.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Епа пастирај некоја изјава од Исус кај што вика дека се смениле неговите очекувања за законите после неговото распнување.

Затоа што во Библијата убаво си пишува дека Исус е како извршител од ЕВН. Дојден да ги спроведува законите.
Галатјаните...
Така и ние, додека бевме малолетни, бевме заробени под првобитните учења на светот; 4 а кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, роден од жена, роден под Законот,
5 за да ги откупи оние, кои беа под Законот, за да го примиме посинувањето.
6 А бидејќи сте синови, Бог Го испрати во вашите срца: Духот на Својот Син, Кој вика: „Ава, Татко!”
7 Затоа не си повеќе роб, туку син; а ако си син, тогаш си и наследник на Бога преку Христа.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
ништо од библијата неможам да ја најдам ..
него Маркус не ми кажа ... што ако убијам некоја жена која сум ја фанал на дело со животно ... дали како голем верник имам право на тоа?
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
ништо од библијата неможам да ја најдам ..
него Маркус не ми кажа ... што ако убијам некоја жена која сум ја фанал на дело со животно ... дали како голем верник имам право на тоа?
Не..веќе објаснив кој живее според Законот ќе му се суди така..
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Тогаш ..
Зошто бог повикува на Убиства?
Зар не е секој на земјава негово чедо ...
во момент на искушение или било како некое негово чедо прави грев ... нели е подобро да нуди спас и покајание одколку да каже Убите го?
стварно не ми е јасно ...

Едит:

Маркус ти не беше православен мислам ... имам заборавено знам дека имаш кажано .. може да ме потсетиш?
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
И што сега уствари ? Што од стариот а што од новиот е неважечко.

и каде во цитатот погоре пишува дека исус ги укинува старите закони ? И ако ги укинува старите закони, дали се укинати и 10-те заповеди.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Стрпете се до утре за одговорите..ако во меѓувреме не ви одговори некој друг..јас се одјавувам :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Ова е Стариот завет....Левитските закони кои денес со жртвата на Исус се obsolete...Затоа и се вели кои живее според законот ќе му се суди според истиот...
Исус самиот рече дека :

Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно

Матеја 5

Тој не предупреди дека

1. Тој (Исус) не е дојден да го поништи законот

2. Додека постои небото и земјата (а тие се уште постојат) нема да се смени ниту јота (буква) од старите закони

3. Додека се не се исполни нема да се измени ни една јота (буква) од старите закони. За да се исполни се, треба да дојде до повторното враќање на Исус и судењето на живите и мртвите. На тоа судење (како што убаво го опиша Јован во својата Апокалипса) ќе биде отворен ковчегот на заветот значи старозаветните закони.

4, Исус убаво и јасно не предупреди да никој не се осмели да измени ни најмала заповед. Значи сите старозаветни заповеди прописи си важат се додека постојат и небото и земјата и се додека се не се исполни.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Епа пастирај некоја изјава од Исус кај што вика дека се смениле неговите очекувања за законите после неговото распнување.
"сте чуле дека било речено ____, а јас пак ви велам _____" (Исус Христос во ев. Матеј 5)

"И Му рекоа: „Зошто тогаш Мојсеј заповеда да и се даде разводно писмо на жената и да се остави?” Им рече: „Заради вашето закоравено срце, Мојсеј ви дозволи да ги оставате вашите жени, но во почетокот не беше така. Туку ви велам: „Кој ќе ја остави својата жена - освен за прељубодејство - и се ожени за друга, прави прељуба; и кој ќе се ожени со напуштена, прави прељуба" (Исус Христос во ев. Матеј 19:7-9)
(Според Мојсеевиот завет на евреите им било дозволено разведување, според Христовиот не)

" Исус и рече: „Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим. Вие не знаете на што му се поклонувате; ние знаеме на што му се поклонуваме, зашто Спасението доаѓа од Јудејците. Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници." (Исус Христос во ев. Јован 4:21-23)
(Еврите иделе на поклонение во Ерусалим. Исус вели дека веќе нема таму да се поклонуваат, туку дека сега независно од местото ќе се поклонуваат во дух и вистина)

"А Исус им одговори и рече: „Разурнете го овој Храм, и ќе го подигнам за три дни! Тогаш Јудејците рекоа: „Храмов е граден четириесет и шест години, а Ти за три дни ли ќе го подигнеш?” Но Тој зборуваше за Храмот на Своето тело. "
(Исус Христос во ев. Јован 2:19)
(Исус не го обнови старозаветниот Соломонов храм, туку духовниот храм во христијаните чии тела се храм на Светиот Дух)

Исус убаво и јасно не предупреди да никој не се осмели да измени ни најмала заповед. Значи сите старозаветни заповеди прописи си важат се додека постојат и небото и земјата и се додека се не се исполни.
Точно така, сите старозаветни закони, прописи и регулативи сеуште си важат и ќе важат се додека постојат небото и земјата, но тие си важат во рамките на стариот завет т.е. на оној кој сеуште се води под стариот завет (пакт, договор) со Бог.
Додека пак за оние кои преминале во новиот завет (пакт, договор) со Бог, тие (законите на заветот) не важат.

Јас порано бев на космофон, а сега сум на Т Мобил. Порано бев под законите, обврските, привилегиите и должностите на Космофон, но бидејќи преминав во Т Мобил, сега веќе јас не подлежам под законите, обврските, привилегиите и должностите на Космофон, туку под законите, обврските, привилегиите и должностите на Т Мобил.
Од ова појасно здравје.
 
Зборевме за гејовите.

Значи Стариот Завет не важи, 10 Божји заповеди во стариот завет не важат... зошто тогаш се изучува Стариот Завет во црквите и се цитира кога тој не важи ?

Едит: И каде тоа пишува дека Стариот Завет важи за тие што се водат само според Стариот Завет ? Во зборовите на Исус не прави разлика пред него и после него. Каде точно се раскинува врската меѓу Господ и Стариот Завет.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
"
Точно така, сите старозаветни закони, прописи и регулативи сеуште си важат и ќе важат се додека постојат небото и земјата, но тие си важат во рамките на стариот завет т.е. на оној кој сеуште се води под стариот завет (пакт, договор) со Бог.
Додека пак за оние кои преминале во новиот завет (пакт, договор) со Бог, тие (законите на заветот) не важат.

Јас порано бев на космофон, а сега сум на Т Мобил. Порано бев под законите, обврските, привилегиите и должностите на Космофон, но бидејќи преминав во Т Мобил, сега веќе јас не подлежам под законите, обврските, привилегиите и должностите на Космофон, туку под законите, обврските, привилегиите и должностите на Т Мобил.
Од ова појасно здравје.
A ако преминиш во VIP нема да важи ни стариот ни новиот завет за тебе. Ќе можеш шо сакаш да правиш и никој ништо не ти може. Значи на муслиманите Исус нема шо да им суди оти тие си имаат “пакет“ кај друг оператор. Исто така и на паганите и на будистите ?? Секој бог си има свои корисници на кои им испраќа фактура. Не може да се случи да си во космофон а да ти стигни сметка од Т мобајл, не може да си верник на Кришна а да ти суди Исус?

жхехехехе како моцерно си ја сфаќате работата. “Јас си го одбрав другиот пакет не важат за мене старите прописи“

А Исус убаво... јасно... прецизно кажа. НИКОЈ да не се осмели да смени ни најмала од заповедите старозаветни, и пак и на тие така јасни зборови се обидувате да го изиграте.
 
K

kat.<3

Гостин
Тогаш ..
Зошто бог повикува на Убиства?
Зар не е секој на земјава негово чедо ...
во момент на искушение или било како некое негово чедо прави грев ... нели е подобро да нуди спас и покајание одколку да каже Убите го?
стварно не ми е јасно ...

Едит:

Маркус ти не беше православен мислам ... имам заборавено знам дека имаш кажано .. може да ме потсетиш?

Од каде тоа дека Бог повикува на убиства? Мислам дека треба добро да ја прочиташ Библијата пред да прашаш вакво прашање.
Па Бог и го нуди тоа..спас и покајание. Никаде во светото писмо не стои ова што го кажуваш.
Кога Библијата ќе стане твој начин на живот и се што е напишано во нејзе тогаш ќе разбереш. И докторот не станал доктор зашто еден ден рекол, "јас сакам да бидам доктор", и веќе бил тоа следното утро. морал со години да учи за да стане доктор во кој ти ќе имаш доверба за да се грижи за твојата здравствена ситуација.
Исто и со луѓето, мораме да го читаме Светото Писмо, да стане дел од нашиот живот, начинот на кој живееме за да знаеме што е праведно и како да постапуваме, да знаеме кој е Исус и зашто умрел за нашите гревови..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom