Епа пастирај некоја изјава од Исус кај што вика дека се смениле неговите очекувања за законите после неговото распнување.
"сте чуле дека било речено ____, а јас пак ви велам _____" (
Исус Христос во ев. Матеј 5)
"И Му рекоа: „Зошто тогаш Мојсеј заповеда да и се даде разводно писмо на жената и да се остави?” Им рече: „Заради вашето закоравено срце, Мојсеј ви дозволи да ги оставате вашите жени, но во почетокот не беше така. Туку ви велам: „Кој ќе ја остави својата жена - освен за прељубодејство - и се ожени за друга, прави прељуба; и кој ќе се ожени со напуштена, прави прељуба" (
Исус Христос во ев. Матеј 19:7-9)
(Според Мојсеевиот завет на евреите им било дозволено разведување, според Христовиот не)
" Исус и рече: „Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим. Вие не знаете на што му се поклонувате; ние знаеме на што му се поклонуваме, зашто Спасението доаѓа од Јудејците. Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници." (
Исус Христос во ев. Јован 4:21-23)
(Еврите иделе на поклонение во Ерусалим. Исус вели дека веќе нема таму да се поклонуваат, туку дека сега независно од местото ќе се поклонуваат во дух и вистина)
"А Исус им одговори и рече: „Разурнете го овој Храм, и ќе го подигнам за три дни! Тогаш Јудејците рекоа: „Храмов е граден четириесет и шест години, а Ти за три дни ли ќе го подигнеш?” Но Тој зборуваше за Храмот на Своето тело. "
(
Исус Христос во ев. Јован 2:19)
(Исус не го обнови старозаветниот Соломонов храм, туку духовниот храм во христијаните чии тела се храм на Светиот Дух)
Исус убаво и јасно не предупреди да никој не се осмели да измени ни најмала заповед. Значи сите старозаветни заповеди прописи си важат се додека постојат и небото и земјата и се додека се не се исполни.
Точно така, сите старозаветни закони, прописи и регулативи сеуште си важат и ќе важат се додека постојат небото и земјата, но тие си важат во рамките на стариот завет т.е. на оној кој сеуште се води под стариот завет (пакт, договор) со Бог.
Додека пак за оние кои преминале во новиот завет (пакт, договор) со Бог, тие (законите на заветот) не важат.
Јас порано бев на космофон, а сега сум на Т Мобил. Порано бев под законите, обврските, привилегиите и должностите на Космофон, но бидејќи преминав во Т Мобил, сега веќе јас не подлежам под законите, обврските, привилегиите и должностите на Космофон, туку под законите, обврските, привилегиите и должностите на Т Мобил.
Од ова појасно здравје.