Па ти самиот рече дека Библијата е вистинскиот верски извор.
Зошто Царот Константин не ги вклучува сите евангелија?
Зошто се чекало да се има некој собор па после да се одлучи кој да биде симбол на христијанството?
Што правиме со новите евангелија кои се пронајдени во Египет?
Ова го пишувам по којзане кој пат, ама ајде, барем на кратко, еве го пак:
1. Да, Библијата е изворот, несомнено.
2. Христос ни го остани Неговиот Нов Завет, така да Стариот е укинат (на Велики Чевтрок, на тајната вечера)
3. Новиот Завет, за разлика од Стариот, нема однапред зададени норми на однесување!
4. Во првите три века, кога римските владетели (Нерон, Домицијан, Диоклецијан, Марко Аврелиј и др.) легално ги гонеа раните рисјани и ги касапеа ради нивната вера, тие рани рисјани спасуваа гол живот во катакомбите и немаа време да ја оформат новозаветната црква, која ја зачна Христос Бог, преку Духот Свет.
5. Во времето токму од СветитоТ Цар Константин и мајка му Елена, рисјанството е легализирано како вера, рамноправна со тогаш сеуште посотечките пагански вери. Миланскиот едикт од 313 г од Царот ја озаконува новата вера а некоја година подоцна, и Царот го премстува своето владеење од Рим во Константинопол, идниот центар на т.н. Византија.
6. Тоа што Царот е иницијатор на првиот вселенски Собор во Никеја, 325 г., е само показател за односот на Царот кон Црквата, но и потврда на новозаветната блискост меѓу световната и духовната власт (види што му вели Исус на Понтиј Пилат!)
7. Од тоа време, раниот 4-ти век, Црката почнува помирно да живее, а тоа е можност за отпочнување на нејзинтото инстицутионално оформување, кое не завршува во 4-от, туку дури во 9-от век, со последнитот 7-ми/8-ми вселенски Собор, на кој се дооформени сите догмати и Симболот од верата од Црквата. Воедно, тоа послободно време, кога власта не ја гони Црквата, Црквата го користи за свое фоормување па од тоа време доаѓаат и иконите и свеќите и сите служби и молитви, кои православната Црква сеуште ги користи, како непроменети!
8. Црквата го живее Новиот Завет а тие искусвта според тоа живеење, забележани се во Светото Предание од Црквата, како еден вид трет дел од Писмото, т.е. продоложеток од Новиот Завет!.
Има уште да се кажува на темава, но се обидов накратко на го опишам она кое протестантите упорно го прескнуваат и негираат, па постојано се фаќаат за Писмото и велат дека во Писмото нема икони и свеќи и пеење и сл. нешта. Нормално дека нема, а напишав и зашто нема!