теоријата за тројството е интересна, затоа шо самите зборови од библијата ја негираат
„Еден е Бог„ ...
+ Исус често се обраќа кон ТАТКА СИ, што ако се „помножи„ со теоријата за тројството = шизофренија!
Ако си Еден, во форма на Свето Тројство, тогаш една од твоите појави ќе си прај муабет, ќе се моли и ќе се клања пред друга од твоите форми??? :roll:
многу пологично и поприфатливо објаснување е = беа повеќе од еден!
Има многу интересни места во библијата, посебно во „Genesis„
Ако Адам и Ева, си праеја работа, и после?
Беа Авел и Каин, некоаш после им се родија и сестри, си праеја значи работа со сестрите?
првиот инцест?
или, Битие, 4.13,14,15,16,17
13. А Каин му рече на Господа: >> Казната моја е толку голема, што не може да се носи.
14. Ете, денес ме истеруваш од лицето на земјата, и од лицето Твое ќе се кријам и ќе бидам изгнаник и скитник по земјата: значи, секој * што ќе ме сретне, ќе ме убие. <<
15. А Господ Бог му рече: >> Тоа нема да се случи; оти, кој ќе го убие Каина**, седумпати ќе се казни! << И му стави Господ Бог знак на Каина, за да не го убие никој, кој ќе го сретне.
17. ... Потоа соѕида град ***и го нарече споредимето на својот син Енох.
мхм...
ако Адам и Ева, Авел и Каин, Каин го убива Авела, значи на светов се само Адам, Ева и Каин... (можи една од сестрите да била родена веќе, можи и не...)
* - кој ќе го убие Каин? од кого има тој страв? од диносаури? или лоши тетки?
** - читај под *
*** - чекај... момент... град? за тројца? :roll:
има уште многу вакви конфузни моменти, ама бејби степс