Знам дека Eвреите избегавале да го изговорат Господовото име(заради заповедите)..ама не знев дека зад ЈХВХ се крие име..Мислев дека е "Јас сум"?!Без самогласки како што и пишуваат...
Објасни малце повеќе..
"Јас Сум" и ЈХВХ не е исто, иако честопати се интерпретираат како еквивалентни.
Во Излез 3:14 каде што е спомнато познатото божествено "Јас Сум" тоа воопшто не е тетраграматонот "ЈХВХ". Тоа што го преведуаат со "Јас Сум" е друго еврејско зборче "Хајах", а не тетраграматонот - Божјото лично Име.
Тетраграматонот (Божјото лично Име) се спомнува во 15-от стих, а не во 14-от. Цитирам...
"
13 Тогаш Мојсеј Му рече на Бога: „Ако отидам при Израелците и им речам: ‘Бог на вашите татковци ме испрати при вас’, и тие ме прашаат: ‘Како Му е името?’ - што ќе им одговорам?”
14 „ЈАС СУМ, КОЈ СУМ,” му рече Бог на Мојсеја. Потоа продолжи: „Кажи им вака на Израелците: ‘ЈАС СУМ (
היה = хајах ), ме испрати при вас.’”
15 Натаму Бог му рече на Мојсеја: „Речи им на Израелците вака: ‘
ГОСПОД (
יהוה = ЈХВХ, ЈАХВЕ), Бог на вашите татковци, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов, ме испрати при вас.
Тоа е Мое име довека, така ќе Ме викаат од род до род.’ "
(
Излез 3:13-15)
Интересно е да се спомне дека ова не е првата објава на Божјото Име во Библијата и дека Мојсеј не е првиот кој го дознал Божјото Име. Божјото Име го знаеле дури и Адам и Ева.
"Адам ја позна својата жена Ева, а таа зачна и го роди Каин, па рече: „Добив машко чедо со помош на ГОСПОД ( יהוה = ЈХВХ, ЈАХВЕ)"
(Битие 4:1)
Се на се, тетраграматонот се спомнува
6973 пати во Стариот и
237 пати во Новиот Завет. Значи вкупно:
7210 пати во целата Библија.
Еве само неколку примери каде што се јавува Божјото Име (тетраграматонот) и кои исто така се однесуваат на Божјото свето Име.
"Адам ја позна својата жена Ева, а таа зачна и го роди Каина, па рече: „Добив машко чедо со помош на ЈАХВЕ!"
(Битие 4:1)
"Натаму Бог му рече на Мојсеја: „Речи им на Израелците вака: ‘ЈАХВЕ, Бог на вашите татковци, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов, ме испрати при вас. Тоа е Мое Име довека, така ќе Ме викаат од род до род"
(Излез 3:15)
"Јас ќе го посветам Своето големо свето Име, што вие го обесветивте меѓу народите кај кои дојдовте! И народите ќе знаат дека Јас Сум ЈАХВЕ - говори ЈАХВЕ Бог - кога врз вас, пред нивни очи, ќе ја покажам Мојата светост."
(Езекиел 36:23)
"Не колнете се лажно во Моето Име и не осквернувај го Името на твојот Бог. Јас Сум ЈАХВЕ! "
(Левит 19:12)
"Еве, се заколнувам во Своето големо Име, зборува ЈАХВЕ. Во целата Египетска Земја ниту една јудејска уста не ќе го изговори веќе Моето Име: никој не ќе рече: „Живиот ми ЈАХВЕ!” "
(Еремија 44:26)
"Моето свето име ќе го објавам среде Мојот Израелев народ, и не ќе оставам да се обесветува веќе Моето свето Име! И сите народи ќе познаат дека Јас Сум ЈАХВЕ, Израелевиот Светец. "
(Езекиел 39:7)
"и тие ќе го повикуваат Моето Име, а Јас ќе им се одѕвиам; и ќе речам: ‘Тоа е Мој народ!’ а тие ќе речат: ‘ЈАХВЕ е мој Бог!"
(Захарија 13:9)
"Фалете Го ЈАХВЕ, повикувајте Го Неговото Име! Објавете им ги на народите Неговите дела, разгласувајте ја возвишеноста на Неговото Име!"
(Исаија 12:4)
"Зашто од исток до запад, велико ќе биде Моето Име меѓу народите, и на секое место ќе се принесува темјан и чиста жртва на Моето Име меѓу народите - говори ЈАХВЕ над Воинствата."
(Малахија 1:11)
"Ако не послушате, ако не земете на срце да Го прославите Моето Име - зборува ЈАХВЕ над Воинствата - ќе испратам клетва врз вас и ќе го проколнам вашиот благослов, и веќе го проколнав зашто не го зедовте тоа на срце."
(Малахија 2:2)
"Му рече Господ (ЈАХВЕ) на мојот Господ (Адонај): „Седи оддесно, до Мене, додека не ги положам Твоите непријатели за подножје на Твоите нозе!”"
(Псалм 110:1)
"Туку молете се вака: „Татко наш, Кој си во небесата, да се свети Името Твое;"
(Христос во евангелие по Матеј 6:9)
"Татко, прослави го Твоето Име! Тогаш дојде глас од небото: „Го прославив и пак ќе го прославам.”"
(Јован 12:28)
"И видов, и ете, Јагнето стои на Сионската гора, а со него сто и четириесет и четири илјади, кои го имаа напишано, на своите чела, Неговото име и Името на Неговиот Татко."
(Откровение 14:1)