Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Не ти замерил некој досега, не ти рекол каков верник си ти кога недоаѓаш?

Го велам ова знаејќи какви се македонските верници, не велам дека ти незнаеш како треба да се почитува верата или слично...

Онака, дали си имал такви ситуации?
Луѓето кои ми се блиски го знаат мојот став спрема тоа..оние кои не се ги запознавам со тоа...Замерките не се проблем ако мојата верска определба не стои помеѓу нив и мене..Оти тогаш го бирам Бог.
 

jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
Ме интересира за куќниве слави или имендени...

На пример ако денес е Св. Никола, зошто некои луѓе одат на слава синоќа... значи ден пред празникот вечерта, тоа не ми е јасно...
Дента пред Св. Никола се вика заслуг тогаш нели доаѓа попот да пее и сите Му се молат на Бога, и порано овој ден се канеле луѓето за да го навестат празникот, што значи се викаат гости и ден пред Св. Никола за неговиот заслуг.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Не, не се побивам. Ти се обидуваш да ме побиеш. Јас ти ја објаснив логиката од куќните слави и го постави редот од битните и помалку битните работи. Пошто немам секојдневна прилика за разовор на верски теми, славите добро ми доаѓаат. А јадење и пиење имам и дома, но не и можност за богомудрување.
Јас и сум присуствувал и сум бил „домаќин“ (т.е. моите биле, јас само сум морал да бидам дома :)) на куќни слави и никогаш не се зборувало на верски теми... освен она ај честит нека е денов, за многу години, да поможит... толку...

После се преминвело на јадење, пиење, и бистрење политика, тоа е мојата претстава за куќна слава, т.е. тоа е реалноста, барем јас што сум ја доживеал...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Тоа го покажува нивниот однос и кон денот и кон верата и кон Црквата. Нормално е да се очекува такво недолично однесување од луѓе кои целосно ја промашиле смислата од куќните слави и празниците. И самиот сум очевидец на тие гозби, но фала Богу, присутствувам и на поинаков начин на славење на одреден празник, со мои луѓе од Црквата, на кои политиката им е последен интерес во животот.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ме интересира за куќниве слави или имендени...

На пример ако денес е Св. Никола, зошто некои луѓе одат на слава синоќа... значи ден пред празникот вечерта, тоа не ми е јасно...
Празникот/славата "св. Никола" не е христијаснки празник, туку православен.
Во христијанството никогаш не се славеле, ниту се слават луѓе, туку само Бог.
Држете се до топикот на темата "Прашања за Христијанството", а не "Прашања за православието".
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Празникот/славата "св. Никола" не е христијаснки празник, туку православен.
Во христијанството никогаш не се славеле, ниту се слават луѓе, туку само Бог.
Држете се до топикот на темата "Прашања за Христијанството", а не "Прашања за православието".
Колку што знам јас православието е составен дел на хрисијанството...
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Мене ме интересира ИМЕТО НА БОГА. Кое е името на Бога, со кое вие секојдневно му се обраќате, или поконкретно кажано,дали Бог има или нема име.
Благодарам!
Селам побратиме Omer el Faruk!

Светото Небесно Име БОЖЈО е дадено само на оние кои со детинско срце веруваат на Милоста БОЖЈА која наместо земја, материја или човечко семе, се отелотвори во ИСУС!

Тоа име е безкрајно поубаво, поголемо и појако дури и од 99те прекрасни имиња БОЖЈИ, сите заедно !

Кој сака буквално да го дознае, тој треба потполно да и верува на Отелотворената МИЛОСТ БОЖЈА!

Шалом!

п.с. Името ги содржи 7те најсветли букви во бескрајниот универзум!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Колку што знам јас православието е составен дел на хрисијанството...
Христијанството не е "составни делови", туку вера која е базирана на учењето на нејзиниот основач - Исус Христос.
Во христијанството нема славење на луѓе, туку само на Бог.

Мене ме интересира ИМЕТО НА БОГА. Кое е името на Бога, со кое вие секојдневно му се обраќате, или поконкретно кажано,дали Бог има или нема име.
Благодарам!
Бог има Име, но не се знае точниот изговор на Божјото Име кое во Библијата се наоѓа запишано без самогласките (начин на кој што пишувале евреите) ЈХВХ и кое најверојатно се изговарало Јахве, или Јехова.
 

jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
Селам побратиме Omer el Faruk!

Светото Небесно Име БОЖЈО е дадено само на оние кои со детинско срце веруваат на Милоста БОЖЈА која наместо земја, материја или човечко семе, се отелотвори во ИСУС!

Тоа име е безкрајно поубаво, поголемо и појако дури и од 99те прекрасни имиња БОЖЈИ, сите заедно !

Кој сака буквално да го дознае, тој треба потполно да и верува на Отелотворената МИЛОСТ БОЖЈА!

Шалом!


п.с. Името ги содржи 7те најсветли букви во бескрајниот универзум!
Убави зборови кажуваш,секоја чест за твоето сфаќање за Бога, безразлика која регилија и да си!:smir:
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Христијанството не е "составни делови", туку вера која е базирана на учењето на нејзиниот основач - Исус Христос.
Во христијанството нема славење на луѓе, туку само на Бог.



Бог има Име, но не се знае точниот изговор на Божјото Име кое во Библијата се наоѓа запишано без самогласките (начин на кој што пишувале евреите) ЈХВХ и кое најверојатно се изговарало Јахве, или Јехова.
Знам дека Eвреите избегавале да го изговорат Господовото име(заради заповедите)..ама не знев дека зад ЈХВХ се крие име..Мислев дека е "Јас сум"?!Без самогласки како што и пишуваат...
Објасни малце повеќе..
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Знам дека Eвреите избегавале да го изговорат Господовото име(заради заповедите)..ама не знев дека зад ЈХВХ се крие име..Мислев дека е "Јас сум"?!Без самогласки како што и пишуваат...
Објасни малце повеќе..
"Јас Сум" и ЈХВХ не е исто, иако честопати се интерпретираат како еквивалентни.
Во Излез 3:14 каде што е спомнато познатото божествено "Јас Сум" тоа воопшто не е тетраграматонот "ЈХВХ". Тоа што го преведуаат со "Јас Сум" е друго еврејско зборче "Хајах", а не тетраграматонот - Божјото лично Име.
Тетраграматонот (Божјото лично Име) се спомнува во 15-от стих, а не во 14-от. Цитирам...

"13 Тогаш Мојсеј Му рече на Бога: „Ако отидам при Израелците и им речам: ‘Бог на вашите татковци ме испрати при вас’, и тие ме прашаат: ‘Како Му е името?’ - што ќе им одговорам?”
14 „ЈАС СУМ, КОЈ СУМ,” му рече Бог на Мојсеја. Потоа продолжи: „Кажи им вака на Израелците: ‘ЈАС СУМ ( היה = хајах ), ме испрати при вас.’”
15 Натаму Бог му рече на Мојсеја: „Речи им на Израелците вака: ‘ГОСПОД ( יהוה = ЈХВХ, ЈАХВЕ), Бог на вашите татковци, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов, ме испрати при вас. Тоа е Мое име довека, така ќе Ме викаат од род до род.’ "
(Излез 3:13-15)

Интересно е да се спомне дека ова не е првата објава на Божјото Име во Библијата и дека Мојсеј не е првиот кој го дознал Божјото Име. Божјото Име го знаеле дури и Адам и Ева.

"Адам ја позна својата жена Ева, а таа зачна и го роди Каин, па рече: „Добив машко чедо со помош на ГОСПОД ( יהוה = ЈХВХ, ЈАХВЕ)"
(Битие 4:1)


Се на се, тетраграматонот се спомнува 6973 пати во Стариот и 237 пати во Новиот Завет. Значи вкупно: 7210 пати во целата Библија.

Еве само неколку примери каде што се јавува Божјото Име (тетраграматонот) и кои исто така се однесуваат на Божјото свето Име.

"Адам ја позна својата жена Ева, а таа зачна и го роди Каина, па рече: „Добив машко чедо со помош на ЈАХВЕ!"
(Битие 4:1)


"Натаму Бог му рече на Мојсеја: „Речи им на Израелците вака: ‘ЈАХВЕ, Бог на вашите татковци, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов, ме испрати при вас. Тоа е Мое Име довека, така ќе Ме викаат од род до род"
(Излез 3:15)


"Јас ќе го посветам Своето големо свето Име, што вие го обесветивте меѓу народите кај кои дојдовте! И народите ќе знаат дека Јас Сум ЈАХВЕ - говори ЈАХВЕ Бог - кога врз вас, пред нивни очи, ќе ја покажам Мојата светост."
(Езекиел 36:23)


"Не колнете се лажно во Моето Име и не осквернувај го Името на твојот Бог. Јас Сум ЈАХВЕ! "
(Левит 19:12)


"Еве, се заколнувам во Своето големо Име, зборува ЈАХВЕ. Во целата Египетска Земја ниту една јудејска уста не ќе го изговори веќе Моето Име: никој не ќе рече: „Живиот ми ЈАХВЕ!” "
(Еремија 44:26)


"Моето свето име ќе го објавам среде Мојот Израелев народ, и не ќе оставам да се обесветува веќе Моето свето Име! И сите народи ќе познаат дека Јас Сум ЈАХВЕ, Израелевиот Светец. "
(Езекиел 39:7)


"и тие ќе го повикуваат Моето Име, а Јас ќе им се одѕвиам; и ќе речам: ‘Тоа е Мој народ!’ а тие ќе речат: ‘ЈАХВЕ е мој Бог!"
(Захарија 13:9)


"Фалете Го ЈАХВЕ, повикувајте Го Неговото Име! Објавете им ги на народите Неговите дела, разгласувајте ја возвишеноста на Неговото Име!"
(Исаија 12:4)


"Зашто од исток до запад, велико ќе биде Моето Име меѓу народите, и на секое место ќе се принесува темјан и чиста жртва на Моето Име меѓу народите - говори ЈАХВЕ над Воинствата."
(Малахија 1:11)


"Ако не послушате, ако не земете на срце да Го прославите Моето Име - зборува ЈАХВЕ над Воинствата - ќе испратам клетва врз вас и ќе го проколнам вашиот благослов, и веќе го проколнав зашто не го зедовте тоа на срце."
(Малахија 2:2)



"Му рече Господ (ЈАХВЕ) на мојот Господ (Адонај): „Седи оддесно, до Мене, додека не ги положам Твоите непријатели за подножје на Твоите нозе!”"
(Псалм 110:1)


"Туку молете се вака: „Татко наш, Кој си во небесата, да се свети Името Твое;"
(Христос во евангелие по Матеј 6:9)


"Татко, прослави го Твоето Име! Тогаш дојде глас од небото: „Го прославив и пак ќе го прославам.”"
(Јован 12:28)


"И видов, и ете, Јагнето стои на Сионската гора, а со него сто и четириесет и четири илјади, кои го имаа напишано, на своите чела, Неговото име и Името на Неговиот Татко."
(Откровение 14:1)
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Значи Адонај,Елохим, Господ,Лорд..се всушност замена за ова име..ако разбрав точно..
Што инаку значи..ЈХВХ?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Значи Адонај,Елохим, Господ,Лорд..се всушност замена за ова име..ако разбрав точно..
Што инаку значи..ЈХВХ?
Елохим не, но Адонај, Господ, Lord најчесто се замена за ЈХВХ. Во King James преводот Адонај е преведено со Lord, а ЈХВХ со LORD (со сите големи букви). Така на пример во псалмот каде што се вели: "Му рече ЈАХВЕ на мојот Адонај" всушност е преведено со "LORD said to my Lord".

Значењето на ЈХВХ е посебна тема и којзнае дали може некој најпрецизно да го улови значењето на тоа Име. Теолозите не се едномислени ни околу коренот на тоа Име и затоа често пати ќе сретнеш повеќе значења на тоа Име.
Во главно значењето Му е: Вечниот, Самобитниот, Оној Кој вечно постои, Оној Кој Е.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
"

...
Се на се, тетраграматонот се спомнува 6973 пати во Стариот и 237 пати во Новиот Завет. Значи вкупно: 7210 пати во целата Библија.
...
Се извинувам што морам да дополнам.

Тетраграматонот се наоѓа нешто повеќе од 7210 пати во Светото Писмо и заедничкиот број на буквите кои го сочинуваат Името БОЖЈО (согласки + +самогласки) е 7 !

поздрав

п.с. Исус:costumed4 немаше диплома од теолошки !

Убави зборови кажуваш,секоја чест за твоето сфаќање за Бога, безразлика која регилија и да си!:smir:
Ти благодарам за цвеќето но тоа му припаѓа само на БОГА !

Се што е добро кај мене, тебе или билокого е дар од Небесниот ЦАР!

Нему Фала и Слава!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom