Законот на Телема

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Да знаеш, да се осмелиш, да имаш Волја и да Молчиш, се четирите моќи на сфингата. Поврзани со четирите елементи, поврзани со четирите соѕвездија (кои се реални сепак), поврзани со четири светови.
А сето манифестирано тука, на Земјата. Сфингата во Египет e баш добар пример.

Добро кажано Short1 :)

P.S. Игор, да сметам дека се бедни. Не сакам некој мене да ме прави беден со неговите чуства на сожалување и милостина спрема мене, за да тој некој се осеќа како спасител. Не фала, оди на друга врата тропај да покажуваш сожалување. Јас поеќе сакам стабилни и силни човечки суштества.
Уште една полумртва и контемплативна мешавина од разни учења,составена во черепот на Алистер Кроули...
Каква примена има во пракса е друго прашање...однапред осудено на неуспех....

Болдираното...лол...
Ако некој во реалноста (тоа е светот надвор од маглата Кроулиева...на полувреме меѓу наркоманијата и орално задоволување на мажи no doubt...) има потреба од помош,тоа е поради самата природа на реалноста и животот...и најмалку би се замарал дали тој што помага го прави тоа за да осеќа ок или така смета дека треба или едноставно сака да помогне...тоа е во природата на човекот како социјално битие...
Кроули како продукт на добростоечка фамилија без потреба да заработува освен да служи како сејач на магла е сам по себе јасен...
Чудно е како добил следбеници...:toe:

Не е важно дали мачката е бела или црна важно е дали лови глувци.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Во природата на човекот е да оди од човек на човек и да го сожалува? Во природата на човекот ако така гледаме е и да греши. Само не знам до кога.
Е па кога ќе биде во природата на човекот да се бори со проблемите и сам да си ги води битките, дојди кажи.
Хм, за Кроули и неговите магли. Тој си ја заврши неговата полу-нерешена равенка. Ја читна Liber AL... или пак да ставам цитати за да разбереш за што зборувам?
Веќе некој кажа, сретни го Кроули и убиј го... Надмини, надмини. Сретни го Бертранд Расел, и убиј го. Надмини. Надмини. It's the same thing.

Кроули нема следбеници. Тој телемата ја внесува во веќе постоечки систем. Сигурно знаеш создаден од кој, и зошто.
Телемата од времето на Кроули (кога жената само што се пробиваше за права) беше во друга форма. Дадено ни е слободно да експериментираме.
И со тие експерименти да го менува светот. И го менува.
За различните системи во езотеријата... Велиш каква примена има во праксата е друго прашање... Имаш некоја пракса, некое искуство или само се прашуваш?
Не е осудено на неуспех.
Праксите се дадени, некаде објаснети. Ако паднеш, јас сум крив или ти си погрешил во подготовката?
Во телемата нема обвинување друг, ако тебе не те бива, и никој друг нема да те сожалува. Работи, и ќе видиш за што си создаден.
Ако успева за други, а за тебе не, што е проблемот? Ќе го обвинуваш системот? Ех па тоа е најлесно, и најкукавички.
Не е само Кроули телемит нели... не се проучува само неговата мисла. И Liber AL не е негова книга во секој случај. Така да, ова не ти држи вода дека некој го следи Кроули.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Во природата на човекот е да оди од човек на човек и да го сожалува? Во природата на човекот ако така гледаме е и да греши. Само не знам до кога.
Е па кога ќе биде во природата на човекот да се бори со проблемите и сам да си ги води битките, дојди кажи.
Хм, за Кроули и неговите магли. Тој си ја заврши неговата полу-нерешена равенка. Ја читна Liber AL... или пак да ставам цитати за да разбереш за што зборувам?
Веќе некој кажа, сретни го Кроули и убиј го... Надмини, надмини. Сретни го Бертранд Расел, и убиј го. Надмини. Надмини. It's the same thing.

Кроули нема следбеници. Тој телемата ја внесува во веќе постоечки систем. Сигурно знаеш создаден од кој, и зошто.
Телемата од времето на Кроули (кога жената само што се пробиваше за права) беше во друга форма. Дадено ни е слободно да експериментираме.
И со тие експерименти да го менува светот. И го менува.
За различните системи во езотеријата... Велиш каква примена има во праксата е друго прашање... Имаш некоја пракса, некое искуство или само се прашуваш?
Не е осудено на неуспех.
Праксите се дадени, некаде објаснети. Ако паднеш, јас сум крив или ти си погрешил во подготовката?
Во телемата нема обвинување друг, ако тебе не те бива, и никој друг нема да те сожалува. Работи, и ќе видиш за што си создаден.
Ако успева за други, а за тебе не, што е проблемот? Ќе го обвинуваш системот? Ех па тоа е најлесно, и најкукавички.

Не е само Кроули телемит нели... не се проучува само неговата мисла. И Liber AL не е негова книга во секој случај. Така да, ова не ти држи вода дека некој го следи Кроули.
мртвилото на upper class contemplative pass-time...

Еве ти еден пример...
Господинот Мутомбо од Конго по цел ден ора копа се мачи по 12-15 саати да обезбеди прехрана за себе и своето семејство.
Суша е,нема вода,нема иригација,системот е крајно корумпиран.
Тој се труди но не успева.Вреден е и се крши од работа секој ден,впрегнувајќи се себеси да обезбеди парче леб за своите деца на кои им се бројат ребрата.
Мутомбо си легнува екоја вечер поуморен,еден ден постар и посиромашен и позадолжен од претходниот...

Парис Хилтон од друга страна...

Телемата врши работа ако си се родил во добро ситуирана средина.
Во спротивно...жалим случај...:)

Така да тие теории се јасни.
Неможеш да го убиеш Кроули.
Со тоа што си го сретнал твојот став е детерминиран од неговиот став.
Кроули,Расел,Ниче,Мусолини...you name it...
Можеш да го убиваш...џабе е...нема да го надминеш...
Неговата лоботомија живее во тебе...

Има битки кои ги води сам и битки кои ги води заедно со останатите.
No man is an island...(така зборуваше Дел-бој...:vozbud:)
Е тоа е веќе практична животна филозофија...
You know it makes sense...lovely jubbly...:vozbud:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Господинот Мутомбо од не знам кај, направил фамилија, а изгледа уште пред да ја направи, немал за него не па за другите да им даде. Знаеш она, дава оној што има. Која дрскост е да се правиш Бог и да созадаваш живот, кога не знаеш што со твојот живот? Коцките мора да се наредат, за да се оди во друга фаза.
Не може некој што нема да дава и на други. Твојот господин нема ум. Мутомбо може да замине, но... Ја играме играта на Нуит... Мутомбо лошо си го разбрал Хадит, премногу гледал од оние што го опкружуваат.
Лавот меѓу овци ако не се научи да рика, и да блее најсилно, ќе остане овца меѓу овци.
Парис Хилтон, е сосема спротивно.
Секогаш се надминува и има што да се надминува. Бесконечноста е тука за освојување. Кроули е среден, одамна.
И не ме читаш ниту ме разбираш.

Четирите моќи на Сфингата се манифестираат тука, на Земјата. Твојата практична животна филзофија. Ако не веруваш, пробај. Ако не сакаш, твое си е.
Секоја Ѕвезда се група со слични како неа, или пак што ќе ја надополнуваат. Не веруваш во тоа? Не е работата до верување или не. До пракса е. До работа.

Љубовта е Закон, Љубов под Волја

P.S. Фала за комплиментот. Што ме смести во добро ситуираната средина. :)
Како и сите и ти очекуваш како од филмовите, сите да сме аристократија(материјалното), и да пушиме од луле и да носиме прстени со симболи(егоизам). Ах, фантазии. Оди земи ја Магика без Солзи. Има едно прекрасно писмо за фантазирањето и заблудите во врска со херметичките науки.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
лелеле
ако не се Мутомбовци да копаат .. таквите како Парис Хилтон ќе се надминуваат во ко преживи причаче .. ќе умрат за јадење ..

се разочарав од учењево ... никакви морални вредности.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Точно. И јас мислам дека нема морални вредности, и велам дека етиката и моралот се глупост и се најпроменливи категории кај човекот. НО сепак јас го велам тоа. Можеби грешам некаде.

П.С. Секогаш има Мутомбовци. И тоа не заради Хилтоновци, туку заради самите себе.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
E pa luge, ne e se za sekogo. Ako bese taka, togas site ke imavme isto mislenje i ista vera...toa e :toe: Posebno toa vazi za hermetikata i kabalata.

Za nasite od doma - Slavinski e mnogu dobar avtor. On bil ili e vo OTO redot - ako gresam popravete me. Ali, prekrasni se negovite ucenja i knigi.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
E pa luge, ne e se za sekogo. Ako bese taka, togas site ke imavme isto mislenje i ista vera...toa e :toe: Posebno toa vazi za hermetikata i kabalata.

Za nasite od doma - Slavinski e mnogu dobar avtor. On bil ili e vo OTO redot - ako gresam popravete me. Ali, prekrasni se negovite ucenja i knigi.
така е .. не е се за секого ...
незнам само дали да го земам Хептаграм и неговиов последен пост како официјален став на секој Телемит за да можам да си оформам мое мислење конечно за учењево ... би сакал Магус да ми го потврди :smir:
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
У "service to self" нормално е да нема етика.
Нормално е да не постои љубов.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Точно. И јас мислам дека нема морални вредности, и велам дека етиката и моралот се глупост и се најпроменливи категории кај човекот. НО сепак јас го велам тоа. Можеби грешам некаде.

П.С. Секогаш има Мутомбовци. И тоа не заради Хилтоновци, туку заради самите себе.
Сигурен си???

У "service to self" нормално е да нема етика.
Нормално е да не постои љубов.
Што очекуваш...
Нека објаснат дали и Андреј Чикатило спаѓа во дефиницијата...
Do what you will...:pos2:

Инаку...за телемитите...специјално...

What passing bells for these who die as cattle?
Only the monstrous anger of the guns.
Only the stuttering rifles' rapid rattle
Can patter out their hasty orisons.

No mockeries now for them; no prayers nor bells;
Nor any voice of mourning save the choirs,
The shrill, demented choirs of wailing shells;
And bugles calling for them from sad shires.

What candles may be held to speed them all? -
Not in the hands of boys, but in their eyes
Shall shine the holy glimmers of good-byes.
The pallor of girls' brows shall be their pall;

Their flowers the tenderness of patient minds,
And each slow dusk a drawing-down of blinds.

Ако разбравте разбравте...ако не...
good night & goodbye...:)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Извадок од Порака на Мајстор Терион

Постои само уште еден збор кој треба да се објасни. На едно друго место е запишано - на наше големо задоволство- "Љубовта е закон, љубовта под волја".

Тоа треба да се сфати во ова значење: додека Волјата е Закон, природата на таа Волја е Љубов. Но таа љубов всушност е нуспродукт на Волјата; таа не е во контрадикција со Волјата, ниту ја истиснува; и ако се појави привидна контрадикција во некоја криза , Волјата е таа која ќе не поведе по правиот пат.
Погледни, иако во Книгата на Законот се говори многу за Љубовта, таму нема ниту еден збор за Сентименталноста. Омразата е речиси еднаква на Љубовта! Борбата е сосем сигурно Љубов! "Како браќа борете се!" . Сите мажествени раси на овој свет го сфаќаат тоа. Љубовта на Liber Legis е секогаш смела, снажна дури и оргијастична. Во неjзе има нежност, но тоа е нежност на силата. Моќна и застрашувачка и величествена, каква што е веќе, таа е сепак само знаме на светото копје на Волјата, изгравиран запис на мечевите од Витезите - монаси на Телемата.

Љубовта е закон, љубов под волја.

Ако ова не е љубов, јас не знам што е друго љубов. А ако сакате да сте лигави лицемери, и сентиментални, бујрум. Секој како што си ја игра играта.
За песМата, I like it. Но бидејќи не си запознаен со многу битни работи, не можам да искоментирам, а многу сакам. Но за жал, ќе морам да премолчам. Сепак не треба премногу да се зборува за да оправдам нешто или да бидам во право.

И не е се за секој. Нормално. Потребни се разлики.

П.С. Официјален став за телемата нема. Освен Прави што ти е Волја и тоа нека биде целиот закон и Љубовта е Закон, Љубов под Волја.
Кој како разбира и како применува, зависи од поединецот. Така да ставот на TheMagus не мора да е ист со мојот. Тоа е убавината на Телемата. Но во таа борба, сепак сме Браќа.
Кој колку разбере па толку.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Доцнам две страни да одговорам, па ќе бидам краток.

Секое учење кое форсира индивидуализам за себепромоција и себереализација по секоја цена, макар тоа да е газење на други живи нешта околу себе е безвредно и достојно да се плука. Можам да дебатирам со муслиманите и будистите кои имаат почит, ама не и со група деца без амбиции убедени дека тие се Богови.

@exlexmk - Ти реков дека не си ја читал цела тема. :wink: И да, неколкуте телемити кои јас сум ги читал, го иамат горе долу истиот став, некој подрско искажан, некој полицемерно. Љубов прво не знаат што е, не ја сфаќаат смислата на зборот, камо ли да ја употребат во реченица...
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.931
Поени од реакции
12.518
Ете ја причината зошто избегнувам да зборувам на овие теми, меѓу некои други причини. Тоа што не може да се разбере (се нема капацитет и ништо друго) се плука. Тоа што му е дозволено на секој да чита и да пишува, го има уништено и мислењето и креативноста.

Екслексмк - да, целосно се согласувам со ставовите на Хептаграм, кој разбрал - разбрал...

Љубовта е закон љубов под волја :)
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Јас не разбирам зошто секогаш мора да има некое учење што треба да се следи. Не разбирам зошто секогаш се бара некоја скриена смисла во све и свашта. Веројатно тоа е дел од нашата психологија, да бидеме поинакви од повеќето, малку од оние што ја сфаќаат суштината...кој знае? Единствено што е реално и опипливо е дека човек се раѓа, учи, умира. Во меѓувреме чувствува-бес, лутина, задоволство, радост, сочувствува, сожалува, чувствува љубов или омраза-се ова во различни нијанси и интензитет. Никогаш погрешно, чувствата не прават оноа што сме-луѓе. Исклучување на било кое чувство не прави-вообразени луѓе...Толку. Вакви смешни дебати, каде што постојано има некои што (најчесто мислат) дека сфаќаат се и некои што не сфаќаат ништо, се апсолутно непотребни. Нема никаква корист од нив. Само на крај мистериозен заклучок дека кој разбрал-разбрал...а најчесто никој ништо не разбира.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.931
Поени од реакции
12.518
3. Секој маж и секоја жена е ѕвезда!

Оваа теза е целосно разгледана во Книгата на Мудроста или Лудоста. Нејзиното главно тврдење е дека секое човечко суштество е еден Елемент на Космосот, самоодреден, совршен, еднаков со сите други Богови.

Како резултат на ова, Законот "Прави што ти е волја" следува логички. Една ѕвезда се разбира влијае врз друга преку привлекување; но овие случаи произлегуваат од нивните самоодредени орбити. Освен тоа, постои и мистерија за планетите кои се вртат околу ѕвездата, чии делови претставуваат; сепак, овде повеќе не би дискутирал околу ова.

Човекот е Средно Кралство. Големото Кралство е Небото со секоја ѕвезда како негова единка; Малото Кралство е Молекулата со секој Електрон како единка. (Соодносот меѓу овие три е правилно геометриски, секое кралство е 10 (на 22) пати поголемо од соседното.)

Види ја "Kнигата на Големиот Аук" како потврда на гледиштето дека секоја "ѕвезда" е Центар на Универзумот сама по себе и дека таква "ѕвезда", едноставна, оригинална, апсолутна може да додава и да ја зголемува нејзината семоќ, сезнајност и сеприсутност без да престане да биде самостојна; дека стекнувањето на искуство е единствен начин за да се направи тоа, а како резултат на ова таа влегува во комбинации во кои нејзината вистинска Природа е скриена некое време, дури и од неа самата. Аналогно на тоа, секој атом на јагленород може да помине низ илјадници Протејски фази, појавувајќи се како креда, хлороформ, шеќер, растителен сок, мозок и крв, не препознавајќи се "себеси" како црна аморфна маса, но повторно се враќа во таа форма непроменет од своите авантури.

Оваа теорија е единствената која објаснува зошто Апсолутот се ограничил и зошто не се препознава самиот при сите циклуси на инкарнации. Оваа теорија ослободува од "Злото" и "Потеклото на Злото"; без да ја негира Реалноста на "Злото", ниту да ја навредува нашата секојдневна перцепција и здрав разум.

- Извадок од Законот е за Сите (Авторизирани Популарни Коментари на Книгата на Законот) - Алистер Кроули.

Љубовта е закон љубов под волја.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom