Поранешен пријател е поопасен и од најголемиот непријател?

Мене не ми претставуваат закана старите пријатели и не се опасни за мене а ниту ја за нив .........
 
Точно така.Непријателот го знаеш и се пазиш од него,подалеку од него а од поранешниот пријател не си ни помислил дека може нешто да ти направи.
:salut:
 
Sekako deka e tocno, oti prijatelot znae se za tebe, ti gi znae slabite tocki, znae vo sekoj moment kaj da udri. BOZE CUVAJ ME OD PRIJATELITE, OD NEPRIJATELITE SAM KE SE CUVAM.
 
Глупо е да се замараш со смислување начини како да му напакостиш на некој со кој си се дружел. Или па имаш вишок време и ајде сега бидејќи немаш што да правиш, ќе нервираш некого. Обично се наоѓаат начини како да стигнат разни муабети до тој кој сакаш да го повредиш, демек ќе му вратам за тоа што не се дружиме веќе. Сите различно реагираме во вакви ситуации, а ако дозволиш да те нервираат, така добиваат повеќе сила и користат тоа што ги знаат слабите точки.

За мене тоа е губење време. Ниту би обрнувала некое посебно внимание на таквите глупости, ниту би трошела време за да му наштетам на некој. Што било си поминало, сме се дружеле и прекинуваме пријателство бидејќи не сме за да се дружиме. И тоа е тоа.
 
Често ја слушам оваа реченица и баш ме интересира што мислите вие за тоа.

Поранешен пријател е поопасен и од најголемиот непријател.

Што мислите дали е вистинита оваа реченица?
Зашто да? Ако не, зашто не?

Дали заради тоа што пријателот ги знае сите наши слаби точки,тајни па откако ќе престане пријателството може да ги употреби против нас?

Исто како и во љубовта. Кога некоја голема љубов ќе пропадне, настанува омрза помеѓу поранешните сакани, често пати многу трагична. Така е и со пријателите, тогаш кога ќе се распадне пријателството настанува голема омраза. Омразата е резултат на разочарувањето и изневерувањето на принципите врз кои било поставено пријателството. Па понатаму пријателството се докажува со средствата со кои пријателот ќе ви нанесува болка и на тој начин ќе ви докажува колку сте му значеле. Во голем број од случаите таа нова пријателска болка е толку голема, колку што знае каде да ви ја нанесе. А како пријател знае многу за вас и знае каде да ви ја зададе, онаму каде што најмногу ќе боли. Таквото ново комуницирање со пријателот опасно, затоа што додека вие се освестите и сфатите дека тој не ви е пријател, тој веќе ви задал болка поголема од најлошиот непријател.
 
Toчно, се ти знае, незнаеш што може да каже и на кој :toe:
 
Според мене непријателот е поопасен. Но тоа не значи дека поранешниот пријател е безопасен. Се зависи од тоа каква личност е.. ако е човек ќе ги преќути работите кои би можеле да му наштетат или пак го повредат неговиот поранешен пријател.
 
Точно така.Непријателот го знаеш и се пазиш од него,подалеку од него а од поранешниот пријател не си ни помислил дека може нешто да ти направи.
:salut:

е да.се согласувам:helou:
 
Се согласувам...поготово ако ти бил ептен близок пријатели или најдобар пријател.
 
Исто како и во љубовта. Кога некоја голема љубов ќе пропадне, настанува омрза помеѓу поранешните сакани, често пати многу трагична. Така е и со пријателите, тогаш кога ќе се распадне пријателството настанува голема омраза. Омразата е резултат на разочарувањето и изневерувањето на принципите врз кои било поставено пријателството. Па понатаму пријателството се докажува со средствата со кои пријателот ќе ви нанесува болка и на тој начин ќе ви докажува колку сте му значеле. Во голем број од случаите таа нова пријателска болка е толку голема, колку што знае каде да ви ја нанесе. А како пријател знае многу за вас и знае каде да ви ја зададе, онаму каде што најмногу ќе боли. Таквото ново комуницирање со пријателот опасно, затоа што додека вие се освестите и сфатите дека тој не ви е пријател, тој веќе ви задал болка поголема од најлошиот непријател.
Се согласувам, ова е точно од сопствено искуство знам.:nesum:
 
Се согласувам, ова е точно од сопствено искуство знам.:nesum:
Верувам дека не ти е нанесена многу голема болка и дека си успеала да ја надминеш.:smir:
 
Да да се сложувам зошто тој што ти бил пријател знае работи за тебе и само да отвори уста на другите одма може да те понижи, а тој што ти е непријател може и да го познаваш малце, ама не може нешто големо да направи ко на пример да каже некоја тајна што не треба многу луѓе да ја знаат.
 
Точно е тоа дека поранешниот пријател е поопасен и од најголемиот непријател. Пријателството тешко се добива но лесно се губи. Но веќе кога еднаш ќе се изгуби "поранешниот пријател" во себе понесува дел од нас и тој дел, сето тоа што го знае за нас лесно може да го злоупотреби.
Па може да дојде до она - поранешните "најдобри пријатели" да се ситат на нашата тага и мака и секако сето тоа да го искористат да не претстават пред другите во лошо светло.
А што би можеле да извлечеме од сето тоа? Веројатно од една страна подобро би се чувствуале дека се отвориле сите карти од негова страна и полесно би го преболиле неговото неприсуство во нашиот живот, а од друга страна пак треба да продолжиме да бидеме тоа што сме да ја исправиме главата и секако наредниот пат да бидеме повнимателни во изборот на "вистински" пријатели.
 
точна е реченицава се согласувам со сите:icon_cool:icon_cool
 
Фала богу дека е така. Тој поранешен пријател ако ти бил доста близок сигурно си му кажал неколку тајни кои незнаеш на кого може да ги каже. А непријателот си го знаеш се чуваш од него и сигурен си дека нема што лошо да каже за тебе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom