Кучка сум, браво за мене!

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Ада а како ќе го игнорираш ако ти е надреден?
 
Ада а како ќе го игнорираш ако ти е надреден?
Нема да му се подлизуваш и да му ги остваруваш мегаломанските потреби на неговото его.
Да, тоа е веќе нож со две оштрици.
Но, изборот е или ропски под негова тиранија или слободно, без газење на своето достоинство.
Никој не вели дека одважноста и храброста се лесни начини. Но, барем се правилни. И ти помагаат на тебе, а го лишуваат и него од еден "поданик".
 
’’Кучка’’ е по аналогија на кучињата женки: тие се нели преагресивни кон околината бидејќи сакаат да ги заштитат малите кученца што покажува љубов.
Така и овие жени, тие се преагресивни во однесувањето со единствена разлика што немаат што да штитат: тие само така научиле да сакаат, или така ги научиле да сакаат,со стиснато срце и наоштрени заби.

Него, да се разбереме: американките се кучки. Кај нас би се рекло, море што оса еее....
 
Да се биде кучка е голема ствар. И неможе секоја девојка/жена да биде тоа. Мислам дека вистинските кучки се совршенство. Ладнокрвни, остри, амбициозни, опасни девојки. Ризик и за себе и за луѓето околу нив. Самонаречените кучки се цури што сакаат али никогаш нема да бидат тоа.
 
По таа логика, да се биде и психопат-убица е совршенство.
Пошто тие се ладнокрвни, контролираат туѓи животи, значи опасни се, не се кајат и не се ограничуваат и тако даље...

Се што повредува други не е големо, туку е бедно во суштина.
 
Голема работа е да знаеш да контролираш туѓи животи, ставови, постапки..
Да бидеш дел од животот на некој друг без тој воопшто и да примети дека си.
 
Голема работа е да знаеш да контролираш туѓи животи, ставови, постапки..
Да бидеш дел од животот на некој друг без тој воопшто и да примети дека си.
Манипулација, која секој малку поинтелегентен може да ја научи.

Голема работа е кога ќе успееш да си ја надминеш таа своја потреба, па и покрај моќта што ја имаш, односно способноста да ги контролираш другите, да не го правиш тоа.
Големите луѓе не ги злоупотеребуваат своите дарби и способности. Тираните и садистите тоа го прават.
 
Абе добро според мене освен да манипулира со туѓите вистинска кучка знае совршено да си го води сама својот живот, да се бори макар и преку животите на другите за тоа што го сака, секогаш да го искажува тоа што го мисли и да си го живее сонот едноставно.. Кучка е повеќе работи за паметни луѓе споени во една многу многу паметна женска фигура.
 
Има една поговорка која вели...Е*и да те сака,тепај да те слуша!...
 
едитирано од администратор.
Али во секој случај не го оправдувам нивното кучкинско однесување само за да добијат тоа што го сакат,се добива и на друг начин а не само со понижување на други личности и бла бла...
 
Јас тотално од темава ги изоставам тинејџерките со нивните филмови кој се мењаваат како чорапите.Зборувам за жени,реализирани,со големо искуство во себе.Мислам дека кај нив поминало времето кога некој може да им сугерира дека се движат во погрешна насока,а од друга страна кој вика дека е погрешна?Има се што посакала,кариера,пари,широк круг на пријатели,кој од страв,кој од почит,не верувам дека навечер плачат во себе и зошто би плачеле кога го исполниле зацртаното.Тој тип на жени на се е подготвена за да успее,во вистинска смисла на зборот кучка.Гледајќи од страна можам само да им ги набројам оружјата кој ги користат:висок степен на интелегенција,план програма на движење,туѓ кревет,биро,контакт со личности кој можат да ти го отворат вратите во сите свери во нашето општество,смешкање секој пат во комуникација со било кого,без разлика на статус,издржан изглед,св од десет страни на партнери и препораки од најразлични организации,сплетки,трачарење,премолчување,копање дупка зад грб кога е најпотребно.Ни ова не е лесно,единствено што сакам е да не им стојам на патот,а секој има свое право на живот.
Цитирам затоа што на само неколку метри од мене позади вратата во ходникот спие една права кучка која вечерва плачеше како никогаш до сега! Си легнала и другпат на влажната од солзи перница, со вкус на паста во устата како и сите ние, обичните ранливи суштетства кои ете не сме развиле доволно добар одбранбен механизам па светот не не доживува како крволочни суштества кои се хранат со туѓа крв и месо! Одбранбен механизам..да, така јас ја гледам кучка маската која ја ставаат овие интелигентни, успешни, задоволни од себе и светот жени! Сепак се крие нежна кожа под сјајното крзно, некогаш ранета и изгребана до болка која сеуште пулсира низ телото! Секогаш се крие црвенило под шминката нанесена со перфектна прецизност, од шамарот кој им го задал животот! Наутро е прекрасна мама која прави палачинки за појадок, на работа единствено таа ја поздравува чистачката во ходникот, им дава комплименти на буцкастите касиерки во локалниот маркет а за возврат секогаш го добива најквалитетното парче месо, му се смешка и на дебелкото позади шалтерот во банката и прва гордо заминува иако последна влегла! Навечер без проблем го легнува младиот 25 годишен колега зашто и вчера и денес и секој ден поминува 2 саати во теретана! Но кога ќе се спушти завесата и сите ликови од денешната претстава ќе се поклонат и заминат таа останува сама, ја вади шминката позади сцена и се соочува со оној болен, истоштен и исшамарен лик!

Секогаш постои некој животен нокаут позади целиот тој совршен, светкав успех од кој се кренале пред судијата да изброи до 10! Штета што после опоравувањето не страда само противникот туку и сите што ќе се најдат на патот!
 
Се што повредува други не е големо, туку е бедно во суштина.

Океј, да го земеме тоа за веродостојно.
Зошто некоја девојка би била кучка ако предходно не претрпела одредени влијанија кои што трајно и го измениле карактерот?

Да бидеш ладнокрвно и манипулаторски настроено суштество кое што има за цел да го добива тоа што го сака и притоа да повредува се што и е во близина не може да се случи случајно.
Се што сме или сакаме да бидеме е поттикнато од нешто, кога некоја од „кучките“ се претворила во фембот зад тоа не може да има само желба, мора да има и одредени причини за таа трансформација.

Крајно, кога нешто ќе го вградиш како сегмент од карактерот за да го искорениш треба посилно влијание од предходното кое што го имплицирало.
 
И психопатот убива затоа што бил отфрлен од мајка му, тепан од татко му, бла, бла...па никој не му ги зима мотивите во предвид, туку му ги гледа делата, а тие се убиство.

Така и овие...Им било тешко...boo whoo :(
На многу луѓе им било тешко па не малтретираат други.

Реков, големина е да ја надминеш потребата од одмазда и злоупотребата на твоите способности.
Се друго е тиранин, јаден, беден, исфруструиран. Без разлика на мотивите. Тој е злоставувач и крвник.
А, оној кој го оправдува и подржува, наивна будала.
 
Се друго е тиранин, јаден, беден, исфруструиран. Без разлика на мотивите. Тој е злоставувач и крвник.
А, оној кој го оправдува и подржува, наивна будала.

Немој па да се возгордее премногу тиранинот со таа титула!:) Да му се допадне па да си ја носи со мерак. Некој и баш таков ќе го сака. Може и да не го повредува тоа толку колку што возгордеаниов мисли. Чисто во случај да се повредува и себеси и да не му е арно тоа, нека си ја скине титулата:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom