Crazy in Love
Here's looking at you kid.
.
Па, еве неколку почетни прашања:
Што значи за вас поимот "кучка"? Дали може зависно од ситуацијата да биде крајно негативен, крајно позитивен или претставува само едно нешто?
Првиот синоним за кучка за мене е нешто негативно. Девојка која ги повредува и гази другите без обзир на нивните емоции. Барем така го сфаќам од прво значењето на тој збор.
Дали значењето на тој збор е исто кога некој сам така се нарекува или го добива тоа второ име од останатите?
Па да, исто е, само што кога ти го добиваш тоа од другите, мислам дека е со повеќе горчина искажано, така другите те доживуваат, а кога другите те доживуваат како кучка, значи дека и не те гледаат баш многу позитивно.А кога сам си го ставаш тој епитет, тогаш значи дека сакаш да бидеш гледан така од луѓето. Негативно. Дури и кога општиот впечаток меѓу луѓето не е таков, ти сакаш сам да бидеш гледан како таков, со употребувањето на терминот кучка.
Зошто воопшто некој човек има потреба да се нарече така? Премногу е критикуван од околината, па одлучува сам да се именува така со што си ја олеснува болката, се труди да привлече некакво поголемо внимание или нешто трето?
Може да се работи и за првите две особини, но мислам дека некогаш може човек сам да се нарече така за да се заштити. За да не го мислат за наивен и добар, па да не го повредат, терминот кучка го користи како алтер его за да се одбрани од општеството и околината.
Што мислите за таквите личности?
Не мислам ништо посебно. Секој има право на свој начин на живот, свој начин на определба и ако некоја сака да се нарекува како кучка нема проблем, се додека односите ни се во ред. Значи не ми е проблем да се нарекува кучка, проблем би било доколку би се однесувала со мене како таква.
Што може да постигне една самонаречена "кучка" во животот? Според вашите мислења во врска со сите погоре поставени прашања, што мислите дека очекува да добие од животот една "кучка", што гласно се нарекува така?
Па не знам искрено што би сакала, што би очекувала некоја девојка што се нарекува кучка. Навистина немам поим.