„... и секогаш кога се обидат да разгорат оган на војна, Аллах го гаси. Тие настојуваат на земјата да прават интриги, сплетки, а Аллах не ги сака оние кои сплекарат“ (Ел - Ma'идa, 64).
„Ако ве нападнат, тогаш убивајте ги! – Да, таква нека биде казната за неверниците! А ако се сложат - па, Аллах навистина простува и Сомилосен е''(Ел-Бекара, 191 -192).
„ Ви се дозволува одбрана од оние што напаѓаат други, бидејќи ним им се прави насилство - а Аллах навистина е Моќен да им помогне на оние кои ни криви ни должни беа прогонети од својата татковина, само затоа што зборуваа: „Аллах е нашиот Господар '' .. (Ел-Хаџ, 39-40).
„ И борете се на Аллаховиот пат, против оние кои се борат против вас, но вие не oтпочнувајте борба! - Аллах, навистина, не ги сака оние кои започнуваат кавги“(Ел-Бекара, 190).
А шо? Значи само мусуљман не смее да се убие, ама се друго може?
Не само за време на освојувањето на Мека, и при сите војни и освојувања за време на Мухамед, а.с., многу прецизно се штитени правата на невините и беспомошните. На ова многу важно прашање Мухамед, а.с., често ги потсетувал верниците, а со своите дела практично им покажувал. Така, во еден хадис им се обраќа на верниците, кои тргнале во војна:
„Одете во поход, во согласност со Ресулуллаховата вера! Постарите, жените и децата не ги допирајте! Бидете оние кои се благонаклонети и милостиви. Aллах, џ.ш., ги сака искрените.'' За тоа каков став мора да завземат муслиманите, дури и кога тие се во директна војна, Мухамед, во друг хадис се истакнува со следниве зборови: „Не убивајте деца! Не се осмелувајте да ги допрете оние кои вршат молитва во нивните цркви! Не убивајте жени и стари! Не палете и не сечете ги дрвата! Не уништувајте ги куќите!'' Оваа умерена и мирољубива политика на Мухамед, а.с., произлегува од темелот на Исламот кој Алах, џ.ш., го изјавува во Куранот. Aллах, џ.ш., во Куранот им наредува на верниците убаво да се постапува и кон оние кои не се муслимани:
„Аллах не ви забранува да правите добро и да бидете праведни кон оние кои не се борат против вас заради верата и кои од вашата татковина не ве гонат - Аллах навистина ги сака оние кои се праведни - но ви забранува да пријателувате со оние кои се борат против вас заради верата и кои од татковината ве гонат и кои помогаат да бидете прогонувани..“(Ел-Мумтехине, 8-9).
Споменатиот ајет го дефинира односот на муслиманите кон немуслиманите: Муслиманот би требало кон сите немуслимани да се однесува убаво, само не би требал да бара пријател во оние кои покажуваат непријателство кон исламот. Ако тие што покажуваат непријателство ги нападнат муслиманите и ако тоа биде причина за војна, муслиманите таа војна би требало да ја спроведат на праведен начин и во рамките на човечноста. Забранет е секаков вид, употреба на непотребна сила и неправедни злоупотреби. Во еден друг Курански ајет Аллах, џ.ш., ги предупредува верниците на ова прашање и им соопштува дека омразата што ја чувствуваат кон непријателот никако нека не ги доведе да бидат неправедни:
„О верници, извршувајте ги должностите кон Аллах, и праведно сведочите! Нека омразата што ја имате кон некои луѓе не ве наведе да бидете неправедни! Бидете праведни тоа е најблиску до честитоста и плашете се од Аллах, бидејќи Аллах добро го знае она што го правите!“ (Ел-Ma'идa, 8).