Прво, пред да го поставам моето прашање, би сакал да се претставам. Учам во средно училиште кое е етнички мешано (има и македонци, албанци, турци, босанци, торбеши и што ли уште не што може да се најде во земјава наша).
Сум и сеуште се дружам со луѓе од муслиманска вероисповест и тоа не ми претставува ама баш никаква разлика (не ми е ни многу гајле поради тоа што животот ме направи атеист).
Мило ми е што си имал убав и коректен однос со другите,така треба.Меѓусебното почитување и разбирање за разликите со кои што живееме е императив за човекот без оглед на неговото верско убедување.
Отсекогаш ме чудело како може во 21-виот век казни како каменување до смрт, сечење глави пред џамии (за ова не сум баш најсигурен), неможноста на муслиманите да си ја сменат религијата без последици, веронауката уште од најмала возраст (деца не знаат да пишуваат но важно го знаат куранот напамет), потоа користење на деца и жени во екстремистичко-терористички цели, самоубиството како одмазда и убедувањето дека самоубијците после тоа ке отидат директно во скутот на алах, скандалот со карикатурите на Мухамед (Данска) итн,итн...
Ме интересира што мислиш ти лично за тоа, дали вакви работи сродни на средниот век треба да се откоренат и каква врска имаат тие со идеологијата на Исламот и Куранот.
:nesvest: Како само ги нанижи прашањава,но ќе се обидам глобално да ти одговорам.
-Исламот е целокупен систем на вредности кои ги регулира сите сегменти на човечкиот живот,толку опфатен,испреплетен и поврзан што ги покрива сите човекови исконски и современи потреби. Исламот не е само чисто емоционално верување оттргнато од реалниот домен на човечкото егзистирање,туку длабоко навлегува во сите сфери на општествениот,моралниот,социјалниот,политичкиот, војниот,правниот и другите аспекти на човечкиот живот.
Ако го анализираме комплетното учење на исламот,а на крајот и Мухаммедовата а.с. практична примена на исламските постулати,недвосмислено ќе дојдеме до заклучокот дека исламот,всушност, е озбилен,динамичен и практичен начин на животот. Тој е и објавен со цел да го уреди животот во неговата практична форма и конкретната реалност да ја потчини на своите критериуми.
Па во тој однос покрај другото Исламот има и своја јурисдикција,свое право (во кое влегува и казненото,секако) а кое поготово доаѓа до израз во муслиманските шеријатски земји.Но реализирањето на тоа право не муе дадено секому,туку тоа е предмет на надлежната исламска власт која има соодветни инситуции за истото.
Во поглед на твоите прашања ќе одговорам кратко и јасно дека
Исламот во основа значи Мир, и како таков му ги гарантира на човекот сите права. Човекот го издигнал на најголем пиедестал кога рекол дека
тој ( човекот) е величенствено Аллахово дело и тешко на секој оној кој ќе ја повреди честа и достоинството на тоа дело. Кур,анот е уште појасен кога вели дека
во верата нема присилба,а најјасен кога потенцира дека
оној кој ќе спаси еден човек како целото човештво да го спасил,а оној кој ќе убие невин човек како целото човештво да го убил. Во етиката на војната во Исламот јасно е потенцирано дека жени,деца и стари луѓе не смеат да се убиваат,на непријателите не смеат да им се палат полињата,шумите итн. ( За ова можеш да прочиташ на претходните страници за Џихадот). Пратеникот Мухаммед а.с. уште кога се преселил во Медина дал вакви прерогативи во Мединската повелба,прерогативи кои на тогашниот ( а богами и на денешниот )човек не му биле/се познати.
Но за жал, во денешно време стереотипот за Исламот и муслиманите благодарение на непријателите на исламот а и на огромен број од самите муслимани (кои погрешно ја толкуваат и практицираат својата вера) израснал до толкави граници,да многумина од луѓето имаат погрешна представа или разбирање за него,па така да многу е тешко на ним да им се представи вистинската слика за него.
При разговор на оваа тема, кажано ми е дека каменувањето и казната со смрт за банални работи е оставнина од арапското време и арапската (античка) култура и дека тоа нема допирни точки со Исламот. Колку е тоа точно не сум сигурен, но не ме ни интересира многу.
Јас не сум којзнае каков познавач на историјата, но знам дека арапскиот свет пред нашата ера (раѓањето на Исус) и се до средниот век бил многу влијателен и центар не само на трговијата туку и на филозофијата, математиката, науката .....
Во исламот изградувањето на верувањето не тече во форма на чиста теорија,идеологија или дијалектика, туку во форма на живо, органско соединување и директно формирање на животот којшто се практицира во самата заедница/Уммет.
Но една работа е многу битна да се знае,а таа е дека над никого не се применува смртната казна додека не му се даде шанса за покајување. Исламот има регулирани правила за сите сегменти од животот,па во тој контекст и за во војна и мир. И многу денешни современи,модерни и напредни земји ја имаат смртната казна во своето правно законодавство...
Инаку за твојот податок за предисламските арапи не би се сложил од причина што тие тогаш далеку биле од цивилизацијата и науката.Нивната експанзија на тие полиња ја добиле после појавата на исламот.
Но, гледајќи ги денешните арапски земји (со исклучоци), тие како да се застанати во времето. Сеуште постојат политичари кои религијата и емотивната поврзаност на луѓето со неа ја користат во лична пропаганда и ширење омраза помеѓу народите и религиите (пр: Иран).
Потоа ги имаме и екстремистичките организации како Хамас, Ал-Каеда кои јас ги презирам и лично мислам дека треба да бидат искоренети.
За ова си во потполно право. Денеска многу лидери на исламските земји ја злоупотребуваат религијата за свои лични цели и интереси,а со прст не мрднуваат за решавање на глобалните проблеми кои го зафатиле муслиманското општетство.
За терористичките организации незнам многу,ама би рекол дека истите се производ на експериментите на големите западни сили на чело со Америка. За да се искоренат тие,претходно е нужно да се искорени злото кое овие земји им го нанесуваат на луѓето.Или поконкретно кажано,нека престанат со окупација на муслиманските земји,ќе престанат и тие "терористички организации".
Што мислиш ти за секуларните муслимански земји, како Турција на пример, и што мислиш за Кемал Ататурк, преродбеникот и херојот на Турците на кој еден од најважните закони и наредби му било религијата под никаков случај да не се меша со државата.
:raz: Мислам дека тоа не е добро. Мислам дека тоа е решение од привремен,а не траен карактер.
Потоа, ке отворам едно не толку популарно прашање и можеби сум првиот кој ќе го постави: Што мислиш за хипер-продукцијата и нејзината употреба во националистичка превласт (имаме пример со Албанците во Косово и во многу држави во Европа каде почна да се актуелизира ова прашање).
Според мене, потребна е гооолема либерализација на муслиманскиот свет, дури имам лични другари муслимани кои себеси се сметаат за атеисти (повеќе е тоа што не им е гајле за религијата отколку тоа што ја отфрлаат).
Исламот е едно,нацијата сосема друго.
Мухаммед а.с. рекол дека оној кој се бори за нација тој не е наш (муслиман). Значи Исламот не гледа на раса,класа,нација, боја на кожата итн. Пред Бога сите луѓе се еднакви,а најдобри се оние кои што се најбогобојазливи.
Правото на слобода на верување или неверување (сеедно) му е загарантирано секому.Секој ќе си одговара за својот избор и за своето бреме.
Повеќето муслимани, кога ке им ги поставам овие прашања обично кажуваат: Остави ги тие во Иран, тие се шиити, ние сме суни (или така некако), тие не се нормални, ние сме вистинските верници.
Не ми се допаѓа ова делење на муслиманите а уште помалку е тоа изговор за работите кои се прават.
Но,сепак тоа е точно.Точно е дека и муслиманите помеѓу себе се поделени на разно разни фракции и правци. Кога јас конкретно би бил запрашан за Иран би рекол дека во нивното уредување многу нешта вметнале кои немаат никаква врска со вистинскиот Ислам.
И последно прашање : Од сите религиски команди и препораки, најбанална ми е забулувањето на жените. Знам дека тоа е препорака, а не наредба, но не ги разбирам причините поради кои една жена, која треба да биде горда со својата женственост и тело, да мора да си го покрива телото и главата. Тоа е единственото нешто кое не го разбирам. (си забележал ли дека колку е пообразуван народот, толку помалку ги почитува религиозните наредби)
Тоа е наредба,а не препорака и тука има голема разлика. Хиџабот/забулувањето на жената е нејзина заштита а не дискриминација.Но за ова како и за погорните твои прашања е потребно повеќе време и простор за да се објаснат како што треба.
Сум забележал,дури и сум констатирал дека сето тоа е само поради недостаток на верата (за болдираното важи ова).А сум забележал и дека многу учени пак им се повраќаат на религиозните наредби.Тоа е релативна работа,секунди во непрегледното време на овој свет. Закон на ротација.
Но повеќе сум од убеден дека иднината и припаѓа на религијата,зошто современиот човек полека но сигурно оди во ќор сокак.
Додаток: Би те замолил прашањата што помалку да ги одговараш со цитирање на Куранот, бидејќи ме интересита твоето искрено, лично мислење по овие теми. Ако не можеш да одговориш без да го цитираш Куранот, тогаш јас ке бидам убеден дека твојот размислување е ограничено од една книга напишана од неколку автори, пред повеке од 1400 години, што не е ниту правилно ниту а пофалба.
Сепак,не можам да го одбегнам Кур,анот,како што ти не можеш да одбегнеш некоја книга напишана многу многу понапред од него,па макар да е старогрчка или римска,или.... Значи сите ние на некој начин сме ограничени во нештата. Блазе си им на вистински ориентирано ограничените.
Прашање до Омер Ел Фарук; Дали тетовирањето е грев? Читав на еден англиски веб сајт дека што и да менуваш во телото, или што и да додадеш е харам/забрането од Господ(под образложение дека Господ знае најдобро од сите), е сега не ми држи вода малце ова, оти ако се раѓа човек со 6 прста, а може да се оперира и да го среди тоа, што има тука грев? Нели затоа Господ ни дал памет. И ако тетовирањето е забрането сакам да знам зошто? Каков грев правиме ако се тетовираме заради нешто што многу ни значи, нешто што сме го загубиле? Во Куранот, не сакам да кажам дека немам сретнато оти поминаа 3-4 години од кога го имам прочитано, ама не памтан некаде да се забрани. Сега сигурно забрането е да тетовираш лик од Мухамед, Исус, Мојсеј или некој од ангелите, ама зборувам за дати (бројки) и некој збор кој ми значи многу (еве да речеме од Куранот еден дел), чекам одговор од Омер Ел Фарук и од никој друг, поготово некој од друга вера.
Исламот ги отфрлил претерувањата и оличувањата кои што бараат промена на физичкиот изглед на Аллаховите створенија. Кур,анот таквите работи ги смета за шејтански, а шејтанот вели:
“...и сосема сигруно ќе им наредувам па Аллаховите созданија ќе ги менуваат...” ( Ен – Ниса, 119 )
Во ваквите престапи спаѓа и тетовирањето.
Мухаммед а.с. ја проколнал онаа жена која што тетовира и онаа која што подлегнува на тетовирањето ( се тетовира). ( Бухарија и Муслим)
Што се однесува до тетоважата, таа со модар пигмент и одбојни шари трајно го менува изгледот на лицето, рацете и останатите делови на телото,зависно каде сме се тетовирале. Некои предисламски арапи, нарочито жените, вообичајувале да тетовираат голем дел од телото. Припадниците на одредени верски секти практикуваат на рацете и градите да им се тетовираат слики од нивните божества или симболи, како што христијаните го тетовираат крстот на своите раце и гради и другите места. Сите овие работи се попратени со болка која оној кој што се тетовира мора да ја претпри од убодот со иглите.Поради сето ова проклети се и оној што тетовира и оној кој се тетовира (
Ел- вашиме и
Ел – мустевшеме).
Од ова јасно произлегува дека Мухаммед а.с. ја забранил оваа работа,додека од друга страна многу добро знаеме како треба да се поставиме кон тие забрани зарем не?
Аллах џ.ш. рекол:
„Кога Аллах и Пратеникот Негов нешто ќе одредат, тогаш ни верникот ниту верничката немаат право по своето мислење да постапат. А кој нема да го послуша Аллах и Неговиот Пратеник, тој сигурно скршнал од вистинскиот пат.“ (Ел - Ахзаб,36 )