Вредноста на малите нешта...

  • Креатор на темата Креатор на темата >>LadY<<
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Колку им придавате значење на малите нешта?

Мислите ли дека токму малите нешта се оние кои го прават животот убав и воопшто кои се одговорни за најважните работи кои ни се случуваат во животот?

Дали е во ред да ним им придаваме еднакво значење како и на оние другите, односно да им посветуваме многу време во нивно решавање? Но, зарем тие не се главни поттикнувачи и за големите успеси?

Колку вие сте ситничари?
Дали мислите дека тоа е добар или лош пристап кон работите и зошто? Колку добро завршените мали нешта, се пресудни за добриот исход и на оние поголемите и можеби поважните?

Мислите ли дека малите нешта навистина се најважни во животот или пак го застапувате мислењето дека тие и не се толку важни и не треба да им се обрнува внимание?

Дали сте од тие луѓе кои се фокусираат само на според вас, важните нешта, притоа не придавајќи им значење на оние другите едноставно затоа што ги сметате за помалку важни и не сакате да трошите време на нив?

Но, дали мислите дека тоа е сепак залудно потрошено време?
Или пак, гледано од друга страна, колку вам ви значат и воопшто им придавате внимание на малите нешта кои другите ги прават за вас? Може ли една искрена насмевка да ви го разубави денот, или некоја ситна грешка да ви го расипе?

Колку овие навидум мали нешта, се сепак големи и во што се состои нивната големина?

Колку вие внимавате преку овие мали гестови да ја пренесете вистинската порака, или не обрнувате внимание на можноста да бидете погрешно сфатени?

Мислите ли дека треба да се внимава на малите нешта или не ги сметате за нешто значајно?

И секако, колку вам ви значат таквите гестови кога се упатени кон вас?
повелете:helou:
 
Ponekogas tie mali nesta se mnogu povredni od "golemite". Jas im pridavam golemo znacenje i mnogu se raduvam na tie mali nesta.
 
хм... зависи од кој агол да го разгледуваме ова, но сепак општо гледано од мое искуство и мене лично, малите нешта значат исто толку колку и големите, иако големите се основата, малите нешта се она што го прават големото убаво... фактички кажано... малите нешта се значајни, а за мене најзначајни...

многу повеќе се радувам на малечките нешта ненадејни... спонтани... ме исполнуваат и ме вдахновуваат да ги чувствувам другите т.е големите нешта околу мене и да ги вреднувам повеќе од останатото....
 
А кои се тие мали нешта?
Зашто да ги делиме работите на мали и големи?
На крај краева, кои сме ние да им доделуваме вредности на нештата?
Сите нешта се подеднакво важни...нема тука големи и мали.
Проблемот се состои во нашето размислување, кое патем не наведува да ги иницијализираме нештата и врз основа на тоа да тргнуваме кон нив со одреден начин на однесување. Зашто да ги делиме на мали и големи, кога на крај задоволството од успехот е подеднаков и од малите и од големите нешта?
Која е поентата на поделбата?
 
Може ли една искрена насмевка да ви го разубави денот, или некоја ситна греда ви го расипе? - Хе..какво прашање за еден шмекер..:)...сигурно дека една насмевка може да ми го пролепша денот...особено ако таа насмевка сум ја предизвикал јас со мојот шмек тогаш сум хепи!...
Им придавам значење на ситниците и тоа многу. Навидум неважни, но сепак си има шмек у ситниците...:smir:
 
Важни се, нормално дека се важни, зашто малите нешта кога ќе се соберат ја прават целината. За мене ситниците се најбитни, па затоа и најчесто веројатно се окупирам со нив, без разлика на тоа дали се добри или лоши. Ситничар сум по природа, во смисла, секогаш се замарам со секоја можна ситница во една ситуација, а исто така и многу паметам ситници. А највеќе се радувам на оние мали работи. Тие ми го разубавуваат животот, тие прават да се осеќам исполнета. Кога ќе излезам ќе видам Сонце, а потоа се појавува некој нежен ветер, леле мислам дека паѓам во несвест од убавина. Јас, по карактер се замарам со се и сешто. И битно и небитно. И релевантно и ирелевантно. Само колку да имам за нешто да се нервирам де.:uvo: А може да се окупирам и со убави работи, ама убавите работи се секогаш важни, барем за мене.Не можам да ги делам убавите работи на важни и неважни, кога кога нешто убаво се случува, уживам во тоа и нормално тоа во моментот ми е најбитно.

Може ли една искрена насмевка да ви го разубави денот, или некоја ситна грешка да ви го расипе?
Нормално дека може. И едното и другото. Еве ќе земам пример: Одам по улица намуртена, не ми е денот и гледам некое 5 годишно дете како трча наоколу, си игра, застанува ме гледа и се насмевнува срамежливо. Па на кој човек тоа не би му предизвикало позитивно чувство? И нормално дека грешката, ма каква и да била таа, ќе ме напне, ќе ме изнервира, а со тоа и делумно ќе ми го расипе денот барем привремено.
 
Им придавам доста големо значење на малите нешта затоа што сум ситничар по природа. Секоја ситуација и секоја ствар ја длабам до најситно делче и секогаш приметувам ситници. Како што може една мала работа да ми го разубави денот, така може и некоја најмала грешка да ми го упропасти. Поготово ако расположението ми е многу променливо, како кога сум во ПМС. :icon_lol:
 
Јас сум мала и сум многу вредна, а имам и голема вредност парична:pipi:

Какви се тие мали нешта уопште?
И дали некој практично ја сфаќа фразата, радувај се на малите нешта?

Човекот е мегаломан по природа и трага по голмемото, славното, моќното..Све друго се празни муабети и излитени фрази
 
Не се согласувам дека се излитени фрази. Да, човекот сака големо и славно, ама малите нешто кога ќе се зберат - го прават големото нешто.
Покрај тоа, секој човек има некои секојдневни мали работи на кои им се радува. Зашто ако го допреш или добиеш големото, малите нешта, ти помагаат да останеш во нормала.
 
Ок, али кои се тие мали нешта?
Што сме здрави и живи?
Што имаме блиски луѓе кои не сакаат?
Тоа не се мали нешта.

А стварите као добра музика, фина храна, пријатно излегување на кафе...Минливи нешта, моменти кои ги земаме здраво за готово. Тие не можат да бидат причина за долготрајна радост.

Затоа и прашав да ми се дефинираат тие "мали нешта".
 
Без разлика дали е минливо или не, сепак ти причинува задоволство и те прави среќен, а ако секојдневно ги “конзумираш“ тие мали нешта, ти секојдневно ќе бидеш задоволен и без разлика што тоа е минливо, ќе остави трага кај тебе. Без разлика дали ќе биде на 5 секунди или 5 саати. А и ако достигнеш нешто големо (што исто така кога ќе видиш е дискутабилно) исто не ти гарантира долготрајна радост. Ќе го достигнеш и потоа може од нешто друго да се разочараш...па значи ни тоа големо нешто не ти причинило вистинска радост.

На крај, никој не може да гледа долгорочно на работите. Битно е во моментот да бидеш среќен, задоволен и исполнет. Битна е сегашноста, затоа што иднината и онака и вака е неизбежна, а неа неможеш да ја предвидиш (освен ако не си видовита.:)) Така што битно е да ги правиш тие некои мали работи кои те задоволуваат, кои прават да се осеќаш убаво, на пример да пратиш порака на некој одамна заборавен пријател и слични работи. Битното е што тогаш кога ќе го направиш тоа ќе бидеш среќна и насмеана.
 
ако ги имам крупните работи во животот, секако дека и малите нешта ке ми причинуваат некое задоволство во животот, лично не сум од тие што се задоцолни само од ситните работи во животот, сакам целосна исполнетост во животот со се што може реално да се постигне во него.
 
Им придавам значење, ама не многу... Повеќе придавам значење на важните нешта (семејството, здравјето...) затоа што тие се оние работи со кои и понатаму ќе бидам среќна и исполнета, дури и тогаш кога ќе ги снема малите нешта... Ако повеќе значење им придаваме на малите нешта и го трошиме целото наше време и енергија на нив, никогаш нема да имаме место за важните работи... Мислам дека малите нешта го разубавуваат животот, но не се клучни за среќата... Што фајде ако ги имаме малите нешта а не оние важните? И мислам дека сами си определуваме кои работи ги сметаме за важни, а кои за мали нешта...
 
Колку им придавате значење на малите нешта?
Тоа што се мали, не ги прави помалку важни од поголемите. Секој гест си има своја вредност и тежина, а тоа не зависи од тоа дали е мал или голем.
Мислите ли дека токму малите нешта се оние кои го прават животот убав и воопшто кои се одговорни за најважните работи кои ни се случуваат во животот?
Некако фразава ми е излитена. Не може да се осврнеме кон тоа дека малите нешта се најважни. Како што кажав, и големите и малите се од големо значење. Само навистина е жално што понекогаш малите нешта ги занемаруваме гледајќи само кон големите, па со тоа пропуштаме некои работи кои би можеле да бидат значаен дел од нашата иднина.
Дали е во ред да ним им придаваме еднакво значење како и на оние другите, односно да им посветуваме многу време во нивно решавање? Но, зарем тие не се главни поттикнувачи и за големите успеси?
Да, секако дека треба да имаат еднакво значење. Ова доаѓа како да имаш две дечиња, и малото да го сакаш повеќе од поголемото, затоа што со помалото имаш повеќе шанси за да му покажеш повеќе работи.
Колку вие сте ситничари?
Дали мислите дека тоа е добар или лош пристап кон работите и зошто? Колку добро завршените мали нешта, се пресудни за добриот исход и на оние поголемите и можеби поважните?
Во природата се’ е поврзано. Колку што малите зависат од големите нешта, толку и големите зависат од малите. Тоа е еден процес на вечна циркулација на вредност помеѓу ситниците и крупните работи кои не’ прават среќни.
Мислите ли дека малите нешта навистина се најважни во животот или пак го застапувате мислењето дека тие и не се толку важни и не треба да им се обрнува внимание?
Како што веќе кажав. Малите, исто како и големите ми играат голема улога во животов. Понекогаш ги занемарувам малите, но тоа не значи дека истото не се случува и со големите нешта. Едноставно на различни работи им посветувам повеќе внимание во различни периоди од животот.
Дали сте од тие луѓе кои се фокусираат само на според вас, важните нешта, притоа не придавајќи им значење на оние другите едноставно затоа што ги сметате за помалку важни и не сакате да трошите време на нив?
Не. Не сум од оние кои слепо се држат за само една единствена работа. Разновидноста го прави животот убав.
Но, дали мислите дека тоа е сепак залудно потрошено време?
Или пак, гледано од друга страна, колку вам ви значат и воопшто им придавате внимание на малите нешта кои другите ги прават за вас? Може ли една искрена насмевка да ви го разубави денот, или некоја ситна грешка да ви го расипе?
Секако дека таа мала насмевка би ми значела многу. Но ретко кој ги прави малите нешта за да ги види среќни другите околу него. Сите се затрчани по големи подеми и нажалост губат пола од она кое треба да го имаат.
Колку овие навидум мали нешта, се сепак големи и во што се состои нивната големина?
Нивната големина се состои во искреноста и невиноста која ја носат со себе. И секако самото тоа што се позитивно испратени и направени ги прави уникатни и неповториливи.
Колку вие внимавате преку овие мали гестови да ја пренесете вистинската порака, или не обрнувате внимание на можноста да бидете погрешно сфатени?
Кога еден мал гест е искрено испретен, не може да се случи да биде погрешно сфатен. Едноставно тоа е парадокс, кој нажалост не може да се објасни. По правило за се’ во природата посоти споротивност. Се’ може да се протолкува на погрешен начин, но искреноста е единствената работа која секогаш носи една иста порака. И таа порака никогаш не може да биде решно сфатена. Секако, се’ додека тие мали нешта се навистина искрени и добронамерни.
Мислите ли дека треба да се внимава на малите нешта или не ги сметате за нешто значајно?
Животот е премногу краток за детално разгледување на секое нешто кое ни се случува. Но, како што веќе кажав, во одредени периоди токму малите нешта се оние кои ме окупираат, а пак во други моменти тие се неспоредливи со големите.:) Едноставно за мене различни периоди од животот носат различни вредности на работите, било тоа да се мали или големи.
И секако, колку вам ви значат таквите гестови кога се упатени кон вас?
повелете:helou:
Секој добронамерен гест, искрен и исполент со љубов ми значи премногу. Жалам за работите кои можеби се многу важни за мене и ги пропуштам, но морам да бидам задоволен и со она кое го добивам во моментот.
 
Имавме тема за писмена... И ми текнува на некои работи...

Човек што зане да се радува на мали нешта е срекен човек. Секој не е способен да прави големи дела. И да е способен, големи дела не се случуваат секојдневно...
Ситниците се тие што го праат човековиот живот. Лоши и добри, повеќе ги има. Подобро да учам од мала грешка (ситница) која ке ми промени нешто во животот, но не многу, отколку да учам од голема грешка, по која не знам дали повторно ке се вратам во нормала.
У осталом... Знаејќи да се радуваш на мали нешта, занеш дел од големата тајна на животот. :smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom