Aда, Православието одамна престанало да биде тоа изворното.
Сега во нашата црква при секое чествување се споменува името на Патријархот, истиот тој кој не не' признава како Македонци со Македонска Црква.
Ако можеш да го разбереш апсурдот.
И затоа што до 1054-та ли беше, сме биле едно.
Јас како православец, не ни го знам името на Вселенскиот патријарх (ок, лажам, го знам

) ама политичките предиспозиции ми сугерираат дека е тешка состојбата на МПЦ во однос на севкупните случувања во Вселенската Патријаршија.
Бартоломеј и негоите претходници доаѓаат од редот на грчката црква, која знаеме каква улога имала во минатото (Братот со постот во кој го цитира Васкопуловски обаво објаснува).
Интересно е и дека, колку што јас знам, православците не го негираат папата, и по статут на севселенските собори го канат и него, и треба да присуствува. Со поделбата на исток и запад, Константинопол (градот на Македонските цареви) требало да претставува нов Рим (Византија контра Западно Римско царство).
Самиот термин православие (оние кои славуваат правилно) означува кој би требало да е во "право" во овој "судир", но глобалните факти кажуваат дека во однос на нашата позиција, многу подобро би било постоењето на унитарна христијанска црква.
Би сакал, доколку е можно (а не е ) да дојде до обединување на христијаните под "eдна капа", бидејќи е апсурдно да се делиме. Но, како што во рамките на една држава (види околу себе) постои поделба иницирана од желбата за превласт над другиот и суета, така и да постои и во црквата.
Во контекст на ова, погледнете ги сликите и мојот коментар под нив:
Разговарајќи со едно црковно лице по овие прашања ми спомена дека е интересен начинот на ракување на папата со останатите лица (особено православците) во кои раката на папата мора да е над раката над другиот, како симбол за доминацијата на католиците (види први две слики). Други интерпретации може да се толкуваат како масонски симболизам при ракувањето на папата (останатите две слики) на кои можеби ќе препознаете сличност со оваа слика на масонски поздрав.