Николас Спаркс

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
„Порака во шише“ е малку нереална приказна, ама океј е тоа се бара кај нас, нешто што ќе те трогне и ќе те расплаче, иако лично јас ниту на книгата ниту на филмот пуштив солза.
„Страници на нашата љубов“, малку пореално дело, приказна за старците кои сè уште копнеат еден за друг исто како и во младешките години, филмот е одлично направен.
„Прошетка за паметење“ (и мене повеќе ми одговара овој наслов) најмногу ми се допадна од сите три, прво го гледав филмот потоа во раце ми падна книгата (обично преферирам прво да ја прочитам книгата) и додека гледав плачев сама како будала. Значи единствено негово дело што ме расплака и успеа силно да ме трогне иако сум доста емотивна.
Таквите љубовни романчиња се читаат за тепање време, но доста го привлекуваат вниманието на читателската публика затоа што сака да ги оплакува туѓите животни судбини и да се сожалува на нив, па за миг да заборави на сопствената.
 
а насловот одговара на книгата
девојката смртно болна се приближува кон олтарот, нормално тоа за момчето ке бидат чекори за сеќавање а не прошетка за сеќавање кон олтарот:toe:

А пишува некаде дека на тие чекори се мисли?

Јас отсекогаш мислев дека насловот се однесува на прошетката на момчето со другарите на почетокот од филмот (книгата не ми е читана), од која произлезе казната што ја доби а потоа и се заљуби во Џејми...:jaj:
 
Пишува на крајот
кога девојката се приближува кон олтарот он кажува нешто во стилот "Нејзините чекори додека таа изнемоштено се приближуваше кон олтарот беа чекори за сеќавање "
 
Пишува на крајот
кога девојката се приближува кон олтарот он кажува нешто во стилот "Нејзините чекори додека таа изнемоштено се приближуваше кон олтарот а беа чекори за сеќавање "

Тогаш нема место за дискусија.Преводот е ок.:pipi:
 
Уфф сите негови романи се прекрасни. Летото ја читав чекори за сеќавање. Прекрасно дело што многу брзо го прочитав
 
Прочитав уште една, четврта книга од Николас Спаркс ,,Вистински верник".

Навистина го бидува за љубовни книги.
Не може на секој да му се допаѓаат нормално. Не се некои тешки книги, но се едноставно убави книги, полни со емоции. Книги од кои излегоа најубавите романтични филмови.

Вистински верник од сите книги што ги имам прочитано ќе ја ставам на последно место. Не дека не е убава, но има далеку помалку емоции отколку во другите книги.
Тука пред се постои друга приказна, а потоа случајно на неа се додава љубовта. Значи не е како во претходните книги кои беа само за љубов, љубов и само љубов:)

Се надевам во догледно време ќе најдам уште некоја негова книга :pipi:
 
Лошиот превод дава и поинакво мислење на читателите. Изненадувачки и срамота е во толкава мера да се прават толкувачки грешки.
 
Лошиот превод дава и поинакво мислење на читателите. Изненадувачки и срамота е во толкава мера да се прават толкувачки грешки.

Епа ја коа зборам читајте кој превел, и прашајте кој е тој?! Вие не, епа читајте квази дела.
 
Ништо страшно Викторе. Книгава ми падна в раце несакајќи и сакав да споредам со филмот и со претходно негово читано дело.
 
Ги имам прочитано “Чекори за сеќавање“ и “ Порака во шише“... можам да кажам дека се книги кои барем за момент те вадат од реалноста, те носат на место каде што сонуваш за совршенството на љубовта, а на крајот сепак ти ја сервираат суровата стварност... Ми се допаѓа неговото пичување бидејќи успева да допре до секого, и не секогаш но често успева да ги побуди оние длабоки чувства во нас и да не наведе на солзи...
Пред некое време ми ја донесоа “Вистински верник“ и планирам деновиве да ја прочитам...
 
Летово бев во ситуација да ја проширам сопствената библиотека со уште 4 негови книги. Додека бев во германија случајно налетав нa "The lucky one" нормално на англиски. Ќе кажам дека откога ја имам прочитано, ме натера да ги забаталам скоро сите македонски преводи на неговите книги. Зошто? Бидејќи кога го читаш преводот имаш чувство дека читаш лектира за 5тто одделение. Башка многу од преводите кај нас се нецелосни. И најважно, оригиналот секогаш води кон вистинското што писателот сакал да го долови.
По „Среќникот“ му ги прочитав и "Nights in rodanthe (има и филм за ова), "Dear John (досега најпрекрасната негова) и "A bend in the road".
Препорака: баталете превод ако знаете основен англиски. Не му се тешки книгите а сепак се полни со чувства.
 
Ти љубоморам. Јас едвај чекам да дојдат во Македонија:nesum:

Иако не ми иде англиски ке пробам да му прочитам некоја:)
Ај ако сакаш на кратко што се збори во нив да си одберам која да ја замaм:)

The Notebook (October 1996)
Message in a Bottle (April 1998)
A Walk To Remember (October 1999)
The Rescue (September 2000)
A Bend In The Road (September 2001)
Nights in Rodanthe (September 2002)
The Guardian (April 2003)
The Wedding (September 2003)
Three Weeks With My Brother (his memoir, April 2004)
True Believer (April 2005)
At First Sight (October 2005)
Dear John (October 2006)
The Choice (September 2007)
The Lucky One (September 2008)

последна му е The Last Song пред еден месец ја издаде и веќе е на врвот на USA TODAY и NEW YORK TIMES:pipi:

И нешто што ме ме израдува што сега го прочитав
во 2010 ке се снима филм за Dear John и The Last Song а за The Lucky One веќе се снима па наскоро ке можеме да го гледаме:vozbud:
 
За „Среќникот“ се работи за еден човек кој додека е депортиран во Ирак пронаоѓа фотографија со една девојка. Не ни верува дека токму оваа слика ќе му биде еден вид на сеќна амајлија. Понесен од настаните што му се случуваат тој дава завет дека ќе ја најде девојката за која само и ги знае нејзините иницијали - Е., па макар да ги прочешла САД.

Од друга страна Бет, девојката која живее без родители, само со нејзината тетка, еден ден наидува на еден човек кој трага по работа - да и` помогне во стационарот за кучиња. Ќе биде ли доволно силна вербата да ја прифати неговата понуда?

За Night in Rodanthe се работи за две споредни приказни. Еден светски познат пластичен хирург, по една лошоизведена операција оди во местото Роданти барајќи го човекот кој ја има загубено сопствената жена. Престојува во вила која ја чува една штотуку разведена жена.И двајцата го наоѓаат сето она што им е заедничко а го надополнуваат сето она што го имаат загубено за сето ова време.

За Dear John се работи за тоа колку љубовта може да промени еден човек. Џон е едно момче, изгубено во светот живеејќи еден вид на раскалашен живот. Тој пие, пуши и е со лошо друштво. Барајќи ја утехата во нештата како и сите изгубени души. тој се пријавува во војска. Во првото престојување надвор од САД (Косово и Македонија:)) тој полека верува се запознава со вистинскиот живот на војникот. Враќањето дома донесува малку променет човек кој сега барем има желба за живот. Тогаш ја запознава неа - двојката која ќе му го сврти умот и ќе го натера да верува во убавината на малите нешта. По второто пристигнување, тој е сигурен дека следниот пат ќе ја побара за жена. Но се случува 11 септември. Работите се вон контрола. Дали љубовта преку далечина е возможна?

За Bend in the road се работи за еден локален шериф, кој по трагичната несреќа каде ја губи љубовта од својот живот води истрага за околностите на нејзиното „убиство“. 2 години помрачен од несреќата тој едвај успева да створи живот за своето синче. Ни кај синот работите не се истотака сјајни. Тогаш во школото доаѓа новата учителка Сара, која ќе востанови дека на детето му се потребни додатни часови за да ги стигне соучениците. Но работите не секогаш одат по патот по кој се надеваме. Се отвараат нови црни врати кои ни откриваат некои поврзани работи со некогашниот живот на Мајлс (шерифот).

Инаку книгите (мислам дека сите) можеш да ги најдеш во Икона (рекорд) и The english centar, нормално на англиски. Ако наидеш во библиотека е уште подобро, троа се скапи - 690 денари.
 
Еден од моите омилени писатели, особено на романи од ваков стил. Навистина ми се допаѓа неговиот стил на пишување, се држи до тоа да биде навистина одличен во пишувањето на љубовни романи. Последно дело од него што го читав беше „Вистински верник“ за кого морам да кажам дека малце се разочарав, не малце туку ќе кажам повеќе, навистина таа најмногу се одвојува од досега прочитаните книги од него. Нема многу јака љубов како што е опишана во претходните, едноставно додека ја читав беше и напорна поради тоа што целата ситуација околу типот дали да остане во малото место или да се врати во Њујорк беше навистина да полудиш. Не сакам ни да замислам, каква би била филмската екранизација на ова (ако некогаш ја има).

Чекори за сеќавање“ ми е втората по омиленост. Приказната навистина е добра, т.е сите приказни се слични на некој начин, или двајцата умираат или еден од протагонистите умира, но сепак во оваа имаше некое посебно чувство. Таа беше болна од леукемија, навистина тажен начин како е опишана нивната средба, па заљубувањето а посебно делот кога тој доаѓаше кај неа и читаше делови од библијата. Филмската екранизација не е лошо изработена, но немам и баш позитивни коментари ;).

Страниците на нашата љубов“ или едноставно Нотесот, ми е најубавото негово дело а можам без размислување да кажам и неговата најдобра филмска екранизација. Филмот го гледав пред книгата, но тоа не придонесе да не ми се допадне книгата, напротив книгата уште повеќе ме освои. Предобро е напишана, секоја чест.

Од неговите други книги т.е издадени кај нас не ми е читана само „Порака во шише“, а ниту филмот не ми е гледан, така да планирам во блиска иднина да ја прочитам. И ако знае некој, дали можеби ги има или наскоро ќе има други преведени дела од него кај нас?
 
За вистински верник почни да ја читаш и продолжениети = „На прв поглед“ каде ќе се изненадиш колку всушност таа љубов која е затскриена во претходниот дел е силна. За преводи подобро не трагај, подобро фати ги на англиски јазик оти сосема е друго да ги читаш на оригиналниот јазик. Башка не се ни претешки за читање и сфаќање, Но сепак полни со емоции.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom