Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.418
- Поени од реакции
- 6.046
„Порака во шише“ е малку нереална приказна, ама океј е тоа се бара кај нас, нешто што ќе те трогне и ќе те расплаче, иако лично јас ниту на книгата ниту на филмот пуштив солза.
„Страници на нашата љубов“, малку пореално дело, приказна за старците кои сè уште копнеат еден за друг исто како и во младешките години, филмот е одлично направен.
„Прошетка за паметење“ (и мене повеќе ми одговара овој наслов) најмногу ми се допадна од сите три, прво го гледав филмот потоа во раце ми падна книгата (обично преферирам прво да ја прочитам книгата) и додека гледав плачев сама како будала. Значи единствено негово дело што ме расплака и успеа силно да ме трогне иако сум доста емотивна.
Таквите љубовни романчиња се читаат за тепање време, но доста го привлекуваат вниманието на читателската публика затоа што сака да ги оплакува туѓите животни судбини и да се сожалува на нив, па за миг да заборави на сопствената.