Ако беше последната личност на планетава, што ќе правеше?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dev!L!sH
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе ги опљачкам сите банки ќе ги наместам сите тендери ќе ги купам сите острови ќе...
Ако нема добра комуникација значи не зборам за I m the Legend сценариото мислам на денешниов свет кој е отуѓен во таква ситација тагата ќе се лечи со антидепресиви, алкохол, цигари, дрога, шпански серии, ретардирани постови со кои обидуваш на модераторите да им докажеш колку се глупи и нетолерантни итд.
 
Па прво веројатно ќе направам се' што сум имала мерак ( а не вклучува друг жив организам... не ми текнува сега конкретно што... ) па после ќе скоканам од некое многу високо место без падобран :) Таман пред да умрам да искусам како е да се лета :) Нема поента зашто да живеам...
 
Па јас би го продолжила животот...Сама,сама....Ја обожавам самотијата...Но според мене џабе јас ќе си продолжам да живеам,затоа што психата,ќе ме дотолчи сама,и ќе споулавам можеби и ќе се самоубијам,но тоа при здрава свест не би го направила....
 
Ќе си речам Ееее Шмеќер, Шмекер...сам си остана на планетава...кого ќе шмекаш сега...цура нигде...живот осамен...тешко ќе биде да ви кажам...мислам дека ќе побудалам и дека ќе ги шмекам куклите по излозите...од бутиците...
не може човек сам....Ова ме потсети сличнона филмот Јас сум Легенда со Вил Смит...човекот гледаше едни исти вести секој ден на касета...и се праеше заинтересиран...:)
 
Грозно би било тоа. Повеќе јас би била осудена зашто сум останала сама да живеам на овој свет, него оние кои веќе ги нема покрај мене.
Нема ништо што би можело да се прави. Ќе нема струја, телевизија, интернет, се ќе биде катастрофа.
Ќе се запрашувам зашто сум осудена јас да останам сама на овој свет. А и нема да можам да докажам дека сум сама. Може има уште некој жив во Африка, Австралија, Америка. Ама кој би ме однел до таму. Нема кој да гo вози авионoт или бродот :icon_lol:
Па веројатно би ме уништило тоа што моите блиски ги нема покрај мене, исто и самотијата. Така да може тоа би бил единствен случај каде што би размислила да си го одземам животот. Нема за што да живеам и едн оф стори
icon_sad.gif
 
Не смеам да да помислам.Еееееј ке споулавеам уште на почеток,нема шанси сама да останам.Ежам се при самата помисла да останам сама на овој свет.
 
Последна личност на планетава?Ништо, едно Suicide и толку. Нема друг начин.
 
Ако останам сама,значи светот е мој(со се што е на него)...Ќе си земам едно авионче и ќе си се изнашетам.Прво ќе проверам во НАСА нешто за надворешниот свет,може ќе си најдам партнер од некоја друга планета(па и зеленко да е,нема да имам избор :toe:)Така ќе се живее некако.

Ама бујна фантазија имам значи ...
 
Ќе се шетам наоколу некое време, ќе видам колку долго можам да издржам, а после...:cheeky1::lud::pred:
 
xD

Оваа тема ме потсеќа на филмов со Вил Смит забораив како беше....... Лоша работа дефинитивно..... Ама бар ќе бидам Најбогатиот човек на светов:kesa:

И најпаметниот:tapp::tapp:


Daaa i mene me potsekase na filmot I AM LEGEND so Will Smith, ama tamu ima i drugi luge a i zombiJA :D
I si ima kuce :D
 
Ќе оплодам некоја коза, и ќе градиме нова раса :drk:
 
Бех... од каде да почнам, ке возам најскапи коли, ке се научам да летам со авион, ке живеам ЛА, сам ко пес, ама што ако, на плажа цел ден, па ке ми се здосади, ке одам невада ке копам по постините, ке видам дали постои 51, ако да, со алиен шип ке летам некаде далеку, ако не, за прост кејф ке фрлам нуклеарка на Балканот и Русија. Ке летам со бомбардер, цела Европа ке ја срушам, и многу други работи за да не ми биде досадно.
 
:oftopic: Би запалил цигара во основен суд еден и би плукнал на скали додека седам гол на најгорната од истите, гордо гледајќи во сликата на Бајруш Сејдиу.

Онтопик... Тоа е дефинитвно ситуација во која тотално би скренал. Трчајќи како мува без глава би си опашал од некоја нефункционална бандера, и би скинал конци. Конечно. Но, да бидам искрен, ако го имам тој факт, тој податок дека човештвото повеќе не постои, ритуално би седнал на некоја ливада, би ги кренал рацете кон небото, и лежерно би се испружил на тревата потонувајќи во длабок полусон, медитација која ќе трае со денови а ќе ја проследам со крајно задоволен лик. Конечна и последна реинкарнација, ненадминлива иницијација на свеста и постоењето... ултимативно задоволство.
 
Темава повеќе за во општи муабети ми е.

Па веројатно би направила SМS од урина.(Дека не може сејв аур соулс оти сум последна) Ќе му засмрде на некој вонземјанин фала богу.
SMS бе. :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom