Миксање, продуцирање електронска музика - се околу ова

Andrejnalin

Резонатор на хармоници
Член од
4 јануари 2009
Мислења
75
Поени од реакции
7
Инаку момците од Аномалиа Натива работат на FL Studio (Fruity Loops), не знам дали ги знаете. Повеќето што им е изработено, е изработено таму (песните од Аномалиа Натива). Чудно е како можат да работат на тој заостанат нинтендо програм хмм...
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.784
Поени од реакции
11.343
Хаха, баш е профи фрути...иако многумина го какаат. Кога слушнав дека Симон Посфорд (Шпонгл, Халуциноген,..) работи на таа платформа, останав о.0...
Јас не знам да го работам, бидејќи директива од Cakewalk Kinetic се префрлив на Nuendo/Cubase...секој си има свој шмек, само мислам дека продукцијата на фрути е слична со Logic-от, малку помека и пошмеќерска...а дека само фраери работат Cubase, е демоде

Btw ептен твистед ви се траките, секоја чест!
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
39
Поени од реакции
0
Dali nekoj moze da me posoci koj program da pravenje rock muzika e taka prilicno dobar?
 
Andrejnalin

Резонатор на хармоници
Член од
4 јануари 2009
Мислења
75
Поени од реакции
7
Dali nekoj moze da me posoci koj program da pravenje rock muzika e taka prilicno dobar?
Гитара? И добро испрограмиран продуцент кој знае да снима тапани, бас, гитари, вокали, клавијатури и чат-пат да направи по некој ефект (delay, reverb, chorus, па може и vocoder еве).
 
F

FallenHypaspist

Гостин
Ми треба препорака за FL VST..Правам неш што ќе му дојде ко progressive/darkpsy trance и ми треба препорака за некој ебано квалитетен генератор за кикови, баслинии, та и персуција може....некое чаре ??
 
Andrejnalin

Резонатор на хармоници
Член од
4 јануари 2009
Мислења
75
Поени од реакции
7
Ми треба препорака за FL VST..Правам неш што ќе му дојде ко progressive/darkpsy trance и ми треба препорака за некој ебано квалитетен генератор за кикови, баслинии, та и персуција може....некое чаре ??
За тапани најдобро ќе поминеш со примероци од тапани (семплови, нели) и тој нивниот нов синтисајзер за тапани (се вика Drummaxx мислам).

За бас-линии, вградениот Sytrus ќе ти заврши секаква работа (секако, ако планираш да го проучиш малку а да не бараш целосно готови пресети). Можеш да го провериш и Massive, z3ta, Rob Papen Albino (добар е за басови овој последниов).
 
Еј мани готови семплови...мн смрди тоа. Сајтусот некако не го варам,a за тие другите ќе видам :D :smir:
 
Ted Dettman4e

Real Optimist
Член од
25 јуни 2007
Мислења
1.697
Поени од реакции
56
Еве нешто и од мене...продуцирам на фл студио, преферирам да правам прогресив, техно нешто минимал со прогресив елементи:wink: еве ви нешто од мене...издавам за повеќе продуцентски куќи...а овие доле се новите проекти и претежно се Tech house...techno...minimal :wink:
http://soundcloud.com/gorgitasev/ted-dettman-dot-original-mix
http://soundcloud.com/gorgitasev/ted-dettman-royal-flash-original-mix-1
http://soundcloud.com/gorgitasev/ted-dettman-stay-with-me-original-mix

a може да ги слушнете и другите траки што се на SOUND CLOUD...:wink:
(да не ве буни тоа ми се алијаси...Ted Dettman, Danny Wheeler, T.A.S.E.V)

www.myspace.com/tasevic :wink:
 
F

FallenHypaspist

Гостин
Хм..кул:pipi: Инаку еба го, што вие електричарите подразбирате под прогресив -_- ??
 
Andrejnalin

Резонатор на хармоници
Член од
4 јануари 2009
Мислења
75
Поени од реакции
7
Хм..кул:pipi: Инаку еба го, што вие електричарите подразбирате под прогресив -_- ??
Тотални глупости. Тоа подразбираат.

Progressive, drum and bass, jungle, dub, dubstep, techno, detroit techno, techno-trance, garage, 2-step, jazzstep, drumfunk, techstep, darkstep, idm, noise, glitch, house, techouse...

милијарда имиња за една едноставна работа: музика.

Во музиката која повеќе се базира на гитара е истата идиотска приказна.

Еј мани готови семплови...мн смрди тоа. Сајтусот некако не го варам,a за тие другите ќе видам :D :smir:
Не ти реков цели ритами да украдеш, ти реков готови примероци од добош, нога, чинела, фус... кои ќе ги споиш во нешто значајно. Не се секирај, не ти сугерирам да крадеш.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Тотални глупости. Тоа подразбираат.

Progressive, drum and bass, jungle, dub, dubstep, techno, detroit techno, techno-trance, garage, 2-step, jazzstep, drumfunk, techstep, darkstep, idm, noise, glitch, house, techouse...

милијарда имиња за една едноставна работа: музика.

Во музиката која повеќе се базира на гитара е истата идиотска приказна.
од сите музички смерови што ги направи дали 2 имаат гитара во нив -.-
 
Andrejnalin

Резонатор на хармоници
Член од
4 јануари 2009
Мислења
75
Поени од реакции
7
од сите музички смерови што ги направи дали 2 имаат гитара во нив -.-
Добро, човек, тоа го пишав за да не мора да ги наведувам и сите жанрови кои се базираат на гитара. Мислам, јасно се гледа дека „Во музиката која повеќе се базира на гитара е истата идиотска приказна.“ се мислеше да ја вклучам и таа музика во муабетот, а не дека ги листав жанровите во неа.

Или мора секогаш експлицитно да напишам „и“?
 
F

FallenHypaspist

Гостин
Хм..кул:pipi: Инаку еба го, што вие електричарите подразбирате под прогресив -_- ??
Абе финтата ми беше што барам нешто прогресив во електронската музика, а од прогресив кај прогресив артистите ни ''П''....па си викам ваљда имате некое изопачено сваќање за прогресивот, што знам...:pipi:

Инаку Andrejnalin , добро е да се класифицира...помага при комуникација, а лепење и фиксирање на одредени жанрови е срање....
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
koj program je najbolji za turbofolk?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom