Јас сум премногу толерантна. Премногу. Што дефинитвно не чини, затоа што најчесто сама себе се повредувам на крај. Ќутам, трпам, попуштам, како сака другиот, така нека биде. За да јас зуцнам во тој поглед, треба ептен да ми згази на живец, па да се заинатам. Инаку најчесто си преќутувам. Дефинитвно ако многу попушташ ќе ти се качат на глава и секогаш кога некој подолго време попушта, другата страна дури се навикнува на тоа, па почнува да зема се здраво за готово и мисли дека може што сака да прави.
Затоа компромис е златно решение. Треба и двете страни понекогаш да прават отстапки, не може само едниот секогаш да отстапува и да попушта.
Тоа е една од работите кои секогаш ги грешам. Ама викаат дека од грешките се учи, така што најверојатно ќе се обидам да се поправам и да намалам со попустливоста, зашто тоа на крај само на мене ќе ми наштети.
А за да биде поиронична целата работа, во сите сфери во животот сум исклучително тврдоглава, не попустлива, знам да удирам со глава во ѕид ако треба, ама кога се работи за врски, премногу сум мека.