ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА!!!
Кој го разбира насловот ќе се сложи со мене 100%... на ланскиот натпревар во Битола помеѓу Пелистер и Овче Поле, на полувремето водеше Овче Поле како и денес, а победи Пелистер убедливо како и денес. Капитенот на Пелистер Зоран Петковски на ланскиот натпревар постигна околу 30 поени и се растури со тројки, истото сценарио беше и денес... на ланскиот натпревар со звукот на сирената која означува крај на полувремето, екс играчот на Овче Поле Скот О'Галахер постигна тројка, денеска истото го стори Марјан Младеновиќ во истиот момент
Пелистер - Овче Поле 93-70... заслужена победа на екипата од Битола... на полувремето водеше Овче Поле со 38-40, но во третиот период буквално се' им појде од рака на домашните играчи и постигнаа 36 поени (колку што имаа постигнато за едно полувреме) со шут за три поени 10/11
, наспроти 13 поени на гостинскиот тим :nesvest:, тука веќе беше крајот на приказната за победа на Овче Поле, а потоа Пелистер до крајот само рутински ја одржуваа предноста и на крај заслужено победија... најефикасни кај домашниот тим беа капитенот Зоран Петковски со 29 поени, потоа Александар Хелд со 19 и Срџан Вокиќ со 15 поени, додека кај Овче Поле најефикасни беа стандардниот Небојша Ристиќ со 29 поени и Младеновиќ Марјан со 12 поени
Статистика :smir:
http://www.fibalivestats.com/matches/5584/01/13/96/12V5rCvhmXW62/
Мора да се спомене и процентот на реализација за три поени кој денеска го имаа домашниот тим... перфектни 59% реализација за три, односно од 29 обиди 17 погодени тројки... па и Чикаго Булс да играа денеска немаше да победи покрај оваа реализација која ја имаа денеска Пелистер
Следен натпревар, на 21/22 во Сабота/Недела во Свети Николе дуел на непоразениот Вардар Осигурување и "ранетиот" Овче Поле :wink: