Второ продолжение...
Кики, која се најави, мора да ја врзам со некој момак со мотор, ама бидејќи Точкест и е брат и плус возеше веспа, единствен избор најблизу е
Мистичен, кој ќе мора да се раздвои од Форчн. Мистик, ако не си стигнал до Стража, врти се назад, ти најдов девојче идеално за задно седиште. Лудата страст по две тркала, ќе се стркала на некоја есенска ливада некаде по некоја планина низ Македонија... Убаини.
[edit] Мистичен немал веќе мотор
Али... ми текна на еден екстравагнтен форумџија, дали се сеќаате на Збратко? Е тоа е фраер ипол, кожна јакна, тетоважи, само брада да пушти, гарант и мотор има. (се фатив за моторов, као слеп за стап) Ќиќи бива?
Е океј, ќе треба и Збратковски да го бараме да се врати, ама за тоа имаше и тема, кајгана детективи... ќе ги реангажираме...
BiG_kIsS...
Корун. Детски show off дуел. Малиов има желба да покажуе мускули, а малава има желба да се дружи со истите. Кога ќе им досади од покажување гради (и едниот и другиот) ќе заглават дома да варат шпагети и бело месо без зачини, но со доволно мајонез, сепак сме во години каде телото сеуште се формира, не ја испуштајте шансата за поголемо, посилно, поцврсто, по... хеј, чаталејќи се со тоа што имате, не заборавајте да имате секс, и тоа причинува задоволство, исто толку големо. BiG kISS, i`m puting you in charge of this, малиот ќе се забораи скроз, ти се по приземна... скроти го. :wink:
ТонИнтер, пошто се пожали дека рамковно не сум го испоштуел, ја би му дал една... мх, сепак не е членка на форумот а преку другарка ти, е печена као за тебе, траст ми. Форумџика, во тој случај...
Емма. Доколку не знаеш, тоа е едно мало повлечено слатко мало, кое плаче да биде сакано. А јас знам, према рамковниот, дека вие морате да ја испуштуете жената као права божица. Према тоа, во времето кога нема да се пуца (кантер де) или часка на мсн со битолчанки, верувам дека ќе имате време и да си раскажете за скрин шатови, а и да повлечете по некој шат. Мој совет, Битола знае да биде романтична, а Ангелче со задоволство ве чека.
Коа сме кај
`Ангелче`, оној чкембарон шо се успива на дербија не смее да се праи многу кабадаја.
Јове_Бт, мислам дека повеќе не треба да се припуштаваш на млади пејачки/спортистски кои ќе ми кажат мене во Скопје дека си фраер ипол во Битола. `Ангелче` е твојот вечен избор, за свечени вечери, за љубоморење на другите парови, и за бескрајни дебатирања околу светски важни теми а не македонски тривијалности. Tip of the day, муабетите се двојно поубави по физичката наслада еден од друг.
Бушав -
Драма Куин. Се` е кажано. Фетиш за женски гради vs. фетиш за доминанти мажи. Не знам што повеќе да кажам после вакви силни аргументи. Само претпоставувам дека во таа слика нема да има место ни за воздухот. Буш има стресно пртпладне, таа има релаксирано кафенце. Потоа дома, тој го добива вистинскиот третман, таа е среќна дека го прави среќна. Пиво во приквечерина, таа спие во неговиот скут, it`s like a Wall Street happy story.
Крејзи Појол (Тони ако ми спомнеш пак за рамковни... :pishtoldz), ти си сега во Тетово. А таму, имам едно девојче, вистинска божица,
The Goddess. Бидејќи ти си исфорсиран националист, а девојчево е незаинтересирано за политика, ќе бидете како “Гласот на народот“. Ти ќе си верглаш за своите идеи, таа ќе си полира нокти и ќе размислува за нормални теми, и кога ќе и дојде преку глава од твоето блебетање, рачунај дека нема да се двоуми да те силува. Бидејќи е правило, оној кој се прави фраер на форум, во живо е потчинето маченце. А таа е Годес нели, па ако извади камшици и лисици, не се плаши, не е од алфите... ќе следи благопријатно пецкање на кое откако ќе отрпнеш ќе имаш бескрајно задоволство.
Зевсус...
Наташа... Мхм!!! Зеко е ветеран со изградени сфаќања. Наташа е конзервативка со широко срце. Откако ќе поминат од прилика 2 месеци во додворување и уште два во претпазливо испитување на телата, ќе се спојат како две кокичиња во рана пролет. Со истата брзина невидлива за човечко око, малку по малку силно ќе се врзат еден за друг, греејќи ги своите душички. На крајот се тотално нераскинливи и одат во исклучиво во пар и под референцата “ние“. Ова е мој личен хит на денот.
Тончи клаберот сите му давате клаберки, ама јок. Јас му ја нудам
Бушавка. Полу клаберка со афинитети кон хип хоп. Класичен работлив народ, кој домашната атмосфера попладне ќе ја претвори во палење миризливи свеќи, доооолго уживање во када со врела вода, каде нај неодолив момент ќе биде позитивната шега на Тончи по која хистерично ќе се изнасмеат и двајцата. А тоа носи само убави нешта потоа... да не бидам детален. Вечерната атмосфера сепак се сведува на тоа што сите го спомнаа... party animals. :je:
Принц, имам едно другарче, би сакал да ве седнам на иста маса.
Рејзорблејд. Таа е андерграунд, се обидува да влезе во стандардната шема ама не е тоа длабоко во себе. Ти си веќе искусен момак, знаеш што е почит, љубов и разбирање, те молам извлечи го вистинското од оваа душа, и да видиш какви чуда ќе се случуваат. Креативка со имагинација способна за реално расудување и принципелна девојка како што само би посакал. Кога ти со својата ментална стабилност би продрел (метафорично,
сексот си е ваша работа) во неа, ќе ја кренеш од земја и ќе ја поставиш на црвен тепих. Идеална комбинација...
Ќе ја праиме работава хокеарска, на третини...