Прохибиција: логика и ефекти

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Поентата е да собереме мислења, искуства - 3 месеци подоцна

И така после 3 месеци една од ретките продавници што шитка алкохол после 19:00 се наоѓа веднаш до Влада, за која знаат сите што треба да знаат и не знаат тие што не треба :drk: Постарите се пребација на домача ракија, омладината начека свежа берба по поволни цени ко секоја есен, по кафаните рипнаа цените и се јави потребата за резервација и во понеделник. Три пати урааа за законот, давајте следен :bravo:
 
прохибиција...нема везе, друго е прохибиција
логика...помалце дегенерици, пошо пиењето го растура мозакот
ефекти...долгорочно, поздрави поколенија, пошо алкос и бебе коа праи има последици или ако рага бетер е...на поколението...

...е сеа серпико, не ми ги бриши мислењата пошо се на место и на топик, не плачи као некое дете...

фала, м да ја затворите темата јас се кажав концизно, а викаат пџавом курцу и длаке сметају...затоа мож пијаничишта да везат до бескрај и да се бунтујат на темава...:smir:
 
Љупчо, мене твоите песни запек ми праат, па твое право е да ги пишуваш, а мое дал ќе ги читам. А мислењето ти го избришав пошо темата не е дали тебе ти се допаѓа законот, туку согледување на ефектите, анализирање на причините, поентата т.е. рачунот, кој секогаш го барам на крај на ден.

:смир:
 
Камо кампањи за штетноста на алкохолот, пред да се донесе ригорозен закон? Камо едукација на кадри? Камо труд, наместо најлесната солуција - сечење?!

Боље спречити него лечити.
Српска поговорка на Македонски форум.
За едукацијата, ебаго и тоа не се прави асално.
Едукација против СИДА и СПБ во моето средно училиште:)
Доаѓаат дечките од ХЕРА и една девојка со нив заедно, не собираат ко овци во трло и почнуваат со Денес ќе ви објасниме за тоа што е СИДА, кои се СПБ и на кој начин се пренесуваат и правилно ставање на кондом(ооооооооооооооооо аплаузи од страна на неандерталците)
Бљафтаа што бљафтаа и дојде редот да стават кондом на банана. Зима девојката SURE кондом, а предходно го тупи за тоа како треба да се купуваат КВАЛИТЕТНИ КОНДОМИ од добро познати производители како Durex, LifeStyle итн итн. Отвара кондомот, таман да го навлече на бананата се кине. Зима нов SURE кондом, ептен пополека го навлече едвај и само што не се скина и гордо ко Кипот на слободата ја дигна бананата и рече Е вака се поставува правилно кондом. Ни поделија по два три кондоми колку да ни се најдат и рекоа дали некој има некое прашање.
Дигам јас мое слабо лево раче за да поставам прашање, ми вика повели дечко станувам и ја прашувам "Зошто ни објаснувавте за квалитетните кондоми и опасноста од користење кондоми кои не се уредно спакувани и заштитени, а вие ни покажувате со кондом кој при нормално ставање пукна, и исто така ни поделивте од кондомите кои ги извадивте од Веро кеса?
Ме погледна чудно ама ми одговори. Не ни даваат пари за DUREX па се снаоѓаме со вакви:)

Чисто пуштив ваква споредба ко што не чека за едукацијата која би ни ја пренеле за алкохолот:pipi:
 
Чисто пуштив ваква споредба ко што не чека за едукацијата која би ни ја пренеле за алкохолот:pipi:

Не ја бива споредбата. За алкохол, никој не треба да ти покаже шо да пиеш, шо да мешаш, колку треба итн итн...

Едукацијата би била во насока на дигање на вниманието кон опасностите кои ги носи алкохолизацијата, едукација на младите со на пример лечени алкохоличари кои ќе им сведочат за искуствата од животот и болницата коа лечеле цироза, растурање на фамилии и слично...

Ама ме нервира, просто, шо се СЕЧЕ - а не се размислува за ефектите од сечењето и казнувањето од една страна, и едукацијата и превенцијата од друга. Е, тоа ме мачи.

Никој досега не пиша за законите од другите земји?!
 
Да ги знаев ќе пишев, вака на ќоро нејќам:)
Серпико се мисли дека се сече, не е исечено ни 10% од тоа што би требало да биде исечено. Од една охридска група стих Една лајстојца пролет не носит:)
Кажав јас ЕКСПРЕС ЗАКОНИВЕ се тотална утка, дал тоа бил законот за алкохол или новиот што ќе дојде за цигарите до 12 дека ќе смеат да се купуваат, за плукањето, фрлањето, наведи нешто све ќе пропадне. Чудо за три дена се закониве. Смешна ситуација сабајле карши твојот факултет, чиче фрла цигара му доаѓа џандар и запишува име презиме бутур а во тој момент бате едно од мерџо на совозачко седиште отвара врата и исфрла еден шлајм од петици И? пу пу не важи за него тоа
 
Чепкајќи по нет во врска со темава најдов податок како тоа го правеле уште во древна Спарта:

Казните во Спарта

Древните народи, исто така, одредувале казни за алкохоличари и ја штителе младината. Во античкиот грчки полис, Спарта пред 3000 години по наредба на кралот на алкохоличарите им биле отсекувани нозете.

Сега она што се однесува на нашата тема:

Во Римското царство постоел закон со кој се регулирало пиењето на алкохол. Со овој закон им била забранета употреба на алкохол на лица помлади од 30 години. Во тоа време се верувало дека тие години се најважни за потполни физичко и интелектуално созревање. Дури и на младенците на денот на свадбената церемонија им било забрането да пијат вино поради штетното влијание врз здравјето на идното дете.

Еве да поченеме со анализа на состојбата во соседството:

Во Србија забраната за продажба и точење алкохол на лица помлади од 16 години им е уредена уште со Кривичниот законик (чл. 132). Соодветно на овие забрани пропишани се и соодветно казни за нивно непочитување.

Во одредени европски земји проблематиката врзана со младите е уредена само се еден закон и одредени се високи казни за прекршителите. Со овој закон строго е забранеста продажба на алкохол на малолетни лица под 18 години, како и нивен престој во ноќни клубови и барови.
Друг вид заштита на младите лица, која покажува добри резултати, посебно во Велика Британија, е преку даноци и политика на високи цени и постоење на клубови специјализирани за малолетни лица во кои не се служи алкохол.

Ова ми се виде како интересно да го издвојам, повеќе кој сака да прочита: http://www.blic.rs/stara_arhiva/arhiva/2003-08-20/strane/tema.htm
 
Ако сака некој да се очука нема да го спречат не еден него десет закони,па макар бил и малолетен.Него ми пречи тоа што можеби ќе го ограничат(ако веќе не е ограничено)правењето домашна ракија како во БГ на 30 или 60 литри.Тука имам проблем годинава со чичковците поделивме по 120 литри,в година не знам како ќе биди изгледа ќе треба да се криеаме од инспекторите како некои криминалци.
 
прохибиција...нема везе, друго е прохибиција
логика...помалце дегенерици, пошо пиењето го растура мозакот
ефекти...долгорочно, поздрави поколенија, пошо алкос и бебе коа праи има последици или ако рага бетер е...на поколението...

...е сеа серпико, не ми ги бриши мислењата пошо се на место и на топик, не плачи као некое дете...

фала, м да ја затворите темата јас се кажав концизно, а викаат пџавом курцу и длаке сметају...затоа мож пијаничишта да везат до бескрај и да се бунтујат на темава...:smir:
од каде па ти дека се пијаници оние што се жалат по форуми за законов:nenene:

како помалце дегенерици сеа наместо да гледаш дрво пијани деца у три саатот по полноќ сеа гледам во 9 навечер и уште полошо ако вака продолжи владава набрзо фиксот ќе стане поефтин од пола литро легално купена ракија
 
Кој сака да пие, пие по секоја цена... купуваш алкохол до 18 часот (што воопшто не ми претставува тешкотија или обврска) и после уживаш:) друга работа... има и ефтини кафани или такозвани биртии:) двете опции никат не испаѓаат од комбинација :)
 
јас не знам зошто владава се занимава со закони за секакви деликвенти ке им брани да пијат хахаха ако сака некој да јаде гомна зар ке му забраниш треба да спроведе други ригерозни мерки штом се фати некој малолетник во алкохолизирана состојба да го однесат на превоспитување на пример со еднонеделна работа само со еден ручек барем и државата да има корист од нив бидејки кога се гроги ни фамилијата нема корист од нив
 
Не е прохибиција. Што е сменето?

Сменето е само дека како возрасен после 19 часот можеш да пиеш по кафански цени, со 400% маржа.
 
САКАМ АЛКОХОЛ!!!
Незнам зошто ама мене секој викенд ми се пие после 21:00. И тука започнуваат проблемите... Мислам ако сакаат да спречат ширење на алкохолизам и алкохолизирање на малолетници тоа го можат на многу начини. Ај овде ке прекинам зс може да ми излета нешто што не треба...:toe:
едит:сепак неможам да одолеам и мора нешто да кажам. како тргнала работава ќе ни ги забранат сите земни задоволства.
п.с:НЕ ВИ ГО ДАВАМ КОМПЈУТЕРОТ!!!
 
ajde be muabeti bez vrska
da dobiela vladata glasovi
pa kolku lica se zaginati pri sobrakajki pod dejstvo na alkohol posle izlazak
vladata ima potpolno pravo za ovaj zakon
 
ajde be muabeti bez vrska
da dobiela vladata glasovi
pa kolku lica se zaginati pri sobrakajki pod dejstvo na alkohol posle izlazak
vladata ima potpolno pravo za ovaj zakon

Одговори ми - што е сменето?

Сменето е само дека како возрасен после 19 часот можеш да пиеш по кафански цени, со 400% маржа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom