Камо кампањи за штетноста на алкохолот, пред да се донесе ригорозен закон? Камо едукација на кадри? Камо труд, наместо најлесната солуција - сечење?!
Боље спречити него лечити.
Српска поговорка на Македонски форум.
За едукацијата, ебаго и тоа не се прави асално.
Едукација против СИДА и СПБ во моето средно училиште
Доаѓаат дечките од ХЕРА и една девојка со нив заедно, не собираат ко овци во трло и почнуваат со Денес ќе ви објасниме за тоа што е СИДА, кои се СПБ и на кој начин се пренесуваат и правилно ставање на кондом(ооооооооооооооооо аплаузи од страна на неандерталците)
Бљафтаа што бљафтаа и дојде редот да стават кондом на банана. Зима девојката SURE кондом, а предходно го тупи за тоа како треба да се купуваат КВАЛИТЕТНИ КОНДОМИ од добро познати производители како Durex, LifeStyle итн итн. Отвара кондомот, таман да го навлече на бананата се кине. Зима нов SURE кондом, ептен пополека го навлече едвај и само што не се скина и гордо ко Кипот на слободата ја дигна бананата и рече Е вака се поставува правилно кондом. Ни поделија по два три кондоми колку да ни се најдат и рекоа дали некој има некое прашање.
Дигам јас мое слабо лево раче за да поставам прашање, ми вика повели дечко станувам и ја прашувам "Зошто ни објаснувавте за квалитетните кондоми и опасноста од користење кондоми кои не се уредно спакувани и заштитени, а вие ни покажувате со кондом кој при нормално ставање пукна, и исто така ни поделивте од кондомите кои ги извадивте од Веро кеса?
Ме погледна чудно ама ми одговори. Не ни даваат пари за DUREX па се снаоѓаме со вакви
Чисто пуштив ваква споредба ко што не чека за едукацијата која би ни ја пренеле за алкохолот