Шефе имам допуна на темава
Најчестите причини зошто мажите не се успешни со жените и како да ги избегнете
Грешка 1: Премногу фин со неа
-Си заприметил ли некогаш дека најатрактивните женски никогаш не се привлчени од „фини“ момци?
Се разбира дека си заприметил
-Можеби како и повеќето имаш по некоја атрактивна девојка како своја пријателка, која секогаш завршува со некоја „будала“, но никогаш не била сексуално заинтересирана за тебе.
-Си се запрашал ли што се слушува?
-Всушност цела работа е едноставна...
Жените не избираат поради тоа колку е фин некој, Го избираат тој што го избираат бидејки чуствуваат привлечност кон тој, а и неможат да објаснат зошто баш тој што го избрале им е атрактивен.
И знаеш што? Фин дечко не им буди ЧУСТВА на моќна привлечност.
Тоа што ќе се трудите да бидете фин, кај неа не преизвикува привлечност.
- Знам дека ова нема некоја смисла но ТАКА Е, и не се замарајте повеќе со „да се биде фин“.
Се додека не го прифатите овој ФАКТ, никогаш нема да бидете успешни со жените.
Грешка 2: Обидување да ја натерате неа да ве сака.
-Што повеќето момци прават кога ќе сретнат некоја девојка што НАВИСТИНА им се допаѓа, но не е заинтересирана?
Се обидуваат да ја „натераат“ девојката да се чуствува поинаку спрема нив.
Е па еве новост за вас: НЕМА НИКОГАШ ДА ГО ПРОМЕНИТЕ МИСЛЕЊЕТО НА ДЕВОЈКАТА КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ПРИВЛЕЧНОСТА.
Ама никогаш, никогаш, НИКОГАШ. Ако не и сте привлечен што и да правите џабе е.
Не можете да и го промените размислувањето со „логичко расудување“.
Размислете, доколку девојката „не чуствува ништо спрема вас“ како мислите воопшто дека ќе го промените тоа со логика и расудување.
Но сепак сите го правиме тоа, молиме, „бркаме“, убедуваме на овој или оној начин.
Лоша идеја, која никогаш не проработува.
Грешка 3: Барање на одобрување или дозвола од неа
-Во желба да ги задоволиме женските секогаш бараме нивно одобрување или дозвола за нешто. Пример:„Сакаш ли да одиме ...ваму или таму “ ..„Може ли да зборуваме за ова или она ...“ ..
Е ова е уште една лоша идеја за да ја придобиете женската.
Треба да знаете една голема вистина: Жените никогаш не се ПРИВЛЕЧЕНИ од оние кои им одат по газот.
Немој да се сваќаме погрешно. Не треба да се однесувате како ИДИОТ за да бидете атрактивен за женските. Вистината е една, доколку се претворите во оној кој го прави нејзиниот збор „алфа и омега“ тогаш никоја нема да биде привлечена од вас. Верувајте ниедна не е сексуално прилечена од ПАПУЧАР, освен доколку е „настрана“.
Грешка 4: Обид да го „купите“ нејзиното внимание со плаќање вечери и купување подароци
Колку пати сте биле одбиени од некоја на која сте и ги плаќале вечерите и сте и купувале цвеќина и подароци поради некој кој не се однесува со неа ни половина отколку вие што се однесувате?
Да ова го имам искусено неколку пати, сигурно ви се случило и вас.
Знаете што, тоа што ве одбила и покрај сите тие работи што ги правите за неа сепак е НОРМАЛНО, бидејки не е природно да ги правите овие работи.
-Знаете ли што „и зборувате “ кога се однесувате вака : „Мислам дека не ти се допаѓам онаков каков што сум па ќе се обидам да го купам твоето внимание со подароци и плаќање на пијалоци и слично...“
Грешка 5: И кажувате како се чуствувате спрема неа премногу рано
-Оваа е една од најчестите и непроценливо лоши грешки што ги прават мажите,...споделување на чуствата за тоа како се чуствувате спрема неа. (Премногу рано сметам 4-5 месеци
одкога сте заедно).
Сите сакаме атрактивни девојки, но знаете што, на таквите девојки и пристапуваат неколку души дневно, па можете да изброите колку души и пристапуваат неделно или месечно. Она што сакам да го кажам е дека тие се полни со ИСКУСТВО и знаат што ќе очекуваат.
Па кога само по неколку состаноци им кажете нешто како:„Знаеш што, навистина, ама навистина ми се допаѓаш“, ќе ве сметаат само како еден од многуте кои многу рано „се издрискал“ па нема да и бидете многу интересен понатаму.
Нема ама буквално никаква потреба да зборувате такви работи, повлечетесе од такви тензии, опуштете се, уживајте прво малце со неа.
Грешка 6: Не добивате секс. Како привлечноста работи кај жеите?
Додека вие можете да почуствувате привлечност кон некоја женска само со тоа што ќе го здогледате нејзиниот секси задник, кај женските тоа не е случај. Треба што побрзо да го прифатите овој факт. На женските и требаат чуства. Доколку сте способни да ги предизвикате вистинските чуства во неа, тогаш може да се зборува дека таа осеќа привлечност кон вас. Скоро пет години се обидував да си ја разјаснам оваа работа и едно е сигурно: Жените не се „палат“ многу , (најчесто многу малку) на вашиот физички изглед.
Единствена работа што може да ја „запали“ девојката е вашата личност или карактер. Доколку ги поседувате потребните црти од карактерот ВИЕ ќе ги привлекувате сите атрактивни девојки.
Не значи дека доколку сте само богат и убав жените ќе ве сакаат.
Многу е важно да го знаете секој чекор што треба да се направи со женската и тоа од првиот состанок до спалната.
Грешка 7: Размислување дека се е до парите или изгледот
Една од најголемите грешки што ги прават момците е одкажувањето од некоја атрактивна девојка размислувајки дека се е до парите или изгледот и дека таа никогаш не би сакала да биде со тип како него.
Ок, има и такви што само тоа ги интересира, ама тие не ни се приоритет.
Но 85% од женските, верувајте, се заинтересирани во личноста или карактерот а не до парите или изгледот.
Знаете што, јас немав ни кола, и знаам многу како мене кои имале повеке женски од било кој богат тип.
Еве една вистина колку за споредба: Доколку знаете добро да го презентирате говорот на вашето тело и да знаете да ја одвивате комуникацијата со било која женска , можете да предизвикате онолкаво сексуално привлекување колку што вие би почуствувале доклку здогледате гола девојка во поза 'DOGGY STYLE'.
Грешка 8: Предавање на цела ваша моќ на женската
Предходно спомнав дека е гршка да барате дозвола од женската за било што.
Слично на оваа грешка е да ја предадете цела ваша моќ на вашата девојка или „пријателка“.
Најголемата вистина е дека девојките не се привлечени од „папучари“, колку и да тоа изгледа поинаку.
Грешка 9: Незнаење што да се прави во секоја спечифична ситуација
Сега подгответе се за еден интересен факт: „Жените скоро секогаш знаат што мислите“ . Женските се 10 (десет) пати подобри во читање на говорот на телото од нас. Значи вашата единица 1x10 па нивната 10-ка
Знам дека е тешко за верување но така е. Пример, доколку сте излезени со неа и сакате да ја бакните таа веќе го знае тоа
.
Доколку не сте сигурни во себе и не знаете кога е моментот, таа само ќе ве посматра и никогаш нема да ви помогне
. Така е и во сите работи со женските , пристапот, земањето на нејзиниот број, бакнежот, сексот, доколку не знаете таа нема да ви помогне
.
Значи доколку не знаете како во секоја сетуација највероватно ќе ја оплескате. И знаете дека е така.
Многу е важно да знаете како да се справите во „ секој чекор“ со женските, од првиот состанок до креветот.
Грешка 10: Не ангажирање или небарање помош
Оваа е најголемата грешка од сите. Оваа гршка ги држи машките од тоа да бидат успешни со женските онака како што тоа од секогаш го сакале. Знам, машките не треба да покажуват слабост, не треба да бараат помош, такви сме сите нели. И јас бев таков , ама се сменав а и животот ми се смена од тогаш.
Да ви зборуваме малце повеќе за нас или за еден од нас, пример јас.
Пред околу 8-9 години јас бев толку непрактичен со женските што дојдов до фрустрирање. Ја паметам таа случка како вчера, пред мене стоеше најпрекрасната девојка за мене во тоа време и знаете што јас само седев таму(го паметам и местото) и незнаев што треба да направам и ненаправив ништо. Тогаш беше моментот на мојата преродба си ветив дека ќе направам се' ако треба „ќе одам до крајот на светот“, ама ќе го дознаам се' она што те прави успешен со жените. Ок, поминаа години, од почетокот сум правел „повеќе глупирања“, но тоа не ме спречуваше бидејки знаете што „Јас ја имав желбата да се променам“ и така и беше. Сега можам да и пристапан на било која женска, а и ми станало тоа како рутина, не имам некои преголеми чуства околу тоа, но знам дека ми е мило што “никогаш повеќе не се чуствувам како што се чуствував пред да се променам“. Еј, сега се ми е прекрасно, бидејки знаете која работа потсвесно ве одржува во живот : тоа е желбата за сексуално задоволување, потоа следува желбата за лична величина. Знаете што се случува кога успешно ќе ги задоволите двете: станувате среќна личност, независно дали сте свесен за таа состојба или ви е гајле