Сериски броеви

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Не,темата стои за копии,а копии се јавуваат од повеќе причини,не е само твојата.
Интригантно е тоа што ти ги браниш и оправдуваш,а целото нивно размислување се темели за они да размислуваат како што размислуваат прифатените.
Притоа претпоставката дека општеството ги диктира правилата спрема мнозинство,а не према објективни причини од кои може да заклучиме добро/лошо,се губи целиот мерен систем.

А ако индивидуата тоа не го гледа,како прво,и се плаши од тоа да мисли,како второ,тогаш тоа е веќе разјаснето,стравот го прави своето.
Е затоа не вреди да дискутираме за нив,се е јасно.
За причините кои се многу реков дека нема потреба да ги дискутираме.
Епа некој требаше да се обиде да ги брани и таквите во недостиг на некој од нив да се охрабри и да пише тука.
Правилата кои опшеството ги дикитира секогаш биле и се надевам дека ќе се во рамките на глобалното нормално т.е она што го знаеме за такво а за објективните прични си сосема во право.

Е сега таквите индивидуи ги има, факт е, ги има и во реалноста, најгоре прашав што со нив, нема веројатно потполно да ги отфрлиме?

и за крај тоа што реков:
Не се концентрирајте само на форумот кога станува збор за темава, туку општо за сите сфери на социјално делување.:smir:
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Што мислите за овие типови на луѓе?

Сериските броеви кои што секогаш размислуваат така како што размислува толпата, што би рекол Ниче, има само еден пастир и само едно стадо, тие што се различни доброволно заминуваат во лудница, но сепак, пластично да објаснам за да не дојде до недоразбирање:
Се отвара тема еве во Општи муабети и 90% од мислењата ќе бидат слични, ако не и исти, напишани од еден човек со различен ник.

Дали воопшто ги приметувате сериските броеви?
Дали сте еден од нив?
Или што кога едноставно, размислувате различно од другите, која е казната или благодетот што ве ставаат во ранг на екцентричност?
Крајно, најинтригантното прашање за мене, како може воопшто да се цени мислењето на серискиот број кога сепак не е негово?:raz:

Не се концентрирајте само на форумот кога станува збор за темава, туку општо за сите сфери на социјално делување.:smir:
Сериските броеви можат и ненамерно да постојат, но тука проблемот го наоѓам во површинските теми. Сепак кога е темата ограничена односно потесна, и нема да може луѓето да имаат многу различни мислења и секогаш сакале или не мора да се појават повеќе истомисленици. И мене не ми се допаѓа овој назив=сериски броеви, но сепак постојат и такви луѓе како некој што пиша погоре кои прават и мислат онака како и мнозинството. Лично јас не спаѓам во таквите, ниту пак сакам да се истакнувам , но имам свои ставови за било што и не ми е потребно мнозинството за да знам дека сум во право. Напротив, токму тие гледајќи едни од други можат да направат катастрофална грешка. Секогаш си се слушам себеси, посебно ако сум сигурна во нешто, ако веќе сум воздржана може да се случи да го прифатам мислењето и на другите па макар биле тие и сериски броеви. Искрено, мене не ми пречи да ме стават во ранг на ексцентричност, напротив тоа ми е баш интересно, а нема поубаво чувство од тоа ако на крајот излезе дека само јас всушност сум била во право!!!!!:vozbud:Лесе е одговорот на последното прашање= тоа мислење воопшто не треба да се цени или барем јас лично не го ценам. Таквите луѓе ги сметам како луѓе со слаб карактер, без изградени ставови и кои што сопствениот живот го управуваат водени од насоките на туѓите животи!!!!!!!!!:helou::smir:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
And here we go again... ( овојпат со серискиот број на MAC)) )
Лесе е одговорот на последното прашање= тоа мислење воопшто не треба да се цени или барем јас лично не го ценам. Таквите луѓе ги сметам како луѓе со слаб карактер, без изградени ставови и кои што сопствениот живот го управуваат водени од насоките на туѓите животи!!!!!!!!!:helou::smir:
Ако ти пријдат тројца машки и еден од нив каже дека си убава а другите двајца го кажат истото ти ќе кажеш дека тројца ти рекле УБАВА СИ нема да речеш еден ми рече убава сум а беа тројца... тоа никако, нели? И го цениш сега или не?
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Во ова е веќе сржта на муабетот! :)
Комплетно се сложувам ... но сепак, варијациите кај луѓето во копирањето се различни.
Значи, ако јас го делам мислењето со друг човек, мора да значи дека го копирам?
:jaj:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Значи, ако јас го делам мислењето со друг човек, мора да значи дека го копирам?
:jaj:
Па според "дефинициите" кои погоре ги наредија го копираш а тоа автоматски те прави заостаната т.е сите кои делиме мислење не прави заостанати.... веројатно грешка во нивното дефинирање ама и немање смелост да си ја признаат истата.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Дали воопшто ги приметувате сериските броеви?

- Да, преголем број овци за една мала држава.

Дали сте еден од нив?

- Па тие што ме знаат, свесни се како и јас самиот дека премногу се разликувам. Горд што не сум еден од нив.

Крајно, најинтригантното прашање за мене, како може воопшто да се цени мислењето на серискиот број кога сепак не е негово?

- Па нели дека секое мислење е подтикнато од некое/нешто пред самото да биде искажано?

Затоа и повеќе го ценам мислењето што го прифаќаат помал број на слушатели отколку на големо стадо овци спремни за шишање.

На таквите луѓе не им е битно што сум кажал јас и што произлегло од мојава над просечна интелигенција... зошто?!?! па јас не сум оној кој излегува на телевизија и глуми Тито пред цел плоштад. Битни се камерите и цела новинска екипа само со таков начин се шират мислења кај ови луѓе. Со добра изведба и ќе знаат каков тоалет папир користиш.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
And here we go again... ( овојпат со серискиот број на MAC)) )

Ако ти пријдат тројца машки и еден од нив каже дека си убава а другите двајца го кажат истото ти ќе кажеш дека тројца ти рекле УБАВА СИ нема да речеш еден ми рече убава сум а беа тројца... тоа никако, нели? И го цениш сега или не?
Мислам дека мешаш ситуации.

Ако она е убава (да речеме Сања Николиќ убава),нормално дека сите ќе и викаат убава си.
Ако она е грда ("Девојка ми и мојата кола сликите" - грда) тогаш нормално дека едниот ги поттикнал другите да го копираат.
Лесно е да се приметат copy-cats :)

А за општеството,нормално дека ќе е нормално тоа што го прават сите.
Замисли си ситуација во која 80 % од луѓето во него ќе бидат геј,тогаш нормално ќе е да биде некој геј,а не стрејт,нели?

Општеството не е ништо друго,освен глас на мнозинството.
А одамна знаеме (уште од К-15 времиња) дека мнозинството не знае да гласа.

Така што,ти ако ги браниш ради реда (зашто немало кој друг),лесно ќе ти ги побијат твоите ставови.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.731
Поени од реакции
34.306
^ Но зошто поголемата маса од општеството треба да има такво влијателно учество во приватните животи на една индивидуа, и така потсвесно да не тера да ја следиме масата од поголемиот процент на општеството и на еден начин да ја копираме истата?
Не треба секој да си има свое мислење околу нештата? Завземен став околу нешто?
Или скриениот страв во нас од игнорирање и гледање коцкасто од околината не тера да се однесуваме така?
Лошо влијание врз социјалниот живот ако не се однесуваме како повеќето, сепак.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
За луѓето во форумски рамки и немам некои посебни размислувања на темава, ниту пак е мерило затоа што некој пишува за повеќе постови, некој само глуми ретард, друг е тука едно а во животот нешто трето.. Затоа надвор од интернет просторот...

Секој човек си има свои сфери на интересирање во животот, за работи што се вон тие полиња најчесто го прифаќа општоприфатеното мислење од причина што нема мотив што ќе покрене реакција да изгради свое. Најчесто и махинално. Тоа воопшто не го прави сериски производ.

Мене многу полошо и попатетично ми изгледаат луѓето што со сила се трудат да бидат нешто посебно, на секој можен начин да покажат дека секогаш се на друга страна од мнозинството, несфатени бидејќи се над просекот на општеството и во ниту еден аспект не се дел од серија туку уникатни. 99% копирајќи нечии ставови и идеологија.
Здрав и жив да си ми уште 100 години. Најдобриот пост во темава.Целосно се сложувам.
Факт е дека форумов е полн со патолошки случаи,но не се трудам да ги класифицирам дали шибаат ластици или не. Некои се тука за забава и пополнување време,некои тука градат цела империја од живот,многу нешта им зависат од форумот и го гледаат како втора идеална држава...:) Така да,дискутабилно е дали го ценам мислењето на сериските броеви. Конкретно за форумов,се случило да имам подпросечно мислење за некоја личност по постовите што ги пишува,но откако сум ја запознала во живо се наметнала на самата нејзина форумска фигура и целосно ме натерала да си ги проголтам моите стереотипи. А се случило и спротивното. Многу ,многу пати.Затоа е полесно сега за сите да мислам дека се човечки суштества :P :pos:
Интересното е тоа што серискиот број во секојдневниот живот е различен,уникатен,па темава уште од самиот наслов е контрадикторна :)
Не значи дека ако за нешто се сложувам и делам исто мислење со дадени личности и толпа сум бледа копија на `поглаварот`.И тие што очајно сакаат да се издвојат по секоја цена се копии на нечии идеологии напишани во книгиче од 250 страни како што рекоа погоре.Таму пак нема варијабилност во ставот,туку директна потврда на истиот.Затоа што ако варираш во нешто,се губиш во идеологијата.

Можеби ти се сложуваш со сржта,идејата на разговорот на некој,но битните работи кои најчесто се изоставуваат ,т.е напишани се со ситни букви на дното на страната што се вели,се оние кои даваат различни спектри на мислење. Сите кога не би ги идеализирале нечии каканици само да си речеме на себе дека и ние сме посебни,не само на личностите од минатото туку и на урбаните самонаречени херои и степски волци кои гуглале и први нашле нечии цитати на quote page,би имало многу поголем опус од нијанси.
И за крај она добропознато клише-никој не е посебен.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Мислам дека мешаш ситуации.

Ако она е убава (да речеме Сања Николиќ убава),нормално дека сите ќе и викаат убава си.
Ако она е грда ("Девојка ми и мојата кола сликите" - грда) тогаш нормално дека едниот ги поттикнал другите да го копираат.
Лесно е да се приметат copy-cats :)

А за општеството,нормално дека ќе е нормално тоа што го прават сите.
Замисли си ситуација во која 80 % од луѓето во него ќе бидат геј,тогаш нормално ќе е да биде некој геј,а не стрејт,нели?


Така што,ти ако ги браниш ради реда (зашто немало кој друг),лесно ќе ти ги побијат твоите ставови.
Ситуацијата ми беше најпрост пример за тоа дали треба или не да се слагаме со туѓото мислење иако тоа се поклопува со нечие друго.

Еве уште еден пример... ако ти речам дека си паметен ти ќе го потврдиш тоа (и ќе бидеш сериски број т.е заостанат) или ќе ме негираш? :)

За примерот со Сања.. и девојка ми и колата нема тука што да се каже дека е копирање, едноставно група на луѓе со исто мислење го споделува истото :toe:

А ако има опшество со 80% геј тогаш да се биде стрејт ќе биде ненормално и неприфатено од заедницата (ситуација спротивна на оваа сега а и толку нерелевантна во темава).
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Релевантно е баш тоа.
Јас ти зборам за апсолутни вистини,како дека водата врие на 100 степени.
И 50 луѓе по ред да го кажат тоа,едноставно,никој не копира никого.

А се што одредило општеството е релативно,а не апсолутна вистина,така да тие што се водат по тоа како таква (апсолутна вистина),тие се без перцепција на светот.
И пак дојдовме до почетокот на мојата поента :)
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Неможам да се дружам со луѓе што немаат во топлата свое мислење за работите.. Не сум таква и таквите ме нервираат до тоа ниво што паѓале и фајтови.. Кажи си го своето.. Па макар и најбедно на свет да е!
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
И пак дојдовме до почетокот на мојата поента :)
Која гласеше:
А што е со сериските броеви кои мора да се такви за да не наидат на осудување од останатите?
Таквите се со пореметено сфаќање и перцепција на светот,таквите се без свое мислење,таквите се едноставно,глупи.
Не вреди за нив да дискутираме на темава.
За подоцна да кажеш:
Јас ти зборам за апсолутни вистини,како дека водата врие на 100 степени.
И 50 луѓе по ред да го кажат тоа,едноставно,никој не копира никого.
...тоа што го кажав погоре и од каде што отпочна оваа дискусија со твојата поента во мултицитатот погоре се однесува на луѓе кои се држат до мислењето кое преовладува и е прифатено иако за нив викате дека го копираат или еве ти непосредно: викаш дека водата врие на 100 степани и колку луѓе и да го кажат тоа не се копии... што и не е баш во рамки на твојата поента т.е ако тие луѓе кажат поинаку дури тогаш и те како ќе бидат сметани за пореметени и сл.
А се што одредило општеството е релативно,а не апсолутна вистина,така да тие што се водат по тоа како таква (апсолутна вистина),тие се без перцепција на светот.
А за релативностите и апсолутните вистини во опшеството и ти и јас сме премногу млади а и како такви ќе умреме (макар било тоа кога ќе имаме 90+ години) и нкогаш нема да го сфатиме во целост со неговите интриги и начин на функционирање во рамки на сфаќањето на нормалното кое тоа го дефинира.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Види,јас сега пак ќе ти пишам уште еден цитат,и ти пак нема да ме сфатиш,и ќе продолжиш со твоите аналогии.

Реков,луѓе со пореметена перцепција на светот,а тоа се однесуваше на релативна вистина.
Ти ми мешаш мој пост со пример од апсолутна вистина,и го конвертираш за да служи во твојата цел.

Затоа,наместо да ти реплицирам пак со друг пример,едноставно препрочитај што сум напишал.
Finito.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Она што мислам дека е поентата на темата, е дека најголемиот дел од нас е следбеник. Многу мал дел од нас е водач.
Луѓето имаат обичај да прифаќаат туѓи мислења затоа што е поедноставно, не ги придвижуваат своите виуги, туку веруваат на збор, особено ако тоа (што и да е) им го каже некој кој за нив е авторитет. Па потоа истото го прераскажуваат понатаму со што стануваат буквално сериски број. Копија на првиот примерок.

Дали сум еден од нив, поим немам, најчесто сакам да донесам свој суд, но кој од нас е совршен?

Мислењето на серискиот број е лесно препознатливо, и уште полесно се побива. Тоа нема вредност, односно има исто онолку колку што има и кафе-трач муабет.
Проблем настанува, како што веќе некој кажа на темата (не, ова не е копирање, а и да е, ме заболе), кога луѓето по секоја цена сакаат да бидат уникатни, односно да бидат креатори на мислење а не поддржувачи. Тогаш се создава вештачка, префорсирана “посебност“ од која нема потреба, и која изгледа полошо дури и од серискиот тип на размислување.

Мојата парола секогаш е “цврсто на земја“. Но тоа не значи да се биде овца, да се следи, туку цврсто на земја значи со свои сили, со личниот потенцијал, кој нема да биде дел од наметнато мислење, туку размислен став, а истовремено нема да биде летање во облаци и лично гледање на работите без разлика дали тоа може да биде имплементирано во општеството, односно на маса со пријатели.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom