Контроверзниот музеј на ОНА се отвора денес
Црвената лента на „Музејот на слободата“ и без потребните дозволи ќе ја сече лидерот на ДУИ, Ахмети
Катерина Богоева
Денеска во Општина Чаир во Скопје во рамките на одбележувањето на Денот на албанското знаме, лидерот на ДУИ Али Ахмети, ќе го отвори Музејот на слободата, во јавноста познат и како музеј на ОНА, сместен во старата градска куќа на семејството на Јашар-бег Кумбараџи.
На отворањето ќе говори и општинскиот градоначалник Изет Меџити, кој годинава во неколку наврати беше јавно обвинуван од страна на директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман за незаконско интервенирање врз објектот кој е ставен под привремена заштита.
Вчера напладне можеше да се види како забрзано се привршуваа работите на реставрираниот објект од страна на Општина Чаир, во кој треба да биде презентирана историјата на Албанците, од периодот на оформувањето на Призренската лига се' до настаните во 2001 година. Сегашните коалициски партнери ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, во прилог на партиските и политичките цели, во овој случај ја заборавија потребната законска процедура, неопходните дозволи од Управата за заштита на културното наследство, за кои Општината се' уште не поднела барање. Музејот се отвора и без потребната дозвола и за вршење на музејската дејност, со најава дека ќе следува легализацијата.
„В ред е што Општина Чаир сака да ја заштити куќата и да отвори музеј, но сето тоа треба да се одвива во рамките на актуелните законски прописи, а не според обичајното право“, изјави летото за „Утрински весник“ Паско Кузман, најавувајќи и кривична пријава до градоначалникот на Чаир за започнатите интервенции.
Но, ништо не се случи во таа насока. Споменикот на културата остана со статус на привремено заштитен објект, а медиумите деновиве ја пренесуваат и неговата нова изјава дека „сегашните коалициски партнери се договориле и дека е најважно што куќата ќе остане културно наследство на Македонија“. „Поради политичките услови не реагираше ниту инспекцијата. Не се направија обиди да се одземе објектот и да се спаси од пренамена, да остане заштитена градска куќа“, посочи архитектот од Управата за заштита на културното наследство Мирјана Димовска-Чоловиќ.
Програмскиот директор на Музејот на Македонија Перо Јосифовски вчера ги демантираше изјавите на градоначалникот на Чаир дека оваа институција е вклучена во припособување на елаборатот за законско регистрирање на новиот музеј, кој според Меџити е изработен во Албанија, од академик Беќир Метај. Минатата година куќата под заштита ја стави Конзерваторскиот центар на град Скопје по барање на Управата за заштита на културното наследство, а по претходно поднесена предлог-иницијатива за заштита од Град Скопје.
Аирлија работа нека е...преродбата продолжува :helou:
Извор Утрински
http://utrinski.com.mk/?ItemID=A649C82F1E934E489F8EC9A1CFD87B77