Кајгана психолог

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Епа вака: На училиште имам 3 единици, и најлошо е тоа што никако не можам да ги поправам, не ми се седнува да учам ама воопшто! Незнам дали заради тоа или некои си др причини почнав премногу да пушам цигари (и понекогаш марихуана)... а и скоро секој петок и сабота се опијанував... дури и неколку пати бев однесен на брза помош. Пред еден месец моиве ми забранија да излегувам се додека не ги поправам единиците... и додека да намалам со алхохолот ( а цигари и марихуана воопшто и незнаат дека пушам, а се плашам што ќе биди ако дознаат)... И вака целосно се чувствувам како во затвор. На училиште ме носи татко ми, исто така и ме пречекува (другариве веќе почнаат и ме зафркаваат)...значи не можам да мрднам! Само понекогаш во петок и сабота ме пуштаат да излегувам со една братучеда која е 2 години повозрасна од мене, али не е то то кога некој ќе те варди секоја минута! А пошто сум голем инает... вака никогаш нема да поправам ни единици ни ништо... Размислувам да избегам од дома, само незнам каде би отишол!
Ај сеа вака. Ќе замислиме дека бегаш од дома.
а) престојуваш кај другари/роднини. Колку време ќе можат тие да те издржуваат? Мислиш дека ќе ти даваат пари за ти да излагаш, да пиеш и да пушиш? Да ти плаќаат партиципација?
б) се вработуваш и живееш сам (мада со незавршено средно не знам колку е изводливо да си го дозволиш), али ајде нека ти биде. Мислиш дека поарно ќе ти биде да 'рмбаш по 10 саати на ден? Поарно отколку да прочиташ еднаш една лекција за ебена двојка и да си го ладиш остатокот од денот?

Ќотек за тебе, дете.
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Епа вака: На училиште имам 3 единици, и најлошо е тоа што никако не можам да ги поправам, не ми се седнува да учам ама воопшто! Незнам дали заради тоа или некои си др причини почнав премногу да пушам цигари (и понекогаш марихуана)... а и скоро секој петок и сабота се опијанував... дури и неколку пати бев однесен на брза помош. Пред еден месец моиве ми забранија да излегувам се додека не ги поправам единиците... и додека да намалам со алхохолот ( а цигари и марихуана воопшто и незнаат дека пушам, а се плашам што ќе биди ако дознаат)... И вака целосно се чувствувам како во затвор. На училиште ме носи татко ми, исто така и ме пречекува (другариве веќе почнаат и ме зафркаваат)...значи не можам да мрднам! Само понекогаш во петок и сабота ме пуштаат да излегувам со една братучеда која е 2 години повозрасна од мене, али не е то то кога некој ќе те варди секоја минута! А пошто сум голем инает... вака никогаш нема да поправам ни единици ни ништо... Размислувам да избегам од дома, само незнам каде би отишол!

да ти кажам нема зошто да бегаш од твоите. Златни се луѓето. Да си ми дете ќотек ќе јадеше досега. Они само сакаат да бидеш здрав со тоа што нема да пиеш и да ти биде полесен животот со тоа што ќе имаш образование. Затоа како мерка решиле да те казнат со испаѓањето, ама биле многу фини. Им честитам на трпеливоста. Ти кажав да си ми дете за пијанчење во средно па носење до болница, ќе го јадеше стапот.
Иако разбирам да си пиел, да си пушел(за дрогава ич не разбирам ама ај ќе речам глупа љубопитност) ама по муабетов и сфаќањава не ми личиш за глуп и нискоинтелегентен за да имаш кецови, па дури три. Кога е еден, може да не чини професорот ама кога се три, значи до тебе е. Средното школо а и факултетот се за просечни луѓе. Просечните завршуваат средно најмалку. Ако не ти фаќа просечна информација главата, жал ми е. А знам дека во твојов случај не е така. Интелегентен си ама инат си....
Е јас инатот го толкувам вака - кога немам аргументи за да продолжам со намерата, викам инат ме фана. Оти нема друго што. Причини и аргументи немаш за инатот. Тоа ти е пофин збор за состојбата од глуп сум и не попуштам.
Затоа, фани книгата, една мочана лекција научи ја, почни да испаѓаш навечер, не се пијанчи, среди се и почни да растеш.
 
Член од
31 јули 2010
Мислења
111
Поени од реакции
23
Јас од искуство ќе се обидам да ти помогнам.Овој тим лидер во животот ќе успее многу. Таа тактика кој на многумина ни оди на нерви во реалноста функционира одлично. Во фирма со повеќе вработени напредува оној кој кажува што направил,не оној кој правел а чекал некој друг да го пофали. Верувал или не понатаму во животот ќе ти биде потешко. Секогаш по непишано правило најгласните добиваат повеќе бонуси и напредувања. Ќе се запрашаш како е можно тоа? Помеѓу повеќе вработени менаџерот неможе да гледа се и кој колку и како работи. Плус и конкуренцијата помеѓу колеги со толку голема невработеност е минење преку живи тела,не очекувај некој да те пофали во иднина. Научи да се фалиш сам. Главен е генералниот успех,а не поединечниот.Оној што отскокнува од другите секогаш го кратат со ножица(најслаб и најдобар).
Би ти предложила за иднина да промениш нешто кај себе. Не се наметнувај во тим лидер од проста причина што секогаш први горат (има голем ризик кој за зачувување на работно место не ти е потребен).Второ,секогаш својот дел од задачата претстави го гласно и напомени дека ти во тој проект го заврши тој дел (гледај да бидеш добар во она што го работиш,ако твојот дел е најслаб прескокни го овој дел на потенцирање) и трето во близина на шеф,професор искажувај ги само твоите најдобри моменти од работата дали преку шега,дали со алтернативни решенија. И не заборавај да ги пофалиш колегите,никогаш не се доведувај во ситуација да критикуваш колега,зошто вратата ќе биде поблиску до тебе,него до него.
Откажување ни во лудило :)
(Може и преку пример да ти објаснувам ако ти е полесно,да не звучи како празно зборење,слободно прашај).
Ми се допаднаа советите и ќе се потрудам да ги применам.
Но јас сум по природа слаб во комуникацијата и во т.н "фалење" пред другите.м.Со други зборови сум скромен и токму поради тоа тешко ми оди кога треба да се натпреварувам со некој вербално.Искрено не ми е битен мојот резултат да излезе на површина ако не е квалитетен.На тој успех нема да се радувам.И многу сум слаб кога ќе дојдат моменти на несогласување на две различни мислења и обично попуштам и го прифаќам поинаквото мислење.Сето тоа ми е големо мачење на самиот себе и избегнувам било какви конфликти така што кога гледам дека ако се прифати другото мислење нема да има голема штета од тоа попуштам.Се уверувам дека сепак квалитетот кој ќе го направам со мојата работа кога тогаш ќе излезе на виделина.Но сепак полека сфаќам дека и маркетингот на самиот себе е многу важен.

Ете поради тоа што сум таква личност повеќе сакам да работам на индивидуални проекти одколку на групни.Истотака и имам проблеми понекогаш со самодовербата во искажување на ставовите, што дополнително ми ги отежнува околностите.Но поради тоа што модерното време ни наложува да работиме во тим сакам на време да се сменам или прилагодам колку можам повеќе.Поздрав

--- надополнето ---

Macedonian, лицето кое се обидело да с енаметне во вашата група како лидер на проектот и да раководи со целокупната работа, а притоа да не биде избран односно предложен од другите членови се чувствува дека може да направи повеќе од вас. Тоа , што тој го прави е симптом на гледање на другите од повисоко ниво. Тој се смета за поспособен од сите вие , а друга од причините која го натерала да тој с еоднесува така, потсвесно, е тоа што тој потоа со вашиот заеднички труд ќе сака да се претстави пред надлежнио, како заслужен за поголем дел од работата.
Она што мене ме буни тука е тоа што вие сите премолчиувате. Тоа е заедничќки проект а не негов. Тука треба да бидат идеите на сите кои учествуваат а не само она што него му с едопаѓа. Доколку вие не сте го смениле досега, и не го смените, а не ви се допаѓа, морам да речам дека не сте доволно храбри за да ги браните своите потреби. Друго ми беше муабетот. Сакам да ти кажам дека тој, како лидер кога веќе с епоставил и вие неможете да го смените, нема право, ниту заслуга да ги менува сите ваши идеји и заедничкиот проект да го направи негов. Тука, вие како членови на групата, би требалод а застаните цврсто зад своите идеи за добра реализација на проектот. ВО случајов поконкретно ти, доколку си сигурен дека твојата идеја е онаа вистинската за успешен продукт, тогаш ти и ќе ја реализираш онака како што ти си замислил. Околу твоето второ прашање, па дечко бе. НЕ откажувајсе од нешто што го сакаш. Верувај дека и да не успееш и да е твојата идеја лоша и да проектот испадни недоволно добар, верувај дека доколку го направиш она што си го замислил ќе се чувствуваш полесно. Ќе се чувствуваш исполнет затоа што на проектот ќе стои врежана твојата имгинација. Не се предавај така лесно , нема да ги изгубиш нервите од еден обичен проект. Напротив, продолжи и упорно настојувај да твојата замисла биде остварена затоа што повторувам, овој проект е заеднички и тука треба сите да учествувате со свое нешто, а не д аучествува само лидерот, користејќи ги вашите идеи, само изменети по негов вкус. Имај малку повеќе гордост.
Се надевам дека ова ќе ти помогне до некаде. Поздрав.
Па незнам можеби е тоа што викаш дека се гледала како поспособна од сите нас па затоа се поставила себеси во таа позиција на лидер, а можеби и не е така.Во тимот сме членови со кои не се знаевме сите меѓусебно кои сме и какви способности имаме.И како стана лидер?Поради тоа што не се знаевме никој што како и се постави прашање кој сака најмногу да биде лидер и само она се наметна и ние другите немавме ништо против поради тоа што нели сеедно е кој ќе биде лидер коа не ги знаеш луѓето со кој си у тим.Едноставно се наметна без некои критериуми.Да повеќе би се согласил со втората причина т.е. да се претстави како најзаслужна потоа со проектот пред професорот.Ама мислам дека така нема да стигне далеку во кариерата.Незнам може грешам уште сум неискусен.Фала на советите.Поздрав

--- надополнето ---

Види, има луѓе што се гледаат себе како успешни, и како пат до успехот го наоѓаат тоа, манипулирањето. И да ти кажам, колегата твој нашол добар начин да се истакне зашто вие сите му ќутите. Не викам дека треба така, ти викам дека тоа што го наумил, очигледно успева да го оствари зашто сите сте му потчинети и никој не го спушта на земја. Од мој аспект, океј е некој да си се истакнува себе на каков начин сака, без разлика дали тој начин мене ќе ме нервира или не, ама никако по цена мојот труд и цели да ги згази. Ако проба тоа да го направи, ќе си превземам, нешто, нормално. Не знам само што те чини едноставно да му кажеш дека не е тој најпаметниот од сите, и не смее да го прави тоа што го прави. Всушност не знам што те чини да му кажеш се што напиша тука. И како воопшто можеш да помислиш дека е рано да се нервираш за овие глупави проблеми? Ако си на факултет, не е рано, особено на држевен. Таму е борба, никој ништо нема да ти поклони. Тешко е и заслуженото да го добиеш во толкава мерка што си го заслужил, а не уште некој да ти поклони нешто. Значи ако му дозволиш на некој колега да те гази, кој си ти тогаш? Ти си вреден за газење? Зашто со твоето премолчување и незамарање на него му помагаш со твој труд да го оствари тоа што го наумил, без разлика колку е нефер тоа према другите. Му го олеснувате патот. Значи ти викам, ако он преку свои методи вакви или онакви пробува нешто да постигне, океј нека прави што сака. Ама МОЈОТ труд да го земе како свој, е тоа не може да му остане така. Мораш да се бориш за своето место и на факултет и дома и во општеството воопшто. И не е непотребно нервирање тоа, ако се расправаш со него. Јас на твое место, следен пат кога би пробал да ми се замеша во мојот труд, би му рекла нешто како, кој си бе ти да одлучуваш како ќе биде? Јас не сум рамноправен на тебе, па да смеам и јас да донесам одлука наместо сите, како тебе? Епа, јас сакам вака да биде. И немаш право да го смениш тоа, како што имаше за многу други работи што ти ги допуштив. Вака ќе биде и точка. И кога ќе презентира тешко дека јас би била само држач на хамер, што се вика, туку и јас би се вмешала во презентирањето. Немој да дозволиш да те газат. По никоја цена.

.
Убаво.Но ете по природа сум таков кој неможе да смисли тврдоглави и своеглави личности.Ми се крева косата од такви.И доколку не сум воздржлив ко шо бев до сега, воопшто немаше да комуницираме ние двајца.Ама се потрудив иако на своја сметка да го зачувам каков и да е нашиот однос.Секогаш се обидувам трзезвено да ги кажувам работите и да не го кревам гласот.И знам и на другите дека не им е сеедно тоа што го прави ама никој не се бунтува директно против тоа.И сега ако го направам тоа сам мислам дека ќе биде као ееј овој најпаметниов знае како треба да биде или нешо слично на тоа.А претходно кажав па несакам да се наметнувам или пак да сум црна овца во некоја група.Не сакам ни да ги оговарам луѓето, а не па да им го кажам тоа во лице.Сепак ќе пробам да соберам храброст понатаму и да проговорам.Па не сакам да се повторува сценариото со судбината на македонскиот народ...Фала на советите.Поздрав..:)
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178

Фино што си се потрудил без разлика на однесувањето на личноста да останете во добри односи, ама како можеш и понатаму да бидеш трпелив и да чекаш да ти се покажат квалитетите ако некој друг упорно го користи твојот труд за да се рекламира, ко што рече? И фино и тоа што не сакаш проблемите да ги решаваш со висок тон, во тоа потполно те сфаќам и убаво е што ја имаш таа особина. Ама не можеш да ќутиш. Колку и да сакаш да останеш во добри односи, можеш да го направиш тоа на фин тон. Да и речеш, чекај малку, и прашај ги сите дали им се допаѓа твоја некоја поента или идеја или било што. Не ја прашувај таа личност, туку сите други. Не се плаши, и ако не испаднеш во право. Што ако? Таму си за да научиш, да успееш да го совладаш новиот материјал со помош на информациите кои ти се веќе познати. А кој вика па дека таа што се истакнува дека знае се, или дека се што она ќе смисли дека е како што треба? Само она мисли дека е така, затоа што никој не ја побива едноставно. А ти штом те нервира, на ваков или таков начин мислам дека пред се ради себе мораш да направиш нешто. Зашто еве сега е овој проект, со тебе. Утре ќе биде некој друг проект, и некој друг ќе се прави самопрогласен лидер, и ти пак ќе ќутиш? До кога? Додека не завршиш четврта и не се најдеш себе во ситуација каде никој не те знае поради твојата неактивност? Ти викам, не мораш секогаш да бидеш во право, и секоја идеја да ти биде совршена. Ама можеш да пробаш, нема никако да изгубиш ако си дадеш шанса и ти да се вклучиш. И ако нешто не ти се свиѓа кога таа ќе каже или предложи за проектот, кажи и, нема зашто да се расправаш. Ако почне да се расправа, прашај ги другите, што мислат. Ако се согласат со неа, речи епа добро, ако ви се свиѓа на сите океј е. Ама ако се согласат со тебе, а со оглед на тоа што таа се истакнува и сите ве нервира, мислам дека се големи шансите, тогаш ќе имаш ете и практичен аргумент пред себе, зашто да продолжиш активно да учествуваш во изработката на проектот.
И тоа што го кажа, не сакам да ги оговарам луѓето, а не па да им го кажам тоа во лице. Човече, боље е во лице да им кажеш, по секоја цена. Океј, не е убаво да се збори ваков е онаков е позади грб, ама ако ти на некој му имаш кажано што мислиш за него на некој, и после во муабет со друг човек истото мислење го кажеш, тоа не е оговарање. Оговарање е кога збориш за некој а он појма нема дека ти мислиш така за него. Ете така. И немој те молам со овие изјави, ќе пробам понатаму да соберам храброст, ова она. Човече, СЕГА! Не се зезај бе, за тебе или за кој се работи? :)
 
Член од
31 јануари 2009
Мислења
258
Поени од реакции
12
Ok , vaka :
iam 21 godina i zivotot sto go iam momentalno e super . Drustvo, Familija, Fakultet itn. No po vtor ili tret pat mi se slucuva mozokot da mi zaglavi vo nekoi cudni metafizicki patista i prasanja bez odgovor sto vekje trae mozebi edna nedela i ne me ostavaat da spijam i funkcioniram normalno ... jasno mi e deka takvi kruzni bez odgovor misli mozat da dovedat do 300 mentalni problemi ko depresija , anksioznost pa sve do nevroza :/ Se iam konsultirano so psiholog i psihijatar ne sakaa da me staat na terapija bidejki mislat deka ne e potrebno. velat deka e normalna pojava kaj sekoj covek da projde niz takov period vo zivotot.
Ne se zamaram so prasanja kako : sto sme, zasto sme , kaj ideme , zivot/ smrt . custvuvam bitka u mene pomegju moeto ego i mojata podsvest ( site onie protokoli za normalno funkcioniranje, principi, sekojdnevni obvrski i planovi ). ponekad znam da se zaprasam kako ustvari go kontroliram svoeto telo, kakva e materijata na misla i kako fizicki se implementira istata... Iako psihijatarot mi preporaca da citam takvi knigi , statii , dokumenti sepak mi e strav bidejki se pojke i pojke e mozno da zaglavam vo toj svet. Se nadevam nekoj ke mi dade sovet kako ovoj nacin na zivot da go spojam so onoj na eden obicen ( kako sto bev pred nekoe vreme i jas ) covek .
Pozdrav :)
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028

Немаш поставено конкретно прашање. Не прашуваш како да не мислиш на одредени теми, а да се трудиш да не мислиш на нешто е исто што и мислење на истото :)

Кога мене ме мачат некои мисли, без разлика дали се прашања без одговор или проблеми, а не сакам да мислам во одредени моменти на тоа, едноставно си викам сама на себе да сменам тема за размислување... И ми успева.
Не дека потиснувањето е добра работа, ама некогаш едноставно ти треба пауза од одредени мисли.

Не знам што си читал, ама колку што гледам немаш некои информации кои ти ги прецизирале работите туку само те збуниле. А и се расфрлаш со миљон стручни поими :)
Подсвеста не е нешто шо моеш да го подразмислиш и да ти кликне шо те мачи. Егото не се бори со твојата подсвест. Тоа е нешто шо дозволува одредени работи да допрат до површина, а за други смета дека не е пожелно зошто може да ти наштетат. Користи одбрамбени механизми постојано за да ти одржува добросостојба и баланс. Селектира кои информации ти користат, кои не...
Подсвеста не ја контролираме, ама се манифестира на многу начини. Најчесто во соништата. Многу сонови имаат некое значење кое е кодирано на некој начин. Особено оние што се повторуваат. И телото и мислите ти се некогаш предводени од подсвеста. Затоа правиме некои рабои несвесно, кажуваме некои работи иако сме сакале да кажеме нешто друго...
Една слика, настан, збор, може да ти отвори цела низа на закопани спомени....

Како и да е, нема совет кој би ти бил многу корисен. Ако ти кажам да не мислиш на розев слон... голем розев слон... немој да мислиш на розев слон... никако немој да си помислил на розевиот слон... розев слон... НЕ.... секако дека ќе мислиш на проклетиот розев слон.... :) така да, единствено менувај си тема ако моеш да успееш, или мисли на тоа али наоѓај си одговори :/
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
^ Се кладам дека следниот пост на темава ќе гласи:

"КАКО ДА ПРЕСТАНАМ ДА МИСЛАМ НА Е***ИОТ РОЗЕВ СЛОН!?"
:)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
^ Се кладам дека следниот пост на темава ќе гласи:

"КАКО ДА ПРЕСТАНАМ ДА МИСЛАМ НА Е***ИОТ РОЗЕВ СЛОН!?"
:)
ТАКА ШТО КЕ ПРЕСТАНЕШ ДА ПУШИШ АВГАНИСТАНКА... ЗЕМИ СИ МЕКСИКАНКА И КЕ ТИ ШЕТААТ ПИНБОЛ ТОПЧИЊА ВО ТЕЛОТО. :)

Моето прашање е следното:
Како да престанам да мислам на е****от розев слон? Шала :)

Дали ако се самоутепам ке ми помогне да не бидам толку мрзлив, неодговорен и несконцентриран кога треба да ми текне нешто што се случило?
Ако не, што треба да направам?
 
шеф на подземје

зумбулот
Член од
25 август 2010
Мислења
1.213
Поени од реакции
76
драга кајгано мнгоу сум улав незна зошто , во понеделникот претепав човек само за тоа што ме навреди т.е ми повиша тон .
НЕ МЕ ЛЕЧАТ МЕНЕ НИ 10 ПСИХИЈАТРИ .
 
S

StormRage

Гостин
драга кајгано мнгоу сум улав незна зошто , во понеделникот претепав човек само за тоа што ме навреди т.е ми повиша тон .
НЕ МЕ ЛЕЧАТ МЕНЕ НИ 10 ПСИХИЈАТРИ .
самоконтрола... застани размисли можда ќе се свестиш...

--- надополнето ---

Епа вака: На училиште имам 3 единици, и најлошо е тоа што никако не можам да ги поправам, не ми се седнува да учам ама воопшто! Незнам дали заради тоа или некои си др причини почнав премногу да пушам цигари (и понекогаш марихуана)... а и скоро секој петок и сабота се опијанував... дури и неколку пати бев однесен на брза помош. Пред еден месец моиве ми забранија да излегувам се додека не ги поправам единиците... и додека да намалам со алхохолот ( а цигари и марихуана воопшто и незнаат дека пушам, а се плашам што ќе биди ако дознаат)... И вака целосно се чувствувам како во затвор. На училиште ме носи татко ми, исто така и ме пречекува (другариве веќе почнаат и ме зафркаваат)...значи не можам да мрднам! Само понекогаш во петок и сабота ме пуштаат да излегувам со една братучеда која е 2 години повозрасна од мене, али не е то то кога некој ќе те варди секоја минута! А пошто сум голем инает... вака никогаш нема да поправам ни единици ни ништо... Размислувам да избегам од дома, само незнам каде би отишол!
Dude... те разбирам потполно (ок не сум стигнал до марихуана само зато шо несакам изгледа масивна самоконтрола)... И ја имав проблем со алхохолот а богами нишо чудно и уште да го иам (јбг излегвиш и од 1но 10 идат ама то е, ќе се потсетиш на добро или лошо и се затерала работата) значи за тој дел не излегви или излези и едноставно пиј вода немој алхохол поќе од чаша. Кецојте, еее то не вервам дека си толку мутав да не мојш да набубаш за неколку предмети и да испукаш се живо. Маријана батали ја од то ајр немат... Со брачеда да излегуваш искрено не бива, стегни се малку закрпи се. И ја имав слични проблеми со оцените само шо никогаш не им кажав дома (ќути-дупи) и се испопрајв...

инаку мојот дел... имав пишано пред некое време, сега само не искажувам дека уствари пекол ми е во душава (јбг секој си има свој пекол) проблемот кој беше/е една личност не сакам да го елиминирам не дека не можам (долга и широка приказна) ама враќам дупло за се шо ми направила. И некако почнав да претервам со тутунот, ама јбг, сеа гледам да скинам малку од то. Ама ова жениве некако слаба страна ми останаа јбг не сум дотолку грд (мислам така барем :pos2:)
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Ok , vaka :
iam 21 godina i zivotot sto go iam momentalno e super . Drustvo, Familija, Fakultet itn. No po vtor ili tret pat mi se slucuva mozokot da mi zaglavi vo nekoi cudni metafizicki patista i prasanja bez odgovor sto vekje trae mozebi edna nedela i ne me ostavaat da spijam i funkcioniram normalno ... jasno mi e deka takvi kruzni bez odgovor misli mozat da dovedat do 300 mentalni problemi ko depresija , anksioznost pa sve do nevroza :/ Se iam konsultirano so psiholog i psihijatar ne sakaa da me staat na terapija bidejki mislat deka ne e potrebno. velat deka e normalna pojava kaj sekoj covek da projde niz takov period vo zivotot.
Ne se zamaram so prasanja kako : sto sme, zasto sme , kaj ideme , zivot/ smrt . custvuvam bitka u mene pomegju moeto ego i mojata podsvest ( site onie protokoli za normalno funkcioniranje, principi, sekojdnevni obvrski i planovi ). ponekad znam da se zaprasam kako ustvari go kontroliram svoeto telo, kakva e materijata na misla i kako fizicki se implementira istata... Iako psihijatarot mi preporaca da citam takvi knigi , statii , dokumenti sepak mi e strav bidejki se pojke i pojke e mozno da zaglavam vo toj svet. Se nadevam nekoj ke mi dade sovet kako ovoj nacin na zivot da go spojam so onoj na eden obicen ( kako sto bev pred nekoe vreme i jas ) covek .
Pozdrav :)
Јас порано бев многу незаинтересирана, онака имаше многу работи што се од општа култура а јас не ги знаев. И се дешаваа моменти да се обрукам некаде со некое прашање од небо паднато.. И еднаш седнав, си размислив... Зашто има толку работи што не ги знам? Дали сварно не ме интересираат или само ме мрзи да побарам информации? И почнав така да размислувам. Зашто кога ќе си поставам едно прашање зашто да не истражувам, да дојдам до одговорот? И еве, неколку месеци можам да кажам дека интензивно секогаш кога седам на интернет, читам некои работи што ме интересираат, симувам книги, документарци, филмови со приказна... И не ми е лошо. Чувствувам како си ја задоволувам љубопитноста. Зашто сакаш да не мислиш на тоа? Зашто мислиш дека ако не мислиш дека ќе ти биде подобро отколку ако истражиш и дознаеш тоа што те мачи? Чудо е колку деца (или луѓе, да речам) на наша генерација се толку незаинтересирани, толку живеат само за моментот, само да си нанесат физичко задоволство... Не ги разбирам. Не знам како може да нема работи што ги интересираат, да не истражуваат, да не бараат..? Мислам дека е важна работа ова што се интересираш, ама само ако сакаш да и придадеш важност. Можеби е само почеток на нешто што можеби во иднина ќе станеш..? Не зборам конкретно за тие прашања што сега те мачат, туку општо. Зашто ако не си дадеш шанса да го бараш тоа што те интересира, да си најдеш одговори, можеби никогаш нема да стигнеш до некоја дестинација што можеби ќе биде целта за тебе. Еве, денес те мачат едни прашања. Зашто да не ги најдеш тие одговори? Што е толку тешко да пишеш на гугл некои клучни зборови и да видиш каде ќе те однесе? Може денес ќе се задоволиш со тие одговори, ама утре ќе ти дојдат нови идеи на ум. И така се станува успешен. Со истражување. Ако не си ја задоволуваш љубопитноста, ја исклучуваш можноста некој ден да го најдеш тоа што е вистинско за тебе, и да бидеш успешен во тоа. Зашто е чудо како може две работи што немаат апсолутно никаква врска меѓу себе, да се спојат на некој чуден начин и едната да те однесе до другата која можеби ќе ти стане некој предизвик, некоја цел...? Размисли, мислам дека немаш што да изгубиш. Ако ништо друго, барем нема веќе да живееш во вондерленд, ќе се скротиш себеси, ќе најдеш малку мирен сон...

драга кајгано мнгоу сум улав незна зошто , во понеделникот претепав човек само за тоа што ме навреди т.е ми повиша тон .
НЕ МЕ ЛЕЧАТ МЕНЕ НИ 10 ПСИХИЈАТРИ .
Фино е што знаеш дека не треба така, ама не е фино тоа што претпоставувам дека во следна слична ситуација испадот би ти се повторил. Може и да сум у грешка, ама мислам дека имаш некои други ситуации каде не смееш да вратиш, па бесот го истураш на други луѓе. Можеби имаш проблем со авторитет, со твоите, со професори.. Ако не кажеш ништо конкретно што ти се случува не можеме ни да пробаме да ти помогнеме... Ако ти е глупаво овде да споделуваш лични работи, пробај сам да размислиш што проблеми имаш и како би можел да ги решиш. Зашто ако го решиш тој проблем ќе немаш бес што ќе се манифестира во погрешни ситуации. Се надевам ќе успееш.

инаку мојот дел... имав пишано пред некое време, сега само не искажувам дека уствари пекол ми е во душава (јбг секој си има свој пекол) проблемот кој беше/е една личност не сакам да го елиминирам не дека не можам (долга и широка приказна) ама враќам дупло за се шо ми направила. И некако почнав да претервам со тутунот, ама јбг, сеа гледам да скинам малку од то. Ама ова жениве некако слаба страна ми останаа јбг не сум дотолку грд (мислам така барем :pos2:)
Ни ти не даваш многу конкретни информации, ама можам да ти кажам дека со тоа што се одмаздуваш нема ништо да постигнеш. Сите имаме почувствувано болка нанесена од некој, ама дали ти олеснува со тоа што правиш да пати таа личност одново и одново? Ако продолжиш така никогаш нема да го решиш проблемот. Поентата е да простиш. Може не директно, не да отидеш и да и кажеш на личноста, еј, ти простувам. Туку во себе, размисли што ќе добиеш со тоа што некој ќе пати. Не добиваш ништо, само си го истураш гневот што пак и пак се создава. Знам дека не е лесно да се откажеш од тоа, ама со тоа што правиш некој да пати, всушност на себе си го правиш тоа. Можеби таа личност пати, ама знае дека го заслужила тоа. А ти, си заслужил ли повторно и повторно да се потсетуваш на лошите искуства, да се мачиш? Дали ќе имаш подобро мислење за себе ако нон стоп пробуваш да ги изедначиш долговите со некого, ама некако секогаш останува чувството дека тој сеуште треба да пати? Самиот на себе си нанесуваш болка, нема да ти олесни. Пробај да простиш, иако знам дека не е лесно, ама мислам дека ако не мислиш толку на тоа, и пробаш да продолжиш понатаму, единствено така имаш шанса да си продужиш понатака ко што треба...
 
Член од
20 ноември 2010
Мислења
738
Поени од реакции
749
Абе со кецојте завршена работа е! Марихуана и онака не пушам многу, само ко ќе имам друштво. За цигарите не прам муабет. Ама ко ќе видам коњак и пепси... едноставно не можам да се контролирам. Минатата недела бев пак на системи... :nesvest:
самоконтрола... застани размисли можда ќе се свестиш...

--- надополнето ---

Dude... те разбирам потполно (ок не сум стигнал до марихуана само зато шо несакам изгледа масивна самоконтрола)... И ја имав проблем со алхохолот а богами нишо чудно и уште да го иам (јбг излегвиш и од 1но 10 идат ама то е, ќе се потсетиш на добро или лошо и се затерала работата) значи за тој дел не излегви или излези и едноставно пиј вода немој алхохол поќе од чаша. Кецојте, еее то не вервам дека си толку мутав да не мојш да набубаш за неколку предмети и да испукаш се живо. Маријана батали ја од то ајр немат... Со брачеда да излегуваш искрено не бива, стегни се малку закрпи се. И ја имав слични проблеми со оцените само шо никогаш не им кажав дома (ќути-дупи) и се испопрајв...

инаку мојот дел... имав пишано пред некое време, сега само не искажувам дека уствари пекол ми е во душава (јбг секој си има свој пекол) проблемот кој беше/е една личност не сакам да го елиминирам не дека не можам (долга и широка приказна) ама враќам дупло за се шо ми направила. И некако почнав да претервам со тутунот, ама јбг, сеа гледам да скинам малку од то. Ама ова жениве некако слаба страна ми останаа јбг не сум дотолку грд (мислам така барем :pos2:)
 
П

Пепси_

Гостин
Абе со кецојте завршена работа е! Марихуана и онака не пушам многу, само ко ќе имам друштво. За цигарите не прам муабет. Ама ко ќе видам коњак и пепси... едноставно не можам да се контролирам. Минатата недела бев пак на системи... :nesvest:

Друже 17 години си и дали мислиш дека со тоа ќе постигниш нешто и усвари што очекуваш од тебе што ќе бидеш ? Памтиш она кога ќе пораснам сакам да бидам.... ? Седни размисли шо сакаш да бидеш ти и да целиш кон тоа. Друго ако не правиш така направи си филм што би било со тебе сакаш да одиш по контејнери или да црнчиш за 50 евра ? или пак ни тие да ги немаш ? Земи опрај се и друштвото да не влијае многу на тебе направи човек од тебе не нешто друго оти касно ќе биде. поздрав и се најубаво :)
 
S

StormRage

Гостин
Абе со кецојте завршена работа е! Марихуана и онака не пушам многу, само ко ќе имам друштво. За цигарите не прам муабет. Ама ко ќе видам коњак и пепси... едноставно не можам да се контролирам. Минатата недела бев пак на системи... :nesvest:
коњак не фала :) да беше виски ќе пиевме заедно... друже немаш ти бе мамурлак? и види сеа... контролирај се малку ако друштвото те форсира подтрни се малку, излези надвор запали цигара и остани пола сат или пак оди кај некој шо пие сок напрај муабет а не да претервиш со коњаците...

--- надополнето ---

Ни ти не даваш многу конкретни информации, ама можам да ти кажам дека со тоа што се одмаздуваш нема ништо да постигнеш. Сите имаме почувствувано болка нанесена од некој, ама дали ти олеснува со тоа што правиш да пати таа личност одново и одново? Ако продолжиш така никогаш нема да го решиш проблемот. Поентата е да простиш. Може не директно, не да отидеш и да и кажеш на личноста, еј, ти простувам. Туку во себе, размисли што ќе добиеш со тоа што некој ќе пати. Не добиваш ништо, само си го истураш гневот што пак и пак се создава. Знам дека не е лесно да се откажеш од тоа, ама со тоа што правиш некој да пати, всушност на себе си го правиш тоа. Можеби таа личност пати, ама знае дека го заслужила тоа. А ти, си заслужил ли повторно и повторно да се потсетуваш на лошите искуства, да се мачиш? Дали ќе имаш подобро мислење за себе ако нон стоп пробуваш да ги изедначиш долговите со некого, ама некако секогаш останува чувството дека тој сеуште треба да пати? Самиот на себе си нанесуваш болка, нема да ти олесни. Пробај да простиш, иако знам дека не е лесно, ама мислам дека ако не мислиш толку на тоа, и пробаш да продолжиш понатаму, единствено така имаш шанса да си продужиш понатака ко што треба...
искрено најголемиот проблем е шо не можам да ја заборам личноста... сакам да се одмаздам, а во исто време ми фали и сакам да ја видам. Ко ќе е тука цело време само нервози ми прај, се глупира итн... а вака само ќе потзастанам и на момент ќе ми текни и сакам да се јавам ама не ми оди раката на телефон...
 
Член од
31 јануари 2009
Мислења
258
Поени од реакции
12
Fallen,
Naprotiv mene makata mi doagja od toa sto svakjjam deka nekoi raboti nemaat smisla i se mnogu somnitelni ( bas od toa sto mislev deka ke bide super ako procitam za istite ).. cist primer ti e tekot na vremeto ... sekogas zborime u minato i idno a fizicki se naogjame vo segasnost ... mozebi zvuci kao dobro objasnuvanje na toa sto e vreme i kako e povrzano so nas no od druga strana ako nemozeme da definirame psihicka segasnost se uklucuva prasajeto na sudbina i dali nie stvarno praime nekakov izbor u tek na zivotot... gledam da gi izbvegnuvam vakvite misli posto stvarno mi se konfuzni i ednostavno mi ja crpat energijata , gubam fokus i mn lesno se zamisluam zasto i kako funkcionirame svesniot del od nas kako i podsvesta... nemozam da razmisluvam trezveno se osekjam kao " I AM LOOSING IT " :) ima momenti koa sum super i kompletno sum produktiven no nekad mislam ke nemozam da se mrdnam od sho celata energija mi ide u toj proklet bunar na iracionalni misli... sekogas go pamtam momentot koa stanuvam i koa legnuvam i svakjam deka zivotot ( iako znam deka ne e taka , ili sepak e ? ) e samo eden ciklus na svesno opstenje i nesvesno odmaranje ( spienje) .. i se taka do nasata smrt.. veruvam deka ne e za dzabe se toa i deka sekoj den si ima cel u nasiov zivot ... Najtragicnoto e sto vcera dobiv stipendija za postdiplomski na prestizen univerzitet vo solun i skoro da ne bev radosen ... :/

Ne sum nekoj fan na psiholozi i psihijatri iako iam i tamu i tamu otidnato i nisto konkretno ne mi pomognaa ( me prasuvaa dali iam deluzii i halucinacii ???? iako bea zapoznaeni deka ne mi e problemiot od takov psihicki karakter ). stvarno se trudam da si go najdat patot koj bi mi pruzil miren i vesel zivot ... Soveti appreciated !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom