Ok , vaka :
iam 21 godina i zivotot sto go iam momentalno e super . Drustvo, Familija, Fakultet itn. No po vtor ili tret pat mi se slucuva mozokot da mi zaglavi vo nekoi cudni metafizicki patista i prasanja bez odgovor sto vekje trae mozebi edna nedela i ne me ostavaat da spijam i funkcioniram normalno ... jasno mi e deka takvi kruzni bez odgovor misli mozat da dovedat do 300 mentalni problemi ko depresija , anksioznost pa sve do nevroza :/ Se iam konsultirano so psiholog i psihijatar ne sakaa da me staat na terapija bidejki mislat deka ne e potrebno. velat deka e normalna pojava kaj sekoj covek da projde niz takov period vo zivotot.
Ne se zamaram so prasanja kako : sto sme, zasto sme , kaj ideme , zivot/ smrt . custvuvam bitka u mene pomegju moeto ego i mojata podsvest ( site onie protokoli za normalno funkcioniranje, principi, sekojdnevni obvrski i planovi ). ponekad znam da se zaprasam kako ustvari go kontroliram svoeto telo, kakva e materijata na misla i kako fizicki se implementira istata... Iako psihijatarot mi preporaca da citam takvi knigi , statii , dokumenti sepak mi e strav bidejki se pojke i pojke e mozno da zaglavam vo toj svet. Se nadevam nekoj ke mi dade sovet kako ovoj nacin na zivot da go spojam so onoj na eden obicen ( kako sto bev pred nekoe vreme i jas ) covek .
Pozdrav
Јас порано бев многу незаинтересирана, онака имаше многу работи што се од општа култура а јас не ги знаев. И се дешаваа моменти да се обрукам некаде со некое прашање од небо паднато.. И еднаш седнав, си размислив... Зашто има толку работи што не ги знам? Дали сварно не ме интересираат или само ме мрзи да побарам информации? И почнав така да размислувам. Зашто кога ќе си поставам едно прашање зашто да не истражувам, да дојдам до одговорот? И еве, неколку месеци можам да кажам дека интензивно секогаш кога седам на интернет, читам некои работи што ме интересираат, симувам книги, документарци, филмови со приказна... И не ми е лошо. Чувствувам како си ја задоволувам љубопитноста. Зашто сакаш да не мислиш на тоа? Зашто мислиш дека ако не мислиш дека ќе ти биде подобро отколку ако истражиш и дознаеш тоа што те мачи? Чудо е колку деца (или луѓе, да речам) на наша генерација се толку незаинтересирани, толку живеат само за моментот, само да си нанесат физичко задоволство... Не ги разбирам. Не знам како може да нема работи што ги интересираат, да не истражуваат, да не бараат..? Мислам дека е важна работа ова што се интересираш, ама само ако сакаш да и придадеш важност. Можеби е само почеток на нешто што можеби во иднина ќе станеш..? Не зборам конкретно за тие прашања што сега те мачат, туку општо. Зашто ако не си дадеш шанса да го бараш тоа што те интересира, да си најдеш одговори, можеби никогаш нема да стигнеш до некоја дестинација што можеби ќе биде целта за тебе. Еве, денес те мачат едни прашања. Зашто да не ги најдеш тие одговори? Што е толку тешко да пишеш на гугл некои клучни зборови и да видиш каде ќе те однесе? Може денес ќе се задоволиш со тие одговори, ама утре ќе ти дојдат нови идеи на ум. И така се станува успешен. Со истражување. Ако не си ја задоволуваш љубопитноста, ја исклучуваш можноста некој ден да го најдеш тоа што е вистинско за тебе, и да бидеш успешен во тоа. Зашто е чудо како може две работи што немаат апсолутно никаква врска меѓу себе, да се спојат на некој чуден начин и едната да те однесе до другата која можеби ќе ти стане некој предизвик, некоја цел...? Размисли, мислам дека немаш што да изгубиш. Ако ништо друго, барем нема веќе да живееш во вондерленд, ќе се скротиш себеси, ќе најдеш малку мирен сон...
драга кајгано мнгоу сум улав незна зошто , во понеделникот претепав човек само за тоа што ме навреди т.е ми повиша тон .
НЕ МЕ ЛЕЧАТ МЕНЕ НИ 10 ПСИХИЈАТРИ .
Фино е што знаеш дека не треба така, ама не е фино тоа што претпоставувам дека во следна слична ситуација испадот би ти се повторил. Може и да сум у грешка, ама мислам дека имаш некои други ситуации каде не смееш да вратиш, па бесот го истураш на други луѓе. Можеби имаш проблем со авторитет, со твоите, со професори.. Ако не кажеш ништо конкретно што ти се случува не можеме ни да пробаме да ти помогнеме... Ако ти е глупаво овде да споделуваш лични работи, пробај сам да размислиш што проблеми имаш и како би можел да ги решиш. Зашто ако го решиш тој проблем ќе немаш бес што ќе се манифестира во погрешни ситуации. Се надевам ќе успееш.
инаку мојот дел... имав пишано пред некое време, сега само не искажувам дека уствари пекол ми е во душава (јбг секој си има свој пекол) проблемот кој беше/е една личност не сакам да го елиминирам не дека не можам (долга и широка приказна) ама враќам дупло за се шо ми направила. И некако почнав да претервам со тутунот, ама јбг, сеа гледам да скинам малку од то. Ама ова жениве некако слаба страна ми останаа јбг не сум дотолку грд (мислам така барем :pos2
Ни ти не даваш многу конкретни информации, ама можам да ти кажам дека со тоа што се одмаздуваш нема ништо да постигнеш. Сите имаме почувствувано болка нанесена од некој, ама дали ти олеснува со тоа што правиш да пати таа личност одново и одново? Ако продолжиш така никогаш нема да го решиш проблемот. Поентата е да простиш. Може не директно, не да отидеш и да и кажеш на личноста, еј, ти простувам. Туку во себе, размисли што ќе добиеш со тоа што некој ќе пати. Не добиваш ништо, само си го истураш гневот што пак и пак се создава. Знам дека не е лесно да се откажеш од тоа, ама со тоа што правиш некој да пати, всушност на себе си го правиш тоа. Можеби таа личност пати, ама знае дека го заслужила тоа. А ти, си заслужил ли повторно и повторно да се потсетуваш на лошите искуства, да се мачиш? Дали ќе имаш подобро мислење за себе ако нон стоп пробуваш да ги изедначиш долговите со некого, ама некако секогаш останува чувството дека тој сеуште треба да пати? Самиот на себе си нанесуваш болка, нема да ти олесни. Пробај да простиш, иако знам дека не е лесно, ама мислам дека ако не мислиш толку на тоа, и пробаш да продолжиш понатаму, единствено така имаш шанса да си продужиш понатака ко што треба...