Кајгана психолог

Г

Господ

Гостин
Сум пробал се...спортувам,трчам секој ден за да исфрлам енергија ама не помага,добра ти беше идеата за кучето,ќе пробам :) нема шо да кажам друго,се трудам да го средам овој психолошки немир во главата но никако не ми успева. Фала за советите :)
Луѓе ти требаат а не кучиња.
Ќе организираме собиранка некад и ќе доеш.
Треба да упознаеш нови луѓе.
 
С

сашенко

Гостин
Луѓе ти требаат а не кучиња.
Ќе организираме собиранка некад и ќе доеш.
Треба да упознаеш нови луѓе.
Ако он чека на собиранка да направиме:pos2:, еве јас кафе ке го носам некој ден ако сака
 
Член од
26 декември 2010
Мислења
20
Поени од реакции
3
Фала за поканата и за советите! Прво не би излегол затоа што е од сожалување,второ како да влезам во реалноста? и јас мразам тоа што цел ден сум на интернет.кога би имал попаметна работа би го џитнал компјутеров.Како и да е фала луѓе ќе пробам да се опоравам.Ми дадовте малце надеж :)
 
Абе што збориш брат, какво сожалување еве и мене ми треба некој на кого ке му се исповедам после се што ми се изнаслучи последниве неколку месеци.Понекогаш на човек му треба некоја нова личност во животот.Тоа годи на секој можен начин.Така да ако си за дружба зашто да чекаме собиранака па да те советуваат ајде еве ке шетнеме некаде по град кога сме слободни.Незнам од кај сожалување извади овде?

--- надополнето ---

Значи нема да го дрвам за тоа што треба како треба, заеби таа работа.Ке си пиеме пивце или кафе и ке си тераме онака муабет како човек со човек јбг
 
T

Tetro

Гостин
Фала за поканата и за советите! Прво не би излегол затоа што е од сожалување,второ како да влезам во реалноста? и јас мразам тоа што цел ден сум на интернет.кога би имал попаметна работа би го џитнал компјутеров.Како и да е фала луѓе ќе пробам да се опоравам.Ми дадовте малце надеж :)
Не одбивај никогаш пријател, ако немаш добра причина и попаметна работа во тој момент. :)
Искрено мислам дека поканата на СаШеНкО не е од сожалување, него од повеќе слободно време во моментов.
Би ти препорачал да бидеш поредовен на форумов и да пратиш кога ќе има собир http://forum.kajgana.com/showthread.php?9046 - темата за организација и заедничко пиење пиво у парк, кафе пиење и што било друго е тука.

Би го фрлил и јас компјутеров, ама наредниот ден ќе треба да го барам кај сум го фрлил, јебешга, не може без него у денешно време. :)
 
Член од
20 ноември 2010
Мислења
738
Поени од реакции
749
Епа вака: На училиште имам 3 единици, и најлошо е тоа што никако не можам да ги поправам, не ми се седнува да учам ама воопшто! Незнам дали заради тоа или некои си др причини почнав премногу да пушам цигари (и понекогаш марихуана)... а и скоро секој петок и сабота се опијанував... дури и неколку пати бев однесен на брза помош. Пред еден месец моиве ми забранија да излегувам се додека не ги поправам единиците... и додека да намалам со алхохолот ( а цигари и марихуана воопшто и незнаат дека пушам, а се плашам што ќе биди ако дознаат)... И вака целосно се чувствувам како во затвор. На училиште ме носи татко ми, исто така и ме пречекува (другариве веќе почнаат и ме зафркаваат)...значи не можам да мрднам! Само понекогаш во петок и сабота ме пуштаат да излегувам со една братучеда која е 2 години повозрасна од мене, али не е то то кога некој ќе те варди секоја минута! А пошто сум голем инает... вака никогаш нема да поправам ни единици ни ништо... Размислувам да избегам од дома, само незнам каде би отишол!
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Здраво имам проблем со наметливи и премногу истакнати личности.

За што се работи.На факултет работиме во група на еден проект.И секој си има по некоја функција.Мене ми се погоди фина функција и супер ми оди.Но имаме лидер што ни се наметна без да гласаме или без некои посебни критериуми да бидат земени во предвид.Сега лидерот се вивна во облаци и сака се да сработи и се што другите ќе направат имам впечаток дека не го цени доволно и сака секаде да ги вмеша прстите и да преработи и измени во поголемиот дел од оделните задачи.Тоа многу ме нервира, поради тоа што лидерот нема поголема компетентност пред нас останатите членови поради тоа што сме сите студенти, со горе доле исто ниво на знаење, искуство и интелигенција.

Е сега сакам да ве прашам следново.Во вршењето на последната задача од моја страна односно во вршењето на мојата функција се вмеша пак и неможев да издржам и му препуштив се.Тоа го направив за да не се нервирам непотребно поради тоа што нема да добијам ништо освен нервози.Ама незнам дали тоа е добро за во иднина кога ќе треба да се борам за своите одговорности.Дали според вас треба да се борам до крај за својот дел или пак едноставно рано ми е да се нервирам за овие глупави проблеми?Благодарам однапред.Поздрав

Јас од искуство ќе се обидам да ти помогнам.Овој тим лидер во животот ќе успее многу. Таа тактика кој на многумина ни оди на нерви во реалноста функционира одлично. Во фирма со повеќе вработени напредува оној кој кажува што направил,не оној кој правел а чекал некој друг да го пофали. Верувал или не понатаму во животот ќе ти биде потешко. Секогаш по непишано правило најгласните добиваат повеќе бонуси и напредувања. Ќе се запрашаш како е можно тоа? Помеѓу повеќе вработени менаџерот неможе да гледа се и кој колку и како работи. Плус и конкуренцијата помеѓу колеги со толку голема невработеност е минење преку живи тела,не очекувај некој да те пофали во иднина. Научи да се фалиш сам. Главен е генералниот успех,а не поединечниот.Оној што отскокнува од другите секогаш го кратат со ножица(најслаб и најдобар).
Би ти предложила за иднина да промениш нешто кај себе. Не се наметнувај во тим лидер од проста причина што секогаш први горат (има голем ризик кој за зачувување на работно место не ти е потребен).Второ,секогаш својот дел од задачата претстави го гласно и напомени дека ти во тој проект го заврши тој дел (гледај да бидеш добар во она што го работиш,ако твојот дел е најслаб прескокни го овој дел на потенцирање) и трето во близина на шеф,професор искажувај ги само твоите најдобри моменти од работата дали преку шега,дали со алтернативни решенија. И не заборавај да ги пофалиш колегите,никогаш не се доведувај во ситуација да критикуваш колега,зошто вратата ќе биде поблиску до тебе,него до него.
Откажување ни во лудило :)
(Може и преку пример да ти објаснувам ако ти е полесно,да не звучи како празно зборење,слободно прашај).
 
Член од
26 декември 2010
Мислења
20
Поени од реакции
3
Проблемот е во тоа што како да се плашам да излезам со некого,се плашам дека незнам моабет да направам и слично,ми се има случувано и да ме викне некој да го одбијам поради таа причина! Но добро еве ќе ве послушам кога ќе сакаш пријателе ќе отидеме на пиво.
 
Член од
3 април 2011
Мислења
31
Поени од реакции
2
прво да се извинам ако во погрешна тема пишувам но ми треба помош. нова сум на форумов и се надевам дека ќе има некој што ке може да ми помогне. Имам 17 години ,трета година во гимназија сум. имам сериозен проблем. во последно време сум како изгубена, премногу се нервирам, станувам хистерична плачам за ситница, се осеќам буквално како најгрдото нешто на светов. Нз како да се снајдам во школо, имам дечко веке 2 години и се плашам дека и него ќе го изгубам. постојано му звонам по телефон имам замислено дека ако не ми крени тогаш е со друга , дека не ме сака и тоа на него му смета што постојано го давам и плачам за се. Карактерот ми се сруши мислам дека го изгубив целосно, и дома постојано се расправам за се. ве молам помогнетеми да станам повторно на нозе зошто ова не сум јас. сакам да сум нормална. се надевам дека и некој постручен ке се обиде да ми помогне. ви благодарам однапред.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.718
Поени од реакции
13.433
Peacefully

Треба да најдеш начин како да го отераш тој страв од друштво. Обиди се во помали групи да искачаш (од 2-3ца) па со тек на време прошири го кругот на пријателство. Не можеш во даден момент да си кажеш вака и вака ќе биде и така да испадне. Обиди се, но не поставувај си неосвоиви цели. За интернетот немаш некој аир освен да се договориш со пријатели за излез. Затоа пробај организирај си го времето, оди почесто надвор, мешај се у друштво, истражувај. Верувај, сите ние истражуваме. Пример искачам ја у друштво и има некогаш коа не ме засега да учествувам у муабет. Но тоа не мора да значи дека целосно седам од страна и молчам. Анализите на личности од страна понекогаш ти нудат помалку болни одговори. Ќе си најдеш некое добро друштво каде подоцна ќе се отвориш. За девојка исто важи. Истражувај, гледај како се однесуваат девојчињата во друштво, После полека пројави интерес. Со среќа.

Scream 94.
Имаш 17 години. Сосема разбирливо од таквиот страв бидејќи сепак се впушташ на нешто ново. Ако овој дечко што го имаш ти е прв, тогаш уште повеќе е оправдано твоето однесување. Но.... Обиди се нешто да смениш. Ако гледаш дека веќе не оди така, дека заглавуваш се` повеќе во калта на индиферентноста (тоа отпосле ќе си дојде), подобро на време смени го малку пристапот кон нештата. Секогаш се добредојдени промените а се започнуваат од малите нешта - за да биде полесно приспособувањето во новиот начин на живот. Пробај малку со дечкото да оладиш (многу тежок но битен чекор), замени го својот распоред на денот (ако си во состојба), смени локација на излегување, начин на облекување, музика. И не очекувај ништо. Туку сконцентрирај се на патешествието.
И тебе ти посакувам среќа.
 
Saladin ти блгодарам на времето што го оддели за мене. Проблемот е што немам карактер а со тоа губам се. се ужаснувам од помислата дека веќе сум за на психијатар и навистина мислам дека ке ми помогне, но не знам како да стигнам до таму, и како на моите да им објаснам дека сакам да одам на психијатар или психолог.не сакам да изгубам битен дел од мојот свет, тоа се дечкоми и моите блиски. а ако продолжи оваа хистерија ке останам сама. единствено на моменти ми помага само добра книга и сонце, и се тоа привремено а кога и малце ќе ми пречи нешто се ваѓам од кожа и јас не сум таа. :(
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.718
Поени од реакции
13.433
Прво нема зошто да се плашиш од твоите за психолог (сепак психијатар е сеуште прерано да посетиш). Родители ти се, секогаш ќе имаат разбирање за тебе. Исто и дечко ти. Ако му кажеш дека ќе идеш, баш напротив - ќе дознаеш дали навистина се грижи и те сака тебе. Ако не, не е се` изгубено. Сеуште си во цутот на младоста, се оформуваш како личност - го доградуваш сопствениот карактер. Психологот може повеќе да те насочи кон она што го целиш - да ги изанализира твоите постапки, идеи, проблеми. И нема тука мишто страшно. сите го губиме компасот на животот. Човекот иако пред се` е индивидуа - „проколнат“ е да живее во заедница.
 
Член од
3 април 2011
Мислења
31
Поени од реакции
2
дали на форум има некој психолог да можам да договорам средба?
 
Член од
30 март 2011
Мислења
117
Поени од реакции
12
прво да се извинам ако во погрешна тема пишувам но ми треба помош. нова сум на форумов и се надевам дека ќе има некој што ке може да ми помогне. Имам 17 години ,трета година во гимназија сум. имам сериозен проблем. во последно време сум како изгубена, премногу се нервирам, станувам хистерична плачам за ситница, се осеќам буквално како најгрдото нешто на светов. Нз како да се снајдам во школо, имам дечко веке 2 години и се плашам дека и него ќе го изгубам. постојано му звонам по телефон имам замислено дека ако не ми крени тогаш е со друга , дека не ме сака и тоа на него му смета што постојано го давам и плачам за се. Карактерот ми се сруши мислам дека го изгубив целосно, и дома постојано се расправам за се. ве молам помогнетеми да станам повторно на нозе зошто ова не сум јас. сакам да сум нормална. се надевам дека и некој постручен ке се обиде да ми помогне. ви благодарам однапред.
Чим имаш вакво понашање сигурно си у ПМС :pos2: друго објаснување за ваквото женксо понашање нема ....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom