Значи сосема е нормално да фатиш девојче на 16 години и да излегуваш со неа. Па и малце да попуштиш во школо. Само мислам дека лошо е тоа што ти на твоите не си им ги разрешил дилемите за тоа зошто е тоа така, бидејќи не си им кажал за девојчето. Мислам дека штом татко ти ти го зборувал тоа (а мислам дека се лажеш за тоа дека било кажано во смисла како да си ретардиран) е фин човек, и има разбирање за пубертетот. Значи во пубертет си, имаш девојка, љубопитен си, излегуваш. Татко ти мислам дека се сеќава како било во негово време, дека сфаќа дека ти вријат хормоните и дека е океј. А мајка ти, како жена, мислам дека повеќе потпаѓа под коментарите на баба ти и тетка ти, зашто жените се попаничарки, поише се замараат, нешто да не испадне како што не треба. И ти, нормално како син се нервираш зашто е тоа така и зашто те замара толку. Тоа што ти се јавува во 11 да си дојдеш дома пред другарите, можеби не е во ред, ама она тоа не го гледа така. Сфаќам дека сега си изреволтиран од сите околности, ама пробај и ти малце да ги сфатиш и смирено да им пријдеш на работите. На пример, не би ти штетело да поразговараш со твоите малце. Ама без тетка ти и баба ти. Они се дел од твоето семејство, ама мајка ти и татко ти ти се најблиски, и мислам дека со нив прво треба да збориш. Кажи им отворено дека има девојче, ама ти било глупаво да им кажеш зашто не си знаел како ќе изреагираат. Кажи им дека друштвото може е малце поразлично од другите, ама сите се фини и никој нема лоши намери. Кажи им дека не си луд да се упропастиш со дроги и глупости, дека многу добро знаеш како стојат тие работи и дека воопшто не ти се свиѓа тоа. Речи им дека пред се, си ветуваш себе дека ако приметиш дек аима нешто што не е во ред, дека одма ќе се оддалечиш од тие луѓе. Само замоли ги да ти дадат шанса да докажеш дека не се во право. И, да. Пробај со школото да си средиш, зашто тоа е најголема работа што ги тера од такт. Значи поправи ги оценките и нема да имаат што да ти кажат, нека осетат дека си сфатил нешто и си променил. И кај мене дома е нешто слична приказна, само јас сум женско. И мене исто ми се префрла цело време за глупости, на 20 години иам ограничен излаз, и треба да прашувам пред да излезам дали може да останам до 2 зашто ќе излезам со друштво. Значи ништо повеќе од 2. И успесите не ми се уважуваат, а сметам дека прилично добар успех имам остварено, во средно секогаш сум била одлична, а на факултет еве и сега не ми се лоши оценките. И пак немам браво, супер си со учење, можеш (на пример) да останеш до покасно. Никогаш не сум доволно добра. Само проблемот кај моите е што не се разговара со нив, зашто си имаат некои гледишта што со ништо не можам да ги променам, и наопаку да се свртам. А твоите гледам дека може да се збори со нив, само ти не си зборел отворено. Така да, мислам дека можеш да го решиш проблемот така. И, уште нешто. Знам дека си машко и претпоставувам дека мислиш дека е срамота да го направиш тоа, ама мајките многу паѓаат ако нивните синови ги гушнат, ги бацат или напраат нешо така. Пробај на таа карта да ја фатиш. Лигави и се малце, и нема шанса да не ја добиеш
Знам по дечко ми, се што му треба ќе отиде од сабајле, ќе и се ували на мајка му во кревет и ќе и рече да го чешка, и ќе почне муабет. И тогаш нема шанса да не добие што сака
Пробај, ќе видиш. Се надевам ќе средиш се