Кајгана психолог

Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Znaci brat, koga vekje si sogledal kakov si, znaci si sogledal i deka treba nesto da smenis kaj sebe...moe mislenje e vaka....zosto si stanal tolku drugar so nejze ako imas cuvstva sprema nea...drugo.....bidi maz i goni ja u kurac...ke mine nekoe vreme i ke se smiris vo toj pogled...i veruvaj deka uste ne si oformen kako licnost se uste si mlad..ke ides na fax...tamu ke ima picki eden tonn..ke ebes ke sobiras korpi pa nervozi od sekoj tip, i eden den ke sfatis deka si se nerviral za nekoja cavka koja ne zasluzuva nisto...i ako sakas polesno da go prebrodis ova gledaj da si na sto pogolema distanca od nea...ne iniciraj sredbi duri i odbivaj gi nejzinite pokani za druzenjei taka ke se pocustvuvas po samouveren i poleka se ke si dojde na svoe mesto...ili druga opcija vikni ja i kazi i se kako sto e( sto jas ne bi go napravil)....ne vredi covece da si kines nervi za edna edinka.....neka te dobie tebe taa sto misles deka te zasluzuva...i da receme taa ke se soglasi da ti bide devojka....ako e od sozaluvanje sto ti vredi...veruvaj od iskustvo ti zboruvam , begaj od komplicirani lugje kako od gjavolot...uste si mlad drugar...zivej si go zivotot..uzivaj...se nadevamm ke razmislis i ke vidis deka ne vredat ovie nervozi za nikojna svetot..:salut:
Неќам од ова да излезе расправија или било што, само сакам да ти дадам искрено мислење. Во ред што си пробал да му дадеш совет на дечкото, и фино е се, само он имаше напоменато дека му е смачено од тие муабети остај не се замарај, ќе биде се океј. Знам дека ти беше најдобронамерен постов, само што е баш таков каков што он не сака да слушне. А и не можеш да кажеш да ја заборави, да биде маж и да гони во ку*ац, зашто и он е свесен дека не е фино што ја сака зашто знае како стојат работите, и си кажа дека би сакал да ја заборави, ама не може. И сварно, совети од типот отерај ја таму и таму и заборави ја, ќе биде се супер после, баш и не помагаат. Фино што сакаш да му пружиш поддршка, како што пишав, само мислам дека вака има повеќе шанси да се повлече, и му даваш уште една причина повеќе да мисли дека е различен од другите, зашто он се замара а никој друг не се замара со такви работи. Му објаснив дека тоа не е лошо, само не е фино од тебе, штом веќе си прочитал што имал он да каже во врска со овие работи...
Пак ќе ти кажам, немав намера да се расправам, или да те критикувам ако не ми е местото тука, само имав добра намера да ти кажам според мене што мислам дека не е во ред.
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
41
Поени од реакции
0
Ви благодарам на сите што одвоивте време за мене,ќе размислам убаво за све што ми кажавте и да знаете должник сум ви :)
 
B

Borg_Drone

Гостин
Значи да ви се пожалам малце..Последните 2 години секојдневно се разочарувам,нервирам,карам..Се разочарувам од луѓето..се осеќам депресивно,сакам да седам сам дома..Песимистички настроен..Треба да направам некои реформни ама не знам од каде да почнам,мислам дека тоа што сакам да го направам не е исправно,дека ќе утнам уште повеќе..Некад се заклучувам у соба и не искачам..Ќе кажете дружба помага во се..ама едноставно кога сум со други некад,се осеќам непријатно и сакам сам да седам..Иако сум машко немам balls да направам некои ствари..се разочарав у љубов,другарство..Сакам да заминам..Да избеггам од тука..некад се запрашувам зашто сум пратен тука..секојдневно да се нервирам..Не знам..Не може никој да ми помогне знам а неможам ни самиот себе си..Се мразам..
Другар не знам дали е ова зафрканција или не (зошто обично има во последно време корисници кои прават по дупли кориснички профили) но ако не е зафрканција, многу многу за овие проблеми не пишувај на форумов (најде од кого да бараш помош) зошто овдека 95% од членовите се тешки забеготини.Слушај ми го зборот, подобро ќе ти биде за ова да си разговараш со твоите и да ги споделиш со нив проблемите, поголеми другари од твојата фамилија нема да најдеш тоа ти гарантирам. А од овдека верувај 95% од другариве нема да ти помогнат, повеќето се прават тука другари и психолози за на крај да испадне дека немаат ни „д“ од другари, не од што ќе ти помогнат туку од што не им е доста од зборување се и сешто (знаеш на што мислам).
Ајде, поздрав.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Силен фала и на тебе па вака..За другари/ки увек сум бил тука као шо спомнав и погоре на слатко-мало за некои личности сум гледал поише од самиот за себе,али на крај сум се разочарал мн од нив..
Вака сум заљубен у девојче у кое несмеам да бидам заљубен бидејќи она ме глеа само као брат и ништо повеќе..ове е веќе добри година и пол..и продолжува понатака.. Мн другари ми викаат заеби ја има нешо друго ова она ја никако не можам..Ќе тргне 2-3 дена ќе ќутам и после пак јас ќе ја молам да се смириме(ако сме скарани).. а плус она има и дечко,али ја пак продужив да бидам блиску до неа иако ме боли мн,ама едноставно немам "balls" да заебам све и да сменам нешто у тој поглед,како тие години болка покрај неа да неќам да ги избришам..и како што спомна самодоверба нула.. Ќе кажете "there are plenty of fish in the sea" y моја глава ЗНАМ дека ни една нема да ме погледне,пошто се заебав еднаш и неќам пак..едноставно не се осеќам као некад дека ќе имам девојка или пак на некоја да и се свиѓам барем малце..знам дека ова се ситници за вас и дека има МН МН пострашни проблеми ама јас не можам едноставно да се справам со ова..у моја глава е така,не знам од каде да почнам,не знам како да издржам..Знам дека е смешно од една страна ама сакав некој да ме сослуша не мора да ме разбере..фала
Ти ги потенцирав битните моменти да си ги размислиш пошто вчера не стигнав да ти одговорам.

За пријателите. Ти правиш некои работи погрешно и прифати го тоа дека грешиш. Која е поентата да гледаш за другите повеќе од самиот себе? Најпрво ќе гледаш за себе а потоа за другите. Притоа не велам да станеш егоист туку тебе мора да ти биде добро и да се чувствуваш убаво за и на другите да им биде убаво во твое друштво. Обичните егоисти грешат во тоа што гледаат само за себе, значи не тоа, туку прво за себе па за пријатели, мислам сум јасен. Знам дека е тоа комплетно обратно од тоа како досега си постапувал но пробај прво во глава да го сфатиш системот а потоа и да го применуваш во реални животни ситуации бидејќи ако не се смениш на време ќе те чекаат уште многу животни разочарувања а тоа секако нејќеш.

Во девојчето смееш да бидеш заљубен но дали имаш корист од тоа? Што фајда од заљубеност која не ти е возвратена? Само губиш време и енергија и се нервираш а испушташ потенцијални други прилики. Како ми се чини ти заради неа не ни пробуваш да фатиш друга и тоа ти е голема грешка поготово што трае веќе година ипол.

Тоа што велиш како да нејќеш да прекинеш да патиш можно да е вистина, размисли добро зашто е тоа така и кои може да се причините. Баш за ова прашање може психолог да ти помогне да го пронајдеш вистинскиот одговор.

Ти веќе можеш да процениш дали имаш шанси за нешто или не со девојката. Но што и да решиш имаш само две исправни решенија. Да и кажеш или покажеш што осеќаш или да се тргнеш од неа извесен период додека ја заборавиш. Ми се чини си го одбрал најлошото можно решение, се дружите, она има дечко, ти патиш и не бркаш ниедна друга. Во затворен круг си. Тоа што ти секогаш ја бараш да се смирите исто не е исправно. Остај еднаш она да те побара, од каде знаеш дека не се навикнала стално ти да ја бараш. Како сакаш да те цени кога знае дека секогаш си и на располагање. Освен тоа не мисли дека она не осетила што осеќаш за неа, не се жените глупи за такви работи така да неа и е многу комотно, има дечко, знае дека ја свиѓаш и да сакала можела за година ипол нешто и она да преземе. Размисли за целата ситуација во коа се наоѓаш со неа и како би било најисправно да постапиш?

За девојките добро си проценил. И нема да имаш ниедна се додека седиш дома и не се гледаш со никого. Дома нема да ти чукнат на врата у секој случај, ти мораш да ги бркаш и да си се „изрекламираш“. затоа и ти кажав претходно, многу е битно да излегуваш меѓу луѓе макар и да не ти е секогаш пријатно. Има фини луѓе слични на тебе кои досега не си ги запознал. Има и фини девојки кои исто некаде седат сами и на нив треба ти да им пријдеш колку и да ти е страв.

За проба земи еден другар (претпоставуам имаш барем еден за излегување) отиди во диско и пушти и се на некоја што ти е симпатична. Јасно ќе ти даде корпа но баш тоа и треба да го доживееш за да сфатиш дека нема да „умреш“. Следен пат на друга пушти и се и пак ќе те одбие ама нема врска, битно е да се навикнеш на чувството дека не е никаква трагедија. По неколку обида некоја ќе ти рече ок и веќе ќе ти порасне самодовербата и ќе знаеш како понатаму, а и со другарка ти ќе почнеш да се однесуваш со многу повеќе самодоверба. Жените не сакааат машки со мала самодоверба или уште полошо со никаква.

И пак да потенцирам, што и да правиш оди на психолог може многу да ти помогне да го забрзаш процесот на промена.

Пс. Не си ни должник, само храбро и ќе ти се средат работите :wink:.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Ви благодарам на сите што одвоивте време за мене,ќе размислам убаво за све што ми кажавте и да знаете должник сум ви :)
Како што рече Силен, не си ни должник, ние ова не го пишуваме за ти да ни вратиш услуга или да ни речеш фала, го пишуваме ова зашто така сакаме, зашто ни е убаво да му помогнеме на некој. Така да, само напред, се надевам се ќе биде во ред.

Другар не знам дали е ова зафрканција или не (зошто обично има во последно време корисници кои прават по дупли кориснички профили) но ако не е зафрканција, многу многу за овие проблеми не пишувај на форумов (најде од кого да бараш помош) зошто овдека 95% од членовите се тешки забеготини.Слушај ми го зборот, подобро ќе ти биде за ова да си разговараш со твоите и да ги споделиш со нив проблемите, поголеми другари од твојата фамилија нема да најдеш тоа ти гарантирам. А од овдека верувај 95% од другариве нема да ти помогнат, повеќето се прават тука другари и психолози за на крај да испадне дека немаат ни „д“ од другари, не од што ќе ти помогнат туку од што не им е доста од зборување се и сешто (знаеш на што мислам).
Ајде, поздрав.
Ја мислам дека не е лошо тоа што овде си пишал што го мачи. Никој не го ни знае, барем мислам дека од тие што сме му одговориле на постот никој не се дружи со него, не знаеме ни како се вика. Не е ова лажно другарство; Всушност не е ни другарство затоа што не се знаеме. Ова е едноставно желба да се помогне некому што има проблем. Не гледам ништо лицемерно тука. А и така нема што да изгуби ако си каже што го мачи, напротив можеби ќе дојде до факти што може ќе му користат. А и башка, ние нема да отидеме да му кажеме на девојчето што тој чувствува за неа, или да го лажеме, да му даваме спротивни совети на тоа што го мислиме. Мислам дека е апсурд тоа.
 
B

Borg_Drone

Гостин

Ја мислам дека не е лошо тоа што овде си пишал што го мачи. Никој не го ни знае, барем мислам дека од тие што сме му одговориле на постот никој не се дружи со него, не знаеме ни како се вика. Не е ова лажно другарство; Всушност не е ни другарство затоа што не се знаеме. Ова е едноставно желба да се помогне некому што има проблем. Не гледам ништо лицемерно тука.
А и така нема што да изгуби ако си каже што го мачи, напротив можеби ќе дојде до факти што може ќе му користат. А и башка, ние нема да отидеме да му кажеме на девојчето што тој чувствува за неа, или да го лажеме, да му даваме спротивни совети на тоа што го мислиме. Мислам дека е апсурд тоа.
Сега не гледаш, понатаму ќе гледаш и те како ќе гледаш лицемерие.А тоа е веќе друга тема.А тука работите колку брзо се дознаваат ехееееееее, барем јас не сум од вчера на форумов......Кога веќе тргнал по совети ете му од мене еден совет, поискрени и подобри другари од родителите нема да најде.
 
П

Пепси_

Гостин
Ти благодарам слатко мало но читајќи во горниот пост видов дека имаш спомнато за тоа кога некој ќе ти речи "абе не знаеш 2 реда муабет да направиш"

Незнам зошто ама ова ми го имаат кажано повеќе пати директно и индиректно не е битно.
Напротив мислам дека не сум таков кретен јас секогаш кога зборувам,зборувам за нешто што знам дека е точно и така и со факти и тоа е тоа го кажувам директно она главното.Дали бидејчи не оговорам,не се лигавам пред други и не лижам гз,или пак затоа што го кажувам она што мислам мислат дека јас незнам да правам муабет??

А многу се нервирам кога ќе ми го кажат тоа дури еднаш ќе паднеше ќотек :jaj:
 
Мислам дека таков прост коментар може да ти дадат само луѓе што не знаат ништо за комуникацијата и чувствата на другите. На што личи некој мене да ми каже дека не знам да праам муабет? Ако муабетот не иде, дали тие луѓе помислиле дека можеби се работи за нив? Или не, сепак е полесно некој друг да биде тој што не знае, не може, не го бива. НИЕ сме секогаш совршените, другите не ги бива. Единствено тие што знаат искрено да се погледнат во огледало и да сфатат каде грешат, и ДА ГО ПРИЗНААТ ТОА, вредат. На вредење во тој контекст праам муабет.
Можеби едноставно си се нашол во ситуации со луѓе што очекуваат друг тип на разговор од тебе. Процени ги првин какви луѓе се. Кога некого не познаваш, пробај прво да го набљудуваш, да го изанализираш, за да знаеш што сака да слушне од тебе. Ако е човек што постојано кажува колку е добар (нормално, ако не претерува со фалење) тогаш ќе те смета за добар соговорник ако му упатиш некој комплимент. Ако некој постојано отвора дискутабилни теми, тој ќе цени кога ќе го пофалиш неговото мислење и ќе кажеш ти што мислиш. Ќе биде задоволен ако го слушаш. Ти викам, секој очекува различно од соговорникот, а треба само да научиш што сакаат да слушнат за да им бидеш пријатен.
А и можеби зборуваш премалку. Не знам дали е точно ова, само погодувам. Ако не зборуваш многу, и кога ќе кажеш нешто ќе ги убиеш со аргумент, можеби ќе се почувствуваат инфериорно или помалку паметно од тебе, па сфаќаш, со тоа што ќе ти кажат дека не знаеш да правиш муабет се обидуваат да ја задржат својата индивидуалност и вредност пред себе и другите.
Мислам дека не треба толку да се оптеретуваш со коментари од таков тип, особено ако доаѓаат од луѓе чии ставови не ти се особено важни. Гледај повеќе твоите критериуми за добар соговорник да ги задоволиш, зашто како што реков тие се најбитни. Тие ако ти се задоволени, кој што и да ти каже, нема да го ставаш толку при срце. Нормално, не може сите да те сакаат, некогаш ќе добиеш негативен коментар. И тие треба фино да ги прифатиш, не да се лутиш. А во зависност од тоа од кого доаѓа, пробај да процениш дали е навистина така, или погрешно те процениле. Ако мислиш дека се во право, пробај да го смениш тоа. Ако не, најважно е ти да си задоволен.
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Неќам од ова да излезе расправија или било што, само сакам да ти дадам искрено мислење. Во ред што си пробал да му дадеш совет на дечкото, и фино е се, само он имаше напоменато дека му е смачено од тие муабети остај не се замарај, ќе биде се океј. Знам дека ти беше најдобронамерен постов, само што е баш таков каков што он не сака да слушне. А и не можеш да кажеш да ја заборави, да биде маж и да гони во ку*ац, зашто и он е свесен дека не е фино што ја сака зашто знае како стојат работите, и си кажа дека би сакал да ја заборави, ама не може. И сварно, совети од типот отерај ја таму и таму и заборави ја, ќе биде се супер после, баш и не помагаат. Фино што сакаш да му пружиш поддршка, како што пишав, само мислам дека вака има повеќе шанси да се повлече, и му даваш уште една причина повеќе да мисли дека е различен од другите, зашто он се замара а никој друг не се замара со такви работи. Му објаснив дека тоа не е лошо, само не е фино од тебе, штом веќе си прочитал што имал он да каже во врска со овие работи...
Пак ќе ти кажам, немав намера да се расправам, или да те критикувам ако не ми е местото тука, само имав добра намера да ти кажам според мене што мислам дека не е во ред.
Vo red vo red jas samo si kazav kako mislam deka treba da postapi zasto jas taka bi postapil, poradi nekoi lekcii od moeto minato....ne velam deka mojov sovet e vistinsko resenie...pozdravce....izvinete za latinicava ne e do mene seriozno..
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Им предложувам на сите оние кои побарале помош од дежурниот кајгана психолог *slatko malo*, да собереме по некој денар и да му купиме на девојчето нова тастатура бидејки тоа е најмалку што можеме да го направиме за неа. Предлогот се става на гласање.
Секоја насмевка за објавениот предлог значи еден глас за.

ВАЖНО!!! Овој предлог има за цел да ја освежи темата која е исполнета со проблеми, со мала доза на хумор.
 
Хахахаха леле срце си бе :)
Иначе уште не ми се излижани типкиве, онака убаво се гледаат. Излеа некоја квалитетна тастатура :) Ај коа ќе ми се излижат ќе ви пишам, ако се најде по некој хуман. Хахахах фала на оригиналноста :)
 
Член од
24 септември 2009
Мислења
41
Поени од реакции
3
Здраво Кајганџии. ВИе сте единствените каде можам да се обратам за моите проблеми и да добијам корисен и добар совет.
Па вака. Незнам од каде да почнам и нема да должам многу.
Јас сум втора година средно образование.
Секогаш сум бил одличен ученик и сите години досега сум ги поминал со учење, не со бубање, со учење велам со одлучен успех.
Никогаш не сум бил син на кој родителите би требало да му бидат лути и да добие прекорување за она што го направил. Никогаш никаде не сум ги посрамотил и секогаш сум ги претставувал во добро светло. Несакам да се преценувам затоа што проценката на мојот карактер може да ја направи само некој друг не јас, но тоа што сакав да ви кажам е дека оваа година влегов во посериозна врска со девојче на моја возраст од друго училиште.
Таа врска беше причината да јас почнам да излегувам многу почесто одошто претходно, иг о расипав успехот со оценките. Значи несум од оние уличари и багабонти кои целосно ги презирам и не ги сметам за живи туку јас сум човек како и сите останати нормални човечки суштества.
Инаку моите дома незнаат за мојата врска , знаат дека јас шпартам по градот со моите другарчиња. Е сега, јас сум во рок друштво а мојот најдобар другар кој го запознав во средно во прва година слуша метал музика. Тоа друштво го запознав летото 2010. Сите си имаат некој посебен стил на облекување различен од стилот на облекување на МАСАТА. Излегуваме во клуб кој е послободен од другите и клуб каде одат луѓе со многу пошироки сваќања и гледање на повисоко ниво. Таму можеш да си бидеш слободен. ПРоблемот започна најверојатно од тоа што пред неколку години се ширеа озборувања дека во тој клуб се збираат наркомани и се дилува дрога. Меѓутоа се заврши и дилерката беше фатена и сега скапува зад решетки.ДОсега јас немам забележано никакви знаци кои би ме насочиле дека тоа уште с еслучува па недајбоже и тоа да е некој од моето друштво.
проблемот започна од предрасудите на мојата тетка и баба (кои живеат во истата куќа со нас) дека моето друшто затоа што слуша рок и метал музика и е малку поразлично од другите се сатанисти и секташи. Незнам од каде им истекна тоа ( најверојатно од недостаток на информации и недоволно образование и слаба развиеност на мозочните центри за размислување), но тие ми велат дека излеугувам премногу и се дружам со лошо друштво. Постојано ме гледаат како да сум последниот кретен на земјава и се однесуваат како да сум будала. Тие имаат разговарано со моите па затоа моите последно време почнаа да метретираат како да сум најголемото разочарување за нив. Таткоми постојано ми вели дека има доверба во мене и дека ќе се средам ( а тоа се вели на некој психички растроен на кој му треба рехабилитација и одмор од општеството). Мајками која е доста параноична , во 11 часот ми дзвони на телефон и ми вели да се приберам. Замисли бе кој срам да мајката му дзвони на 16 годишно момче и го вика дома во 11 часот. Не дека јас се прибирам и ја слушам(јас си терам по своето) но сепак ми смета тоа. Таја неможе да заспија ноќе се додека јас не се приберам и седи и ме чека до кај 2-3 часот после полноќ и ми с елути за тоа. Некни изби кавга и голема караница што јас веќе неможев да издржам и мислам дека бев на работ на добар нервен слом. сега не зборуваме многу со неа последниве денови . и сите во куќата се со намуртени лица према мене.
Порано ова не се случување. Имав дозвола да останам надвор до кога сакам јас. и не ми правеа никакви проблеми. Неможам да сватам од каде дојде таа промена, од каде јас преку ноќ се претворив во тинејџер кој никој родител не го посакува. едноставно неможам да сватам и ме нервираат постојаните навреди кои тетками и баба ми ги упатууваат кон моите другарчиња(искрено да ви кажам тие двете се како ферхунде и џеврие да ги зближиле силите). Незнам што да правам едноставно ми треба мал совет макар и од неколку зборчиња што ќе ми даде некаква помош. Ви благодарам однапред.
 
Значи сосема е нормално да фатиш девојче на 16 години и да излегуваш со неа. Па и малце да попуштиш во школо. Само мислам дека лошо е тоа што ти на твоите не си им ги разрешил дилемите за тоа зошто е тоа така, бидејќи не си им кажал за девојчето. Мислам дека штом татко ти ти го зборувал тоа (а мислам дека се лажеш за тоа дека било кажано во смисла како да си ретардиран) е фин човек, и има разбирање за пубертетот. Значи во пубертет си, имаш девојка, љубопитен си, излегуваш. Татко ти мислам дека се сеќава како било во негово време, дека сфаќа дека ти вријат хормоните и дека е океј. А мајка ти, како жена, мислам дека повеќе потпаѓа под коментарите на баба ти и тетка ти, зашто жените се попаничарки, поише се замараат, нешто да не испадне како што не треба. И ти, нормално како син се нервираш зашто е тоа така и зашто те замара толку. Тоа што ти се јавува во 11 да си дојдеш дома пред другарите, можеби не е во ред, ама она тоа не го гледа така. Сфаќам дека сега си изреволтиран од сите околности, ама пробај и ти малце да ги сфатиш и смирено да им пријдеш на работите. На пример, не би ти штетело да поразговараш со твоите малце. Ама без тетка ти и баба ти. Они се дел од твоето семејство, ама мајка ти и татко ти ти се најблиски, и мислам дека со нив прво треба да збориш. Кажи им отворено дека има девојче, ама ти било глупаво да им кажеш зашто не си знаел како ќе изреагираат. Кажи им дека друштвото може е малце поразлично од другите, ама сите се фини и никој нема лоши намери. Кажи им дека не си луд да се упропастиш со дроги и глупости, дека многу добро знаеш како стојат тие работи и дека воопшто не ти се свиѓа тоа. Речи им дека пред се, си ветуваш себе дека ако приметиш дек аима нешто што не е во ред, дека одма ќе се оддалечиш од тие луѓе. Само замоли ги да ти дадат шанса да докажеш дека не се во право. И, да. Пробај со школото да си средиш, зашто тоа е најголема работа што ги тера од такт. Значи поправи ги оценките и нема да имаат што да ти кажат, нека осетат дека си сфатил нешто и си променил. И кај мене дома е нешто слична приказна, само јас сум женско. И мене исто ми се префрла цело време за глупости, на 20 години иам ограничен излаз, и треба да прашувам пред да излезам дали може да останам до 2 зашто ќе излезам со друштво. Значи ништо повеќе од 2. И успесите не ми се уважуваат, а сметам дека прилично добар успех имам остварено, во средно секогаш сум била одлична, а на факултет еве и сега не ми се лоши оценките. И пак немам браво, супер си со учење, можеш (на пример) да останеш до покасно. Никогаш не сум доволно добра. Само проблемот кај моите е што не се разговара со нив, зашто си имаат некои гледишта што со ништо не можам да ги променам, и наопаку да се свртам. А твоите гледам дека може да се збори со нив, само ти не си зборел отворено. Така да, мислам дека можеш да го решиш проблемот така. И, уште нешто. Знам дека си машко и претпоставувам дека мислиш дека е срамота да го направиш тоа, ама мајките многу паѓаат ако нивните синови ги гушнат, ги бацат или напраат нешо така. Пробај на таа карта да ја фатиш. Лигави и се малце, и нема шанса да не ја добиеш :) Знам по дечко ми, се што му треба ќе отиде од сабајле, ќе и се ували на мајка му во кревет и ќе и рече да го чешка, и ќе почне муабет. И тогаш нема шанса да не добие што сака :) Пробај, ќе видиш. Се надевам ќе средиш се :)
 
Слатко мало навистина го ценам ова и ми помогна до некаде. Ти благодарам но проблемот со мајками е тоа што таа несака да слуша и не се разговара со незе. Нешто слично како ти што кажа за твоите родители. НИкогаш несум доволно добар за незе. Како и да е Засега си го иам татко ми на моја страна а за оценките ќе им докажам дека грешат . Уште еднаш ти благодарам . Поздрав :D
 
Епа тогаш подобро збори со татко ти, и пробај да му кажеш он некако да ја убеди мајка ти или да збори со тебе, или да ја убеди дека не е у право. Ако не можеш ти, он сигурно може. Ќе успееш, сигурна сум :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom