Кајгана психолог

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Фала многу што ете, се потруди да ми одговориш на ова и да ми ја олесниш ситуацијата. Се изгледа така убаво вака напишано, не изгледа така тешко.. Викаш, има толку многу луѓе на планетава што би ми кренале во 3 сабајле и ќе дојдат со пушка да не ме закача некој. Убаво е тоа, ама кај се тие луѓе? Не мислиш малце дека не е етички да тормозам некој у 3 саат сабајле на телефон, само зашто ете, не ми се спие? Не мислам дека нема подобар, далеку од тоа, само знам колку ќе ми биде тешко додека го најдам тој подобар. Тука лежи маката. Ама, ќе видиме... Понекогаш, кога сум до него, како сон ми се чини, толку е убав, внимателен... Не ми дава да одам од страна на улицата, за секој случај, да не ми се деси нешто, секогаш он оди од таа страна. Ама, после коа ќе почне да напнува со разни глупости, со кој сум се сретнала, што сум праела муабет, како сум се поздравила, дали сум се запознала со некој... Тогаш ми доаѓа бесот, збеснувам, си идам, и коа ќе останам сама, 10тина минути, ми поминува, само ми доаѓа, она убавото што е со него, само ми се враќа, и тогаш почнувам да плачам, и да анализирам кој каде греши, кој што треба да поправи... Колку што можам пообјективно. Само не знам дали е во мене проблемот, ама скоро секогаш излегува дека он треба да се поправи. Само тие работи да ги нема, никогаш нема да помислам на раскинување... Ама ете ги има. И толку пати ми доаѓа на ум дека правам грешка што му допуштам.. Ама едноставно, таква сум, меко срце имам. Не сум злопамтило. Ех, да бев. Да бев никогаш никој немаше да се заебава со мене. Ама, тоа е тоа. Сум едноставно, не знам да го памтам само лошото, не знам.
Етички не е грешно да му се јавиш на некој кому му значиш и ти значи во 3 саат сабајле, етички не е грешно да ти рече слушај малечка, не се плаши, или слушни, спијам уморен сум, извини. Етички е грешно да ти рече, добро ма шо ти е тебе проблемот? Тоа е работата.
Друга работа, никогаш не вели никогаш, пошто опкружена си со луѓе што ќе ти кренат во 3 саат сабајле и нема да те отераат у пичку матер, само треба подобро да погледнеш.
Љубомората е многу лоша работа, се додека некој љубомори за нешто, те прашува каде си била, со кого, што како, значи дека нема доверба во тебе, па мора да провери, а ако нема доверба, тогаш незнам која е поентата на врската. Пошто една врска се основа најпрво на меѓусебна доверба (според мене) после тоа, меѓусебна почит, и на крај, најголемиот дел, љубов. Е сега, ниедна врска не функционира како што треба ако првите два услови не се исполнети, а ако третиот не е, тогаш не постои врска.
Не треба да си злопамтило, за да бидеш малку “кучка“, женско си бре, треба да бидеш способна да ставиш некои ствари под контрола кога станува збор за машко, имај малку поцврсти ставови, соочи го со тоа што ти смета, директно, заеби вртење од околу оставање знаци, само би ти рекол да начекаш момент кога не очекува дека ќе отвориш таква дискусија, за да нема толку време да се подготви за да се извлече, најубаво кога сте на кафе, или негде во природа, само да не е преку некој медиум, пошо верувај ми, изразот на лицето негово ќе ти ги даде вистинските одговори.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Дали сварно мислиш дека јас психологијата ја сфаќам здраво за готово? Мислам, дали мислиш дека ако сум решила ова понатаму да го работам со луѓе, јас да бидам таа што објективно ќе треба да гледа на работите, дали мислиш дека јас сите овие работи не сум ги помислила и пробала по едно стотина пати?
Вака, за тоа, дека многу луѓе ќе ми кренат, точно е, ама не е во ред на било кој да му ѕвонам зашто ете ми се праи муабет или било шо, значи да барам некој тоа време на телефон, зашто сварно ми се десило нешо или ми треба нешо итно. Значи не моеш да каеш дека е етички ради чиста мира на другарка да и се јавам во време коа сум сигурна дека спие, зашто ете така, ми е досадно и ми се збори на телефон.
После, за љубомората, тие ставови и јас ги почитувам, дека нема поента да бидеш со некој ако мислиш цело време дека ќе те извара или нешто. Мислам, нема смисла цело време да те мачи таа помисла, зашто да се малтретираш со некој ако мислиш дека на секое излегување од дома ќе отиде со некој друг или ќе и се пушта некој а таа ќе го прифати тоа и ќе размени телефонски број? Исто и за условите за врска, тоа со довербата почитта и љубовта. Те сфаќам и тотално те поддржувам. Апсолутно.
А и за тоа, па ја сум кучка некогаш, кога ептен ќе ми прекипе, ама што да праам коа иам меко срце и брзо заборавам, брзо ми поминува тоа. Добро не сум ни ја до толку, сум си идела и ја некоаш коа ќе ми прекурчи се иам раздрано го иам исклучено телефонот. Само работата е што лутината не ме држи доволно долго за да ја прекинам врската, ќе патам после тоа.
За муабетот, исто. Идам година ипол за некој ден, и до сеа милјарда пати сум пробала да разговарам, некогаш колку толку успешно, некогаш па ич.. Ама поголемиот дел од времето не му се разговара, нема што да ми каже, не знае што да ми одговори на прашањата... И во живо и на телефон и преку пораки, секако сум пробала да зборам, и смирено, и фино, и со дерење, и со плачење, и со молење.. Со се. И исто си е. Ништо. Кога сме скарани и ќе осети дека малце посериозна сум во врска со раскинувањето, тогаш знае да омекне и да вети некои работи, и јас со моето познато ова ти е последна шанса, ама таа сварно последна никако да дојде. И така ти викам, си тера, си тера, си тера.. До бесконечност. Секако, има и доста детали што не ги знаеш, што не се за во јавност или нешто. Ама у глобала, тоа е проблемот. А и мислам дека баш некој искрено, и не може да ми помогне. На мене си е тоа...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
^ Последните две реченици се целиот одговор на проблемот. Може било кој да ти сугерира „овака направи или онака“ но сепак одговорот на ова лежи до тебе и само до тебе. Треба сосема да раскрстиш што повеќе сакаш - да бидеш со него (каде ситуацијата не е баш на сигурно; Цитат:„и јас со моето познато ова ти е последна шанса, ама таа сварно последна никако да дојде“), или пак да раскинеш - напор кој бара многу време, трпение и воља и каде финалниот продукт ти го менува тотално светот што си го имала изградено предтоа. Така да - се` е на тебе. Другите (другарките најчесто) можат само да ја намалат болката но не и да сменат.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Може било кој да ти сугерира „овака направи или онака“ но сепак одговорот на ова лежи до тебе и само до тебе. Треба сосема да раскрстиш што повеќе сакаш - да бидеш со него (каде ситуацијата не е баш на сигурно; Цитат:„и јас со моето познато ова ти е последна шанса, ама таа сварно последна никако да дојде“), или пак да раскинеш - напор кој бара многу време, трпение и воља и каде финалниот продукт ти го менува тотално светот што си го имала изградено предтоа. Така да - се` е на тебе. Другите (другарките најчесто) можат само да ја намалат болката но не и да сменат.
Tочно,секој може да ти сугерира од страна и да ти вели што да правеш од чиста причина што е полесно од страна да се зборува и не се наога во нејзина кожа.
Во врска со другарките јас најчесто сум налетала на коментари од карактер не се замарај,не вреди,ке биде..
Вистинските пријатели ке се покажат во тој период и ке и помогнат да ја намали болката како што имаш наменето во твојот коментар.
 
V

Viktor g

Гостин
Незнам како да почнам. Тешко ми е мнгу во последно време неко сум влезн во депресија се чуствувам одбиен од сите никој некако не наоѓа време за мене се однесуват ко да немам чустава па можат се да истурат се врз мене не е битно дали ќе ме изнервира и како ќе го примам се тоа. Се повеќе размислувам како да побегна од се понекогаш со часови не се враќам дома бесцелно се шетам низ градот и се тоа за да не ги слушам нив и нивните приказни сите се поважни од мене никој не ме прашува како ми е мене ко да не сум составен дел од тоа семејство:kesa: порано имав кој да ме теши и гушне сеа и неа ја снема:nesum: незнам немам сила иако верувам дека се ќе помине незнам дали ќе издржам времето ме гази и јас се повеќе не се познавам
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244

Кое време бе времето е релативен поим :)
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
^ Последните две реченици се целиот одговор на проблемот. Може било кој да ти сугерира „овака направи или онака“ но сепак одговорот на ова лежи до тебе и само до тебе. Треба сосема да раскрстиш што повеќе сакаш - да бидеш со него (каде ситуацијата не е баш на сигурно; Цитат:„и јас со моето познато ова ти е последна шанса, ама таа сварно последна никако да дојде“), или пак да раскинеш - напор кој бара многу време, трпение и воља и каде финалниот продукт ти го менува тотално светот што си го имала изградено предтоа. Така да - се` е на тебе. Другите (другарките најчесто) можат само да ја намалат болката но не и да сменат.
Да... Фала на поддршката, у секој случај...

Tочно,секој може да ти сугерира од страна и да ти вели што да правеш од чиста причина што е полесно од страна да се зборува и не се наога во нејзина кожа.
Во врска со другарките јас најчесто сум налетала на коментари од карактер не се замарај,не вреди,ке биде..
Вистинските пријатели ке се покажат во тој период и ке и помогнат да ја намали болката како што имаш наменето во твојот коментар.
Точно, у право си за се. Иако, имам другарки што сварно се замараат со моите тешкотии, нема само тоа да ми го кажат, ај ќе биде боље не се замарај... Тука се, ама треба да речам коа ќе ја почнам борбата. Секако и за тоа треба храброст... Таа особина ми е својствена коа се работи за други, уффф тогаш душа давам. Ама за себе.. Малце потешко ми иде...

Незнам како да почнам. Тешко ми е мнгу во последно време неко сум влезн во депресија се чуствувам одбиен од сите никој некако не наоѓа време за мене се однесуват ко да немам чустава па можат се да истурат се врз мене не е битно дали ќе ме изнервира и како ќе го примам се тоа. Се повеќе размислувам како да побегна од се понекогаш со часови не се враќам дома бесцелно се шетам низ градот и се тоа за да не ги слушам нив и нивните приказни сите се поважни од мене никој не ме прашува како ми е мене ко да не сум составен дел од тоа семејство:kesa: порано имав кој да ме теши и гушне сеа и неа ја снема:nesum: незнам немам сила иако верувам дека се ќе помине незнам дали ќе издржам времето ме гази и јас се повеќе не се познавам
Сите така се чувствуваме од време на време. Има моменти кога никој нема да не сфаќа, кога ќе се чувствуваме како најосамените личности на светот. Ама не е се така црно, искрено, мислам дека е повеќе до тебе, таков период ти дошол па се си зимаш при срце, отколку што другите тоа намерно го прават да те повредат. Во ред, машко си, на 20 години уште не си маж, секако на вас и ви треба повеќе време за да го достигнете тој стадиум на зрелост (зрелост како поим под знак прашање пошо не може баш да се дефинира како период или фаза, и нема баш ограничен почеток или крај, и е малце дискутабилен поради тоа што луѓе што ги сметаме за зрели знаат да се однесуваат незрело, ама нема врска, не е тема на муабет :) ) и да ги поминете сите тие фази во стилот 'никој не ме сака'. Ама, ете, пробај погледни подалеку, сигурно стои некој, мисли на тебе, те чека. Често се случува тие што треба најмногу да се грижат за тоа како ние се чувствуваме, да бидат всушност оние што предизвикуваат да се чувствуваме несигурно, осамено... Не ги познавам твоите родители како луѓе, ама можам да ти кажам дека ако се луѓе што не покажуваат јавно емоции и не се отворени за разговор, тогаш мислам дека не треба да им замериш, зашто ни самите не знаат поинаку. Ете, има такви луѓе што не знаат да кажат што чувствуваат и им е незамисливо да зборуваат за тоа, го потиснуваат. Па најверојатно мислат дека сите така се чувствуваме, дека ни ние не сакаме или не ни треба да ги споделиме мислењата, ставовите, чувствата со другите, па затоа не ни обрнуваат внимание на тоа. Ене ми го дома еден таков, ама што да му праам, не можам да не го сакам, ме одгледал, душата си ја дал за јас да имам јадење пиење, кревет, покрив над глава. Дал се од себе за да ме изведе на прав пат и да ме воспита правилно, се со надеж дека ќе заврши добра работа, без ништо за возврат. Родители - никогаш нема да ги сфатиме, додека не станеме едни од нив.
Се е ова нормално, немој да се оптеретуваш премногу, ќе ти помине, период е само. Само ќе те советувам да погледнеш подалеку и да ги најдеш тие што всушност се таму само ти не ги гледаш. За тоа што со часови не се враќаш дома, сосема е нормално да сакаш да се оддалечиш од место каде не се чувствуваш удобно, да одиш сам и да размислуваш. Ти реков веќе, не ги познавам твоите, ама ако не се од тој тип што ти реков, може треба да разговараш со тој што си поблизок. Сигурно барем еден од нив ќе те разбере. Обиди се да бидеш искрен, ама не да се караш. Само објасни дека не е во ред тие нивните проблеми да си ги олеснуваат со тоа што тебе ти викаат и те обвинуваат за се и сешто, зашто и ти имаш граници.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Нe видов каде *ѕlatko malo* всушност бара совети и мислења или изнесува проблем...
Не знам за неа, али мене некој вака да ми даваше совети на непобарано, ќе му речев да одјебе... :)
I'm just saying :)
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Точно, у право си за се. Иако, имам другарки што сварно се замараат со моите тешкотии, нема само тоа да ми го кажат, ај ќе биде боље не се замарај... Тука се, ама треба да речам коа ќе ја почнам борбата. Секако и за тоа треба храброст... Таа особина ми е својствена коа се работи за други, уффф тогаш душа давам. Ама за себе.. Малце потешко ми иде...
Секоја чест за твоите другарки,навистина,јас па оние вистинските ги имам во мал број,ама не можам постојано да им зборам за една работа како некогаш.
Навистина се чудам на некои личности кои абер не даваат што им се случува,и наместо да гледат да си го решат проблемот како што наликува тие утехата ја бараат во алкохолот.Или пак да бараат помош од тебе кога си им потребна а кога тие тебе ти требаат,нив ги нема,тоа е тоа мене што ми пречи.
Знам дека е тешко,но вакви периоди сме ги имале сите,некој го доживува тоа потешко некој полесно.
Секоја чест на оние кој така лесно се справуваат.
Види не знам колку ке ти помогне тоа,јас порано за се се прашував,што би било кога би го сторила тоа или не би,што ако бев таму...за се морав да се прашувам самата себе зошто никој друг не скаше да ми одговори на моите прашања,се вртев постојано во круг за да сФатам дека сето тоа е губење време.Некогаш треба да знаеш на која личност ке се искажеш и од која ке побараш совет,зошто како што кажав секому му е лесно од страна да зборува.
Еве за пример ке ја земам Girl in Love(се надевам дека нема да има ништо против тоа што ја спомнувам)бара помош од овде ама ние не сме толку стручни личности за да и помогнеме туку гледаме од наша гледна точка како би било.А наместо да посете стручно лице што дупло повеке ке и помогне од нас таа се повеке запага во депресија.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Хахаха за ова со другарките, мислам дека сите ја водиме истата борба, да ги најдеме. Сеа, кој поише успеал, кој помалце, до негде е и на среќа, ама до негде и пристапот кон нив. Иначе ако е некој што едноставно не го боли уво за ништо, џабе да пробуваш да збориш со него, да му кажуваш, да бараш помош, коа од него ќе го добиеш старото добро 'ај не се замарај'.
Во врска со тоа, што се прашуваш самата себе за многу работи. Не знам дали некој не го прави тоа. А моите прашања од што станаа толку длабоки и поврзани, се свртев кон психологијата со надеж дека барем некои работи ќе ми се разјаснат. А другиот дел ќе се обидам да ги обелоденам преку моите искуства. Ќе видиме, млада сум уште за да имам одговор на се што ме интересира. Иако, мислам дека барем еден дел од нив сум успеала да си ги одговорам, така сама од себе едноставно да најдам решение. Мислам дека формула за наоѓање добри пријатели е она, да бидеш добар со сите, немаш што да изгубиш. А освен тоа што можеш многу да добиеш, и егото ти расте и самопочитта и самодовербата ти се зголемуваат со правењето добри дела.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559

Јас не би се согласил со последната реченица, не секогаш е правилно да правиш само добри дела, треба да се однесуваш и да постапуваш со секој како што заслужува, само ќе ти речам немој да забораваш дека некој повеќе ќе те паметат и почитуваат по лошите дела, оти сите не заслужуваат исто. :)
 
Абе, муабетот беше дека со сите треба со добро да почнеш, а сеа некој ако после тоа си покаже дека не заслужил да му напраиш нешо љубезно и добро од твоја страна, нормално дека ќе се однесуваш соодветно на неговото однесување, нема дискусија тука.
 
Треба да заслужи па да му направиш со добро,инаку ке те гази како што сака.
Ја знаеш поговорката?Јак си како земја,сите те газаат.
Е водејки се по коментарот на Фликс не очекувај да ти ги паметат добрите работи и да ти вратат.
Напротив,ако направиш лошо ке те паметат сите по тоа.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Треба да заслужи па да му направиш со добро,инаку ке те гази како што сака.
Ја знаеш поговорката?Јак си како земја,сите те газаат.
Е водејки се по коментарот на Фликс не очекувај да ти ги паметат добрите работи и да ти вратат.
Напротив,ако направиш лошо ке те паметат сите по тоа.
Абе, точно е све ова. Само ја не викам да праам добри дела во смисла, глава да давам за некој што не ми е никој и ништо, ама на пример ако му треба на некој некоја не толку важна услуга а јас можам да ја направам, зашто да не почнам јас со пријателски гест? Секако дека тој некој ќе ми го запамти тоа и после во следна прилика може и тој ќе ми се најде. Иако не мора да значи. Сеа некој ако не ти е драг и симпатичен не мораш ни да се понудиш за да му помогнеш, ама не мораш да почнеш со лошо. Некогаш можеме и да се излажеме со впечатокот за некој.
И не се согласувам дека ако со некој почнеш со добро, дека после ќе те има под него и ќе те гази. Мислам, можно е ако ти му дозволиш. Ама се што правиш правиш за себе, и кога на некој друг му помагаш, тоа го правиш зашто се надеваш дека тоа ТЕБЕ ќе ти донесе нешто добро, за тој другиот ти е гајле. Едино ако ти е баш близок.
А за паметењето, сеа има неблагодарни луѓе што ќе им биде сеедно ако им се најдеш или не, нема да им биде важно. Ама има на кои ќе им биде. Има такви што викаат: 'Ти ми го спаси животот кога ми беше опасност, сега ќе ти бидам верен до гроб'. А има и такви што ќе речат: 'Фала што беше тука кога најмногу ми требаше, ама сфати ме за ова не можам да ти помогнам.' Па сеа, секој со своето искуство и своите ризици. Кој мисли дека вреди ризикот да направиш мала работа за некој можеби да ти ја запамти и да добиеш нешто добро, сигурно кога тогаш ќе му се погоди некој што ќе се покаже како вистински пријател.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
^^^ Da dodadam vo gorenavedenovo - Vo vistinskoto prijatelstvo ne postoi zborot trgovija (davam-zemam)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom