DonJas
Married and Happy
- Член од
- 22 јуни 2008
- Мислења
- 2.651
- Поени од реакции
- 586
Етички не е грешно да му се јавиш на некој кому му значиш и ти значи во 3 саат сабајле, етички не е грешно да ти рече слушај малечка, не се плаши, или слушни, спијам уморен сум, извини. Етички е грешно да ти рече, добро ма шо ти е тебе проблемот? Тоа е работата.Фала многу што ете, се потруди да ми одговориш на ова и да ми ја олесниш ситуацијата. Се изгледа така убаво вака напишано, не изгледа така тешко.. Викаш, има толку многу луѓе на планетава што би ми кренале во 3 сабајле и ќе дојдат со пушка да не ме закача некој. Убаво е тоа, ама кај се тие луѓе? Не мислиш малце дека не е етички да тормозам некој у 3 саат сабајле на телефон, само зашто ете, не ми се спие? Не мислам дека нема подобар, далеку од тоа, само знам колку ќе ми биде тешко додека го најдам тој подобар. Тука лежи маката. Ама, ќе видиме... Понекогаш, кога сум до него, како сон ми се чини, толку е убав, внимателен... Не ми дава да одам од страна на улицата, за секој случај, да не ми се деси нешто, секогаш он оди од таа страна. Ама, после коа ќе почне да напнува со разни глупости, со кој сум се сретнала, што сум праела муабет, како сум се поздравила, дали сум се запознала со некој... Тогаш ми доаѓа бесот, збеснувам, си идам, и коа ќе останам сама, 10тина минути, ми поминува, само ми доаѓа, она убавото што е со него, само ми се враќа, и тогаш почнувам да плачам, и да анализирам кој каде греши, кој што треба да поправи... Колку што можам пообјективно. Само не знам дали е во мене проблемот, ама скоро секогаш излегува дека он треба да се поправи. Само тие работи да ги нема, никогаш нема да помислам на раскинување... Ама ете ги има. И толку пати ми доаѓа на ум дека правам грешка што му допуштам.. Ама едноставно, таква сум, меко срце имам. Не сум злопамтило. Ех, да бев. Да бев никогаш никој немаше да се заебава со мене. Ама, тоа е тоа. Сум едноставно, не знам да го памтам само лошото, не знам.
Друга работа, никогаш не вели никогаш, пошто опкружена си со луѓе што ќе ти кренат во 3 саат сабајле и нема да те отераат у пичку матер, само треба подобро да погледнеш.
Љубомората е многу лоша работа, се додека некој љубомори за нешто, те прашува каде си била, со кого, што како, значи дека нема доверба во тебе, па мора да провери, а ако нема доверба, тогаш незнам која е поентата на врската. Пошто една врска се основа најпрво на меѓусебна доверба (според мене) после тоа, меѓусебна почит, и на крај, најголемиот дел, љубов. Е сега, ниедна врска не функционира како што треба ако првите два услови не се исполнети, а ако третиот не е, тогаш не постои врска.
Не треба да си злопамтило, за да бидеш малку “кучка“, женско си бре, треба да бидеш способна да ставиш некои ствари под контрола кога станува збор за машко, имај малку поцврсти ставови, соочи го со тоа што ти смета, директно, заеби вртење од околу оставање знаци, само би ти рекол да начекаш момент кога не очекува дека ќе отвориш таква дискусија, за да нема толку време да се подготви за да се извлече, најубаво кога сте на кафе, или негде во природа, само да не е преку некој медиум, пошо верувај ми, изразот на лицето негово ќе ти ги даде вистинските одговори.