- Член од
- 10 септември 2009
- Мислења
- 142
- Поени од реакции
- 14
На него јасно дека никогаш нема да му простиш. Никој ни не го бара тоа од тебе. Треба да го најдеш тоа што на тебе ти треба. А тој и неговото патење не ти требаат, апсолутно. Во ред е да имаш нерасчистени сметки. Не си сфатила дека на светов има секакви луѓе? Па, има и такви што мозокот ќе ти го разорат, ќе те направат емоционален инвалид, ама они не мислат дека згрешиле нешто. Или може знаат дека згрешиле, ама птичката на нивното раменце, наречена совест изгледа не функционира. Ако си дел од светов мораш да се помириш со тоа. Не е твоја работа да се тупиш со луѓе што грешат и не гледаат дека го направиле тоа. Себични се, па што. Ти жива си после болката? Жива си. Ако си преживеала значи не било толку сериозно. Ако знаеш дека поминало време откако се случило тоа и ти функционираш, значи можеш да живееш со тоа. Само ти бираш дали ќе си ја тупиш главата и ќе му дозволиш на тој некој мочко да си го пуни егото со твојата болка, или ќе бидеш отпорна на неговиот паразитизам. Ако му вратиш, знај дека така ќе му дадеш до знаење дека те боли. А он тоа го чека. Паразит, што сакаш? Ако мислиш дека со некоја работа можеш да му одземеш нешто или да му предизвикаш болка... Тешко. Тој штом со своите грешки си живее како да не се случиле, апсолутно без каење, што мислиш дека можеш да му одземеш? Ако е паразит, што можеш да му одземеш за да го повредиш? Храната! Единствено така ќе му нанесеш болка. Ако твојата болка му е храна на неговото его, единствено тоа може да биде најголемата мака што можеш да му ја создадеш, а воедно и себе да си помогнеш. Не се мачи со болви повеќе, не вредат.
Така е се како што кажа, но сфатив дека проблемот не е во него, туку во мене, дефинитивно јас сум сеуште опседната бидејќи ми значи, не ми е сеедно во врска со него. Ем го презирам за работите што ги направил, ем да не кажам го сакам, а ми значи. Јас сум опседната со него а него ку* не го боли. Јас сум право за на психијатар, ми нема лек.