Мојот проблем го доживувам крајно сериозен. Живеам со моите родители, но не сакам да бидам под нивно влијание. Во нив не ги гледам ни оддалеку ,,родителските карактеристики" кои мене би ме направила среќна ќерка. Се плашам дека ќе бидам иста кон моите деца и тоа станува сериозно плашење. Пред некоја минута, на лист ги запишав сите негативни карактеристики што мојата мајка ги има, како да речеме претерана избувливост, паничење, драмење, непризнавање на грешките, голема тврдоглавост, одење со главата во ѕид и кога е свесна дека не е во право... И откако ги погледнав, сфатив дека веќе половината ги поседувам и јас. Тоа ме мачи, крајно. Како да станам потолерантна и да научам да ги одделувам важните од неважните работи? Како да не избувнувам? Едноставно не можам да поднесам да имам сличности со неа. Сакам да станам антоним на моите родители.
На грешка ја отворив темава

, и ти го видов постот. Па решив да направам нешто што го немам направено досега на ваква тема т.е. да солам памет и да се правам умен

. Затоа и си привилегирана.
Како прво ти не си твојата мајка и нема никогаш да бидеш, си поврзана со твојата мајка (како и сите ние) и поседуваш дел од нејзините карактеристики (како и сите ние) затоа што таа жена те има донесено на овај свет, те има хрането и одлучувано за тебе кога си била мала и не си можела да одлучуваш сама. Ама ти не си твојата мајка и нема никогаш да бидеш, само си поврзана со нејзе.
Второ многу ти е погрешен пристапот. Си седнала и си ги запишала сите негативни карактеристики. Не бива така. Сега сакам да седнеш и да ги запишеш сите позитивни карактеристики, и кои од тие ги поседуваш ти (и не заборавај ти не си твојата мајка само си поврзана со нејзе). Немој да ми речеш дека ги нема, сигурно ги има

.
Откога твоето внимание ќе го одглавиш од негативноста, и ќе го фокусираш на позитивноста поинаку ќе гледаш на животот. Негативностите сеуште ќе постојат ама твоето внимание ќе биде фокусирано на позитивност, и позитивно ќе гледаш и размислуваш.
Никогаш не заборавај ти не си твоите родители, не си твоите роднини, не си твоите другарки, не си твојот дечко, не си твоето милениче, не си твојот автомобил, велосипед итн итн

, само си поврзана со овие нешта, ти си ти.