следејчи пациент..ја
дали упорноста на извршување на зацртаните цели и задачи е нормална? имам гадна навика да буткам како бик се што ке намислам..може месеци и години да поминат ама пак ке дојде на моето...
ова е на секој план...резултатот е 16 саати работно време, солидна километража, мал милион планови детали скици и стратегии во глава, замор опседнатост нервоза и агресија???
од друга страна доста далеку сум дотуркал во однос на годините и почетната позиција...
дијагноза молам
Компулзивен перфекционизам,желба за величие и конторла.
Имаш потреба да се самодокажеш и на себе и на другите, и постојано тражиш активност преку која ќе ја исполниш таа твоја потреба.
Не си дозволуваш да се опуштиш и запреш, затоа што милсиш дека така губиш време и дека твоето постоење би постанало залудно, па постојано се принудуваш да превземаш акции кои би и покажале на околината дека си способен, моќен, битен.
Сакаш да чувствуваш дека ти ги носиш одлуките, ти ја имаш контролата и ти си оној од кого нештата зависат. Сакаш да создадеш нешто по кое ќе се врежеш во сеќавањето на другите, и ќе речат, да тој беше навистина нај (нешто, вметни епитет по желба).
Но, проблемот настанува кога ќе увидиш дека твоите планови се косат со оние на останатите, дека ја немаш контролата и дека не е само твоја моќтта. Оттаму агресијата и нервозата. Неподнослив ти е фактот дека нештата сепак не течат како што ти си замислил и дека животот не секогаш се потчинува на твоите планови и желби.
А, за заморот е очигледно...се трошиш реално физички и психички.
Решение...Веројатно малку да го стишаш егото кое ти вели ти мораш да бидеш во право, ти не смееш да седиш, мируваш и чекаш, ти мораш да покажеш дека си најдобар.
Да, болно е сознанието (особено за човек ко тебе) дека сите желби не се остваруваат и дека волјата и трудот не секогаш даваат плод. Но, тоа е факт и подобро за тебе да се помириш со истиот. Затоа што во борбата помеѓу тековите на животот и поединецот, животот без исклучок победува.
Во споритвно, ќе изгориш предвереме...Пред да имаш шанса да направиш било што големо.
Не, никој не е Супермен, па не си ни ти.
А, во светот живеат 6 милијарди, секој со свои планови и желби да се докаже. Па, тероетски е невозможно сите да се прилагодат на твоите желби и амбиции.