Зошто фрлате пари во приватните факултети?

Зошто фрлате пари за приватни факултети?

  • Не знаев дека мојот приватен факултет не е акредитиран

    Гласови: 1 3,4%
  • Ме излажаа дека е акредитиран и дека дипломата ми се признава

    Гласови: 7 24,1%
  • Не ми е гајле каков е таков е

    Гласови: 21 72,4%

  • Вкупно гласачи
    29

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Не ме изправај, гледаш дека иронично го кажав. Појќе се учи математика од програмирање.

Мрежни технологии - Интернет програмирање на Нов Бугарски Универзитет во Софија. Ѕирни ја програмата www.nbu.bg ќе ја најдиш на сајтот и ќе ти стани јасно колку работи нема ни да ти ги спомнат тебе, а камоли да ги научиш.

Шојма врска бе сине дали ги барат. Ти гледај му ја програмата каква му е катастрофа. 4 предмети во семестар од кои 2 математики 1 јазик и еден во врска со компјутери или програмирање или компјутерска наука, избор никаков немаш и мораш да учиш шо ти се налага. Какви шо има професори такви предмети. Е ти сам ако научиш и да знајш ќе те барат нормално.

Математика треба, ама треба и програмирање. Плус гледај на какви пенали се местиш, ај ќе ти простам сеа. C++ е најкористен и најмоќен програмски јазик кога се работи за сериозни софтверски решенија, така да не се срами со вакви испади. C # тешко дека е еден од најкористените, за Java се сложвам, а html ретко кој го смета за програмски јазик, можи Javascript да се спомни тука.

На ПМФ ќе завршиш за мрежи а мистерија ќе ти останат .Net и Client-Server програмирање. Јазици како MySQL или Oracle, Perl, Rebol, PHP. Ама важно експерт ќе бидиш за равенки решавање.

Не се срами ајде, Cisco е еден обичен курс шо можи да си го земи кој сака за 3 семестри ако си плати. Лекциите од курсовите на Cisco треба да се само дел од факултет за мрежни технологи.

И јас то го реков, има ГОЛЕМ недостаток на соодветни професори и баш заради то нема избор и има скратена и премногу математизирана програма.

Ај сеа не туку плачи и не измислувај.

Седни и учи! Не ти е другар ти крив шо немојш да го завршиш факултето.
Прва работа никаде не се пожалив ама баш никаде, баш напротив, нема ништо позитивно во тоа што го напишав за полагањето на приватните и за разлика од полно што се одкажуваат или уште во старт го одбираат „полесниот“ пат, јас сум можам и способен сум да си го завршам факултетот. Не измислувам, очигледно толку си запознаен или можеби имаш други намери. Не за џабе си се заебаваат на Фон дека на Фон можеш да паднеш само по скали :pos2:
Инаку заборував за употреба на C++ на факултет, а ако гледаш глобално најкористен јазик за 2008 е Java, втор е C, трет C++... За тоа што го работам моментално C# ми е идеален, за понатаму отом потом. Исто така очигледно не си запознаен ич со програмата така да прво прочитај ја па коментирај и кажувај што како е и има по 5 предмети во семестар. За на 4 годишни стварно товарат многу математики, не знам ни јас што ќе им се 8, на 3 годишни има 4 математики прва година само што не е баш „премногу математизирано“ ко што опиша. За програмските јазици што ги наведе дека „нема ни од далеку да знаеме што се“ ти кажа Корун, а за Cisco www.justfuckinggoogleit.com те молам, пред да кажуваш дека е обичен курс и да, е само дел од факултетот.
За на НБГ на англиската верзија и има програма само за Computer Media Tech, згора на тоа муабетот е за факултети во Македонија не воопшто.
И има врска дали ги бараат или не, сигурно не ги бараат зошто не знаат ништо.
А кажи ми исто добра е програмата на Европски, особено што имаат Pascal, програмски јазик што не познавам некој што го користи, а воедно се учи во прва-втора година средно?
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Сите овие се учат во 2-3 година :)

Пример за приватниве факултети (незнам точно дали за FON или Европски...)
На еден другар му го положив ИСПИТОТ (ќе да беше, ако не, сигурно бил колоквиум) по програмирање со тоа што преку мсн му ја решив задачата која беше, направи дигитрон :):):)

Дигитрон на пмф правев во подготвителна настава (значи како вовед пред да почне факултетот :) )
Немојш ти да генерализираш за сите универзитети приватни како е, а ни за државните. Секој универзитет си е приказна за себе, немој сега јас да ти пуштам линк да видиш шо требаше да решавам 4ти семестар. И секој професор си е посебна приказна, имам јас професор кај шо сите имаме максимална оценка, а имам и професор кај шо само 20 проценти имаме положено.

Да додадам: Дали некој од вас што сте на приватниве факултети (или па знаете некој од таму) има паднато година? И зашто не?
Ете на универзитетот кај шо сум јас не се паѓа година во никаков случај, можи и ниту еден испит да не положиш и пак да запишиш година. Не ти треба никаков услов за да следиш лекции и да си даваш пари. Единствениот услов е ти да ги положиш сите испити и да ги собереш сите потребни кредити, никој ни те бара ни те брка, ко ќе ги собериш кредитите можиш да спремаш дипломска.

А јас лично познавам дете шо падна година на Европскиот и се префрле Битола на Технички, шо не треба ништо да значи. Го мрзеше не одеше, падна.
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Немојш ти да генерализираш за сите универзитети приватни како е, а ни за државните.

(Баш затоа пишав дека зборам за FON или Европскиот... значи два)

А јас лично познавам дете шо падна година на Европскиот и се префрле Битола на Технички, шо не треба ништо да значи. Го мрзеше не одеше, падна.
Добро е, знаеш еден од 10 000+ што поминале приватен факултет без да паднат година :)
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Да додадам: Дали некој од вас што сте на приватниве факултети (или па знаете некој од таму) има паднато година? И зашто не?
Минатата година бевме речиси 300 студенти, оваа година сме 100 и нешто. Учам во Штуловиот. Убо ви вика Синди, 19 математики, и кога ке завршиш, ке се вработиш професор по математика.
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Прва работа никаде не се пожалив ама баш никаде, баш напротив, нема ништо позитивно во тоа што го напишав за полагањето на приватните и за разлика од полно што се одкажуваат или уште во старт го одбираат „полесниот“ пат, јас сум можам и способен сум да си го завршам факултетот. Не измислувам, очигледно толку си запознаен или можеби имаш други намери. Не за џабе си се заебаваат на Фон дека на Фон можеш да паднеш само по скали :pos2:
Инаку заборував за употреба на C++ на факултет, а ако гледаш глобално најкористен јазик за 2008 е Java, втор е C, трет C++... За тоа што го работам моментално C# ми е идеален, за понатаму отом потом. Исто така очигледно не си запознаен ич со програмата така да прво прочитај ја па коментирај и кажувај што како е и има по 5 предмети во семестар. За на 4 годишни стварно товарат многу математики, не знам ни јас што ќе им се 8, на 3 годишни има 4 математики прва година само што не е баш „премногу математизирано“ ко што опиша. За програмските јазици што ги наведе дека „нема ни од далеку да знаеме што се“ ти кажа Корун, а за Cisco www.justfuckinggoogleit.com те молам, пред да кажуваш дека е обичен курс и да, е само дел од факултетот.
За на НБГ на англиската верзија и има програма само за Computer Media Tech, згора на тоа муабетот е за факултети во Македонија не воопшто.
И има врска дали ги бараат или не, сигурно не ги бараат зошто не знаат ништо.
А кажи ми исто добра е програмата на Европски, особено што имаат Pascal, програмски јазик што не познавам некој што го користи, а воедно се учи во прва-втора година средно?
Cisco e синко курс, кај мене го има на универзитет за кој сака да си го запиши да оди на лекци и да си земи сертификат. Има еден сертификат се зема за 1 семестар и уште еден за 3 семестри. Не ми кажвај ти шо е Cisco сеа, важен бил за шо е важен?

Незнам јас на ФОН и Европски како е, незнам ни дали има таму информатика. Знам само дека ПМФ има срање програма и нема кадар како шо треба. Се форсира математика не дека треба, ами дека нема кој да предава стручни предмети. Па да на прајме муабет шо услови никакви нема. Тестој програмирање на ливче се прат уште, па кога ќе треба да програмираш ти бе на ливче, случајно на пуст остров ако ти треба алгоритам за бегство а?

Џабе ги браниш, застарена и бескорисна програма има. А то шо излегват квалитетни деца од таму е оти седнале дома и го спотнале дупо. Во никој случај не се производ на добрата наставна програма.

Па шо програма е та да немаш никаков избор шо предмети ќе следиш? Плус 4 предмети семестар и кој од кој поопшт и побанален, таман ко за даскал во основно по информатика ако се спремаш.

Не ми споредвај, јас секој семестар од 8 предмети бирам 6 кој да ги следам + 2 самостојни проекти по еден од тие предмети и задолжителен работен стаж од 60 часа како програмер или ИТ.
 
Математиката и во Штуловиот се форсира за џабе. Буквално џабе, остајте ги тие муабети ке ти терба математика ако сакаш да биде ’’компјутерџија’’ од тебе. Досега учиме математика, а врска нема со ова што навистина ни треба. За тоа што викаш тестовите се решаваат во ливче (по програмирање) додуша тоа и така треба да е, оти јас можам ич да не учам утредента на тест ке пробам 100 варианти, билд солушн, и ке ми даде нешто, ако не цела задача ама 60% минимум ке ја направам. Затоа на ливче ем побрзо, ем посигурно(за знаење).

Да ти ебам среќата. Јас имам 2 изборни предмети, и дадени се само 2 предмети, е ај да те видам избери нешто!? :) Интродакшн ту Линукс, ни дава еден кој завршил ПМФ, магистрирал таму, сега и докторира. Предметов е интродакшн, тој... математика не учи...
 
Абе сеа секој со среќата сине и кај мене има математика ама јас гледам секогаш да биди во тие 2 предмети шо ги одбегнувам. Подобро ќе учам некој програмски јазик плус него неравенстото на Фано и кодојте на Хафман и такви слични теоретски математички страња.

А иначе на ливче мало морген шо ќе напрајш ти задача без грешки. Синтаксата не се учи напамет, никој не го бара то од тебе, никој утре на работа ако одиш нема да ти забрани да ја видиш синтаксата. Е сеа зависи и од професорот шо задачи дава, јас тие шо требаше да ги решавам на тестојте на вежби на ливче едноставно е неизводливо да се напишат.

И пак ќе речам, зависи и од професорот. Едно помладо маже шо ми предава сега Програмирање на Сигурен Код, најдобро предава има неверојатно знаење и искуство да ти е ќеф на предавања да слушаш. Ама на тестој пример не се замара, ќе ни дај тест и секој од секој ќе препишиме и сите максимална оценка 6. Лани по Бази од Податоци еден од Германија беше дојден, ко ни даде еден тест од 20 страни цела недела да ми го даеше дома немаше да го дорешам, едвај 6-7 души фативме прелазна.

Зато викам јас, да се споредва генерално не можи, дури ни во самиот универзитет, а не па приватен или државен одма на кантар да клајш.
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Cisco e синко курс, кај мене го има на универзитет за кој сака да си го запиши да оди на лекци и да си земи сертификат. Има еден сертификат се зема за 1 семестар и уште еден за 3 семестри. Не ми кажвај ти шо е Cisco сеа, важен бил за шо е важен?

Незнам јас на ФОН и Европски како е, незнам ни дали има таму информатика. Знам само дека ПМФ има срање програма и нема кадар како шо треба. Се форсира математика не дека треба, ами дека нема кој да предава стручни предмети. Па да на прајме муабет шо услови никакви нема. Тестој програмирање на ливче се прат уште, па кога ќе треба да програмираш ти бе на ливче, случајно на пуст остров ако ти треба алгоритам за бегство а?

Џабе ги браниш, застарена и бескорисна програма има. А то шо излегват квалитетни деца од таму е оти седнале дома и го спотнале дупо. Во никој случај не се производ на добрата наставна програма.

Па шо програма е та да немаш никаков избор шо предмети ќе следиш? Плус 4 предмети семестар и кој од кој поопшт и побанален, таман ко за даскал во основно по информатика ако се спремаш.

Не ми споредвај, јас секој семестар од 8 предмети бирам 6 кој да ги следам + 2 самостојни проекти по еден од тие предмети и задолжителен работен стаж од 60 часа како програмер или ИТ.

Значи само со тоа што го кажа за Cisco само си кажа колку се разбираш за информатика, затоа прво ПРОВЕРИ, ПРОЧИТАЈ па зборувај, не се бламирај непотребно.
Стварно... Баш ми требаше некој да ми ги отвори очите да ми покаже дека пред 2 недели не полагав на компјутер туку на ливче... Се мислев дека сум полагал на компјутер и дека пишував кодови во C++ али тоа да сум ти полагал на ливче... Програмирање на 4 годишни на колоквиум се прави прво на ливче алгоритам и ако ти е логички точен работиш на компјутер (на еден начин елиминационен за да не се собираат 500000 C++ кодови од некои што не знаат ни како да декларираат променливи), а на 3 годишни се полага квалификационен тест на лист исто со по едноставни алгоритми или кодови, така да пак си погрешно информиран или може намерно ти погрешно информираш. И пак ти повторувам прво провери програмите како се, прво провери што како и после зборувај. + што „програмер“ ќе беше ако за почетнички програми ти треба да гледаш синтакса, ако не кога ќе правиш поголеми кодови за некоја фирма за се и сешто барај по книги и по туториали да видиш синтакса.

За изборни уште не сум стигнат така да не можам да зборувам, тоа Корун може повеќе да ти каже.

За математиката и програмирањето прашајте некој што е има дипломирано и што работи дали требаат или не, може стварно не требаат 8 али тие 4 што се на 3 годишни срамота е да не се знаат а и немам сретнатно некаде кај што не се учат истите освен за Конечна математика не знам зошто следниот семестар ќе ја запишам.

Многу ме интересира на кој факултет си.
Штул е единствен приватен колку што знам што го вреднуваат.
И баш ради тоа што јас со дипломата од пмф што е од застарена програма и што е никаква за некоја година ќе се видиме кога ќе ја вадам платата во Америка за помалце од недела таа што ти ќе ја земаш во месец, затоа што секаде во свет го акредитираат пмф и го признаваат баш ради тоа што има лоша програма и вади лош кадар, а не ги признаваат повеќето наши приватни сигурно затоа штоимаат премногу модерна програма и премногу понапредна за остантиот свет.

Згора на се не беше темава за кој факултет е признат, а кој не?
Епа слободно направи сам истражување (сигурно имаш доволно информатички способности за да истражиш) и дојди си сам до решението, а притоа да не е сајтот на твојот факултет.
Згора на се, зошто јас не би се запишал на приватен? Мене ми одговара повеќе побрзо да завршам и да имам (како што викаш ти) „подобра диплома“, имам пари да си платам приватен, не знам зошто тогаш би го одбрал полошото, а потешкото ако беше така како што ти викаш.
 
Ете и сам кажваш дека на ливче полагате, колоквиуми или елиминаци незнам шо се пишите на ливче програми. Уште на камен да ви дат да ги гравирате со длето или на перфорирана плоча да ви дат.
На тесто лани имав имплементација на Ordered Dictionary, можеше исто да ти падни и нешто како Priority Queue, Binary Search Tree итн. Е сеа пробај почни ти да пишиш код на ливче за такви некој структури на податоци и ќе прајме муабет.

Абе прочитав на сајтот шо да ми кажи за изборните, ја видов програмата тиња е ко од 80-тите години е. Ете и сам викаш дека 8 математики имаш и дека многу се и пак се расправаш оти уба била програмата.

Многу ме интересира на кој факултет си.
Ти кажав кај сум, да не те кљука амнезија блага а?

Леле ти во каков филм си влезен бе сине. Кој те вработва бе тебе Америка со диплома од ПМФ, абе таму незнат Македонија шо значи не па ПМФ да го знат.

Немој вакви детски муабети, тебе Америка не те земат келнер да работиш програмер ќе работел тој. Немој бе сине да ти прат филмој, знам јас убо како е Америка бев видов.

Не е мерило тежината на факултетот, програмата е. Програмата на ПМФ е СРАЊЕ, професори нема, услови нема и се учи математика колку да се присоберат кредити.

Јас не викам дека некоја диплома е подобра од другата, во Македонија сите се исти во странство сите се безвредни. Прам муабет за каде какво знаење стекнуваш, а ти ако сакаш да си даскал по математика и информатика си на прав пат, ама ако сакаш да бидиш програмер некој ден седни си дома и подчитнувај си по нешто.

Америка ќе одел :tapp::tapp::tapp: Абе оти деца вакви филмој
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Сине,што не ти е тебе јасно,ние збориме за приватни факултети во МАКЕДОНИЈА,каде се чуствуваш ти поврзан за да бидеш прозван на темата?
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.588
Поени од реакции
2.617
Ова анкетава што е ставена ме асоцира на скечот од К-15, кај што ќе треба да се гласа за прецедател на Југославија.
И листата беше:
1.ТИТО
2.ТИТО
3.ТИТО

Па сега ти бирај:helou:
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Ете и сам кажваш дека на ливче полагате, колоквиуми или елиминаци незнам шо се пишите на ливче програми. Уште на камен да ви дат да ги гравирате со длето или на перфорирана плоча да ви дат.
На тесто лани имав имплементација на Ordered Dictionary, можеше исто да ти падни и нешто како Priority Queue, Binary Search Tree итн. Е сеа пробај почни ти да пишиш код на ливче за такви некој структури на податоци и ќе прајме муабет.

Абе прочитав на сајтот шо да ми кажи за изборните, ја видов програмата тиња е ко од 80-тите години е. Ете и сам викаш дека 8 математики имаш и дека многу се и пак се расправаш оти уба била програмата.

Ти кажав кај сум, да не те кљука амнезија блага а?

Леле ти во каков филм си влезен бе сине. Кој те вработва бе тебе Америка со диплома од ПМФ, абе таму незнат Македонија шо значи не па ПМФ да го знат.

Немој вакви детски муабети, тебе Америка не те земат келнер да работиш програмер ќе работел тој. Немој бе сине да ти прат филмој, знам јас убо како е Америка бев видов.

Не е мерило тежината на факултетот, програмата е. Програмата на ПМФ е СРАЊЕ, професори нема, услови нема и се учи математика колку да се присоберат кредити.

Јас не викам дека некоја диплома е подобра од другата, во Македонија сите се исти во странство сите се безвредни. Прам муабет за каде какво знаење стекнуваш, а ти ако сакаш да си даскал по математика и информатика си на прав пат, ама ако сакаш да бидиш програмер некој ден седни си дома и подчитнувај си по нешто.

Америка ќе одел :tapp::tapp::tapp: Абе оти деца вакви филмој

Хахаха да, да баш чудно како зет ми го земаа за програмер и како е веќе 10 години таму... Другите што се пријатели негови од пмф и електро може и не постојат... Може и не сум бил кај нив на работа или кај нив дома кај што живеат... Пичку матер сигурно лаже сигурно е келнер или во McDonalds.
И очигледно читаш само делови, така да за тоа на ливче ПРОЧИТАЈ прво што пишав, ако си доволно писмен. Не учам 8 математики, 4 учам, знаеш да читаш или уште не сте стигнале до таму :pos2:
Ти реков исто провери што и како се признава па после соли памет.

Сигурно само ти си бил во Америка и само ти знаеш како е, никој друг поим нема дури ни тие што моментално таму живеат и работат.
На nbu студираш? Не знам стварно како си ти поврзан со темава...
Не планирам, не сум ни на студии за програмирање...
Чудно бе како тие програмски јазици што ги наброја дека ги има на nbu ги имало и кај нас... Не знаев дека и на нбу користат програма од 80 години.
Да ќе одам Америка и да ќе ми биде признаена дипломата... За разлика од нечија...
Така да колку сакаш од инат зборувај, трескај колку сакаш глупости не си ни доволно информиран не ни сакаш да се информираш, туку зборуваш на празно. Кога ќе собереш повеќе информации пиши, до тогаш, истражувај.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Да ќе одам Америка и да ќе ми биде признаена дипломата... За разлика од нечија...
Малку пореално гледај... твојата диплома е признаена и можеш да продолжиш на постдипломски студии на некој од факултетите во САД.
Исто и од Фон, ЕУРМ и Штул можеш исто така да продолжиш на некој од факултетите низ странство.

Но шансите за да се вработиш на одлична позиција во САД само со диплома од ПМФ се премногу мали. Треба тука многу труд и вложување и дополнително образование на некој од тамошните факултети. Комбинација со пмф + некој факс од САД каде ќе земеш постдипломски е добра. Постдипломските ќе ти се отскочна даска, ако се покажеш добро големи ти се шансите за вработување во некоја фирма таму.

Вака за твое добро не биди толку голем оптимист дека одлично ќе поминеш и ќе се вработиш со диплома од ПМФ. Не е Америка свето место има и таму огромен број невработени лица и во огромна криза се.

Како мој совет што не мора да го прифатиш а тоа е кога ќе си апсолвент пробај да добиеш стипендија за постдипломски таму кај што сакаш да се преселиш. Не оставај се само на диплома од ПМФ.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Jas sum na privaten fakultet (Stulov) tuka u Skopje i bas ne e lesno i mojata diploma e priznata i nadvor bidejki Stuloviot e nasekade rasprostranet niz Evropa,taka da povelete studirajte na drzaven ostanete u Makedonija so pametot nerazraboten i nefunkcionalen da gleda idnina nadvor od Makedonijava,a jas ke si izlezam i so mojov fakultet ke zimam min. 2000 evra a vie rabotete tuka za max. 500 evra.Ovde vi se priznati samo elektro,pmf i sl. drzavni fakulteti a so drugite ke ve vidam so ke napraite!!!
Pozdrav do site sto gledaat prosperitet nadvor od tuka.
А кога идеш, да организирам журка? Еден егоцентричен, непромислен, препотентен, егоистичен човек помалце... Што ти е гајле на тебе ние што ќе праиме тука, ајде иди бркај работа, ти си нашла да збориш кој колку плата ќе зима и кој каква иднина ќе има... Јак интелектуален капацитет...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom