Има повеќе пари од мене, не сум достоен за неа

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Абе ок, ве разбирам јас и двајцата... Мислам на АцеМаус и Папучар... Само сакам да ви укажам (и не како утеха, туку како факт) дека сметајќи се себеси за недостоен за некоја девојка само зошто нејзиниот џеб е подлабок од вашиот, си ја уништувате самодовербата и мислењето за себеси, кое е од исклучителна важност.
Знам дека живееме у таков глуп материјален свет кај што хартијата се цени само ако е од вредност и кај што без пари ништо не си, па ни клошар, ама верувајте дека повеќе е до вашата перцепција, отколку до нејзините пари како врската ќе резултира.

Ќе се чувствувате така како што ќе се замислите, ако по ваше гледиште е срамота и ниско да има повеќе пари од тебе и ако ги запоставувате другите свои вредности (кои, замисли, постојат девојки што ги ценат и тие, пред парите), нормално дека ништо нема да испадне. Ама ако ја задржите самодовербата и го тргнете материјалниот фактор на страна, нема ништо што може да ве спречи да бидете во врска со таква девојка.

Е сеа, за ова второво, нормално дека ќе треба и да се погоди девојката :) Точно е дека таквите девојки се научени на живот на висока нога, и секоја од нив различно мислење би имала за врска со полошо ситуиран маж. Едни не би ги ни погледнувале таквите (а и убаво си кажа Аце, не се ни движат во исти кругови за воопшто да се сплеткаат), а некои други, на кои не им е тоа приоритет, нема да обрнат внимание на тоа колку пари имате у буџет.

Мада шо тупам и ја, коа и сама сум свесна дека е малце покомплицирано од ова... :)

Сума сумарумот е уствари дека, ако сте човек што не ги вреднува така работите и кој има поинакви интереси и приоритети од тие паричните, и ако се погоди да налетате на девојка со исти сфаќања како вас, тогаш ваква врска би можела супер да функционира.
Се додека, вие како мажи, горделиви, заштитници, глави на куќата, не почнете да се чувствувате омаловажено зошто сте во послаба финансиска состојба, а тоа ќе се случи откако ќе почнете да калкулирате. Кој колку плаќал, кој колку имал, кој колку дал...

Немојте да калкулирате. :) Полесно е да кулирате. :icon_lol:

Имаш право не е таква..првичната реченица беше..(иди, бе среди се малку :) <--od еден муабет и два три поста....прилично гарантирам дека е ваква хухуху:) (позитино да се свати во секој случај :) ), a ja сменив реченицата posle za da va\i vo treto лице
И доста више нагаѓате каква сум, може сум некоја тешка спонзоруша што тука продава лажен морал, муахахаха :icon_lol:
 
Абе ок, ве разбирам јас и двајцата... Мислам на АцеМаус и Папучар... Само сакам да ви укажам (и не како утеха, туку како факт) дека сметајќи се себеси за недостоен за некоја девојка само зошто нејзиниот џеб е подлабок од вашиот, си ја уништувате самодовербата и мислењето за себеси, кое е од исклучителна важност.
Знам дека живееме у таков глуп материјален свет кај што хартијата се цени само ако е од вредност и кај што без пари ништо не си, па ни клошар, ама верувајте дека повеќе е до вашата перцепција, отколку до нејзините пари како врската ќе резултира.

Ќе се чувствувате така како што ќе се замислите, ако по ваше гледиште е срамота и ниско да има повеќе пари од тебе и ако ги запоставувате другите свои вредности (кои, замисли, постојат девојки што ги ценат и тие, пред парите), нормално дека ништо нема да испадне. Ама ако ја задржите самодовербата и го тргнете материјалниот фактор на страна, нема ништо што може да ве спречи да бидете во врска со таква девојка.

Е сеа, за ова второво, нормално дека ќе треба и да се погоди девојката :) Точно е дека таквите девојки се научени на живот на висока нога, и секоја од нив различно мислење би имала за врска со полошо ситуиран маж. Едни не би ги ни погледнувале таквите (а и убаво си кажа Аце, не се ни движат во исти кругови за воопшто да се сплеткаат), а некои други, на кои не им е тоа приоритет, нема да обрнат внимание на тоа колку пари имате у буџет.

Мада шо тупам и ја, коа и сама сум свесна дека е малце покомплицирано од ова... :)

Сума сумарумот е уствари дека, ако сте човек што не ги вреднува така работите и кој има поинакви интереси и приоритети од тие паричните, и ако се погоди да налетате на девојка со исти сфаќања како вас, тогаш ваква врска би можела супер да функционира.
Се додека, вие како мажи, горделиви, заштитници, глави на куќата, не почнете да се чувствувате омаловажено зошто сте во послаба финансиска состојба, а тоа ќе се случи откако ќе почнете да калкулирате. Кој колку плаќал, кој колку имал, кој колку дал...

Немојте да калкулирате. :) Полесно е да кулирате. :icon_lol:


И доста више нагаѓате каква сум, може сум некоја тешка спонзоруша што тука продава лажен морал, муахахаха :icon_lol:
темава е навистина покомплицирана... неможам да куцкам...
ке ме натерате да ве носам..на кафица и двајцата, таму да отвориме сочна дискусија.. пошо ја навистина се осекам недосикажан..(А никад не ме бивало на кусо да раскажам)... и да, да не заборавам...псај.. јас плакам..:P ..ops пардон.. ја и аце заедно :D

..................
И доста више нагаѓате каква сум, може сум некоја тешка спонзоруша што тука продава лажен морал, муахахаха
.................................................
си? ондак....се премислувам за плакањето..аце нека плати :)
 
темава е навистина покомплицирана... неможам да куцкам...
ке ме натерате да ве носам..на кафица и двајцата, таму да отвориме сочна дискусија.. пошо ја навистина се осекам недосикажан..(А никад не ме бивало на кусо да раскажам)... и да не заборавам...псај.. јас плакам..:P ..ops пардон.. ја и аце заедно :D
Е така, најпаметно :icon_lol:

Море плаќај, ја сигурно нема да се понудам, не сум ја ко пуфливе шо ги зборевме до сеа, и ја сум социјала ко вас :icon_lol:

Ќе ги споредиме месечните примања и на кого му се највисоки, тој плаќа. :)
 
темава е навистина покомплицирана... неможам да куцкам...
ке ме натерате да ве носам..на кафица и двајцата, таму да отвориме сочна дискусија.. пошо ја навистина се осекам недосикажан..(А никад не ме бивало на кусо да раскажам)... и да, да не заборавам...псај.. јас плакам..:P ..ops пардон.. ја и аце заедно :D

..................
И доста више нагаѓате каква сум, може сум некоја тешка спонзоруша што тука продава лажен морал, муахахаха
.................................................
си? ондак....се премислувам за плакањето..аце нека плати :)


Ќе плаќаш а тука по форуми ми се жалиш:D:D Шала:smir:

Нема никаква потреба да се замараш во врска со тоа.Среди си ја работата да се зацапа во тебе,е после ќе си дојдат и твоите минути.Брате ќе ја цедиш до маx.Нема жал тука...Секогаш да си знаеш и таа некоја си би ти правела така...

Нека го загриза мамецот улови ја и после све иде врло лакше.
 
после маста ќе и ја извадиме, а се праиме овде некои поборници за вистинска љубов...ќе се преселам кај незе бе шо ќе даам пари за превоз...мухаха..
спонзоруш стана почеста појава од спонзоруша:vozbud:
 
Моооре, мајку ви, само мрчнете еден збор за спонзоруши, одма ве линкам до темава да си ги прочитате злите зборови :icon_lol:
 
Оф бреее будалаштини. Сенчи мислите дека помал чуек си од неа ако имаш помалу паре, ccc, како мислите таке де аман, ти ако се понашаш како што треба да се понаша право мушко ондак паре ни су проблем ќе си викаш. Ама ај ка се понашате ко лигуши и ка ги третирате женеве ко кралице, ако мислите дека таке ќе ве сакаа епа к*р див шо ќе ве сакаа. (Сеа ако си бездомник без паре друга прича е).
 
Моооре, мајку ви, само мрчнете еден збор за спонзоруши, одма ве линкам до темава да си ги прочитате злите зборови :icon_lol:
ок ок ок..јувин :) ја..плакам кафето за двајцата..само немој да линкуваш овде...(не за друго во преговори сум со богаташка :) шала..и барајте ме од петок натака..пошо треба да ги однесам кондурите на мајстор..срам ке ми е да дојдам..(имало и ваква ситуација :)..и одберете..по шпараѓиско место..да не се арчам многу:D
 
Темава е првенствено наменета за машки ама може и женски да учествуваат...

Значи ситуација, ти се свиѓа некое девојче, сакаш да имаш нешто со неа, ама те спречува да „тргнеш во поход“ тоа што таа (поточно нејзиното семејство) е значително побогата од тебе.

Бидејќи нели, машките треба да се џентлмени... а за да си џентлмен треба и кешарица...

Значи дали ве спречило некогаш ова или пак сметате дека она што го поседувате како „Јас“ е посилно од сите пари на светов и дека ако ве сака треба да ве сака таков каков што сте па макар и да треба таа да ви плаќа кафе...

Може и за женските ама не ми е некако соодветно таква ситуација...
Море има во мерцедесот нејзин да ме вози јас напред да седам до нејзе, и кога ќе застаниме има врата да ми отвора :icon_lol:.
За да си џентлмен треба да имаш кешарица, дефиницијава за зборот и поимот џентлмен ти е лудница:pos::pos:. Сум видел јас луѓе со кешарица, манири никакви, однос никаков, ни знае кога треба води љубов, ни знае кога треба да води војна. Речник муабет да не ти правам, представителност на ниво :pos:. И тоа е џентлмен според тебе?



Имаше ситуација кога не бев достоен за нејзе, ама не беше поради пари, поради мене беше:kesa::kesa::kesa::kesa::kesa:.
 
mislam deka nema vrska finansiskata sostojba...ljubovta e vazna:back:
 
Како може ја да не бидам достоен?

Може она да не биде достојна..


Зборам општо,во секој поглед,не во финансиски.
 
Комплексно прашање.

Вие и да се сакате, она да има пари да иде по 5 кафиња у ден, да плаќа карти за најскупите журки кои ти неможеш да си ги дозвилиш...нема да ви биде нешто многу од врската.
Заеби џенталменство, едноставно ако не можеш да си у трка со нејзините искачања, јебем ти врската. Исто и ако она не може да биде во трка со твоите, истото важи. Не иде ти да и ја плаќаш секоја карта и да ја частиш пијачка. Тогаш веќе е спонзоруша, а ако не е таква само ќе направиш да се чуствува како таква и ќе ја изгубиш.

Така да не е до парите, до класата во општеството во која се наоѓа е. Ако сакам да фатам девојка што искача у картел нема да можам да ја фатам пошо нема да ме пуштат мене на врата. Ме разбирате што сакам да кажам?

Ме поштеди од доста пишување, мојата верзија ке беше нешто подолга можеби ама може да се сведе 100% на ова што ти го спомна овде. Само заради такви ситуации бај да веј не би можел да идам со некоја по богата, а лично како човек воопшто не би се гледал по инфериорен од неа заради парите.
 
Парите не се уопште битни,колку дал господ толку,ама не размислуваат сите така.имав таква врска и само чоекот си наби комплекси.тоа само посочува кон незрелост ,барем јас така мислам.јес да и ја да би била мушко би се осекала глупо девојка ми да ме спонзорира,или еве на пример да искача со поише пари од мене,ама ако ја сакам тоа уопште не би ми било битно за да се споредувам со неа или сл.
 
Таков е менталитетот на машките.Не само овде,насекаде. Искрено и мене ми е глупо али само во дадени ситуации иначе ме заболе кој колку има и од каде. Ако девојка ми има повеќе пари од мене ок, не ми смета,за неа си има. Едино може неа да и пречи што има повише. Е сеа она мушкото,да платиш пијачка или нешо такво си стои без разлика дали мојата плата е со 4 а нејзината со 6 цифри.
 
Иј, ама одамна не сум скршила филм на темава, од негде 2, 3та страна, ми се чини.
Не е дека не си достоен за неа, или дека таква врска нема никакви шанси да успее, ама реалноста е дека за да се заљубиш треба време... А за тоа време (ај, пак ќе повторам) - нема љубов. Значи, нема причина зошто да одите на места кои во вашата свест се премногу клошарски/фенси, да пиете пијачки кои се пре скапи/евтини, да седите со некој за кој што цело друштво ќе ви збори дека е богаташ/спонзоруш :)) Јадам гомна, ама се надевам отприлика сфаќате за што станува збор. Или треба да е страаашно убав, или неверојатно интелигентен или сексот да е сериозно, ама сериозно најдобриот до тогаш:)) Јас не би се откажала од ништо за некој што ми се допаѓа лајт, не би очекувала од никој да се откаже од нешто за мене, откако сме се запознале негде на рандом... Друг е муабетот ако станува збор за некој кој долго го познаваме, или некој со кој се гледаме секој ден на факс или на работа или што да е. Ама теоретски, луѓето од убер различни класи не можат секојдневно да се гледаат. Јас учам на факултет кај што плаќам годишно помалку од 300 евра, они учат на Харвард:)) Од друга страна, не изгледам како Каролина Куркова па на тоа да се шлепам:)) Фак, пак јадам гомна. Нема врска, муабетот ми беше дека на страна од тоа што луѓето од различни класи не можат ни да дојдат до можност да се смешаат, дури и ако дојдат до таква можност - практично е невозможно дека ќе се погодат така што да пројдат заедно доволно верме за да „паднат во љубов“.
И да, јас не би му плаќала сокче. А додуша не би седела ни во „Хилда“ затоа што таму е пивото најевтино...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom