Алексу бре, не рипај, смири се.
Не го измислив јас тоа, тоа така е од памтивек. Жената е таа која се грижи за благосостојбата на домот и семејството, мажот е тој кој ја осигурува егзистенцијата.
Е сега, со текот на вековите и модернизацијата нештата малку се промениле, особено откако во улогите на жената, покрај мајчинството и домаќинлукот, се додаде и работењето, ама принципот е тој и комплексот на маж кој заработува помалку (или ич) од својата жена потекнува баш од таму.
И јас сум за рамноправност, да ги делат обврските, да ги делат месечните примања и трошкови, ама ти кажувам како според мое гледиште би се чувствувал маж во состојба на пониска финансиска вредност во џепот од жената. Тоа е исто како што мажот сака да е тој што ќе ја теши жената кога плаче, а не обратно; или како ретко кој маж би прифатил да ги расте децата додека жена му оди на работа.
И се е тоа прашање на егото и како нештата се поставиле од секогаш, поаѓајќи од биолошкиот момент на посилен пол што до денес не се променил многу, иако доживеал одредени модификации.
И мене ни најмалку не би ми пречело ако заработувам повеќе од мажот; ама на маж ми секако би му пречело, сигурна сум. :wink:
@PSYtisfaction
jas poveke bi rekol deka zenite se tie koi se taka programirani t.e.mazot da se grizi za niv,jas nemam problem so toa
Е муабетов ти е кој е постар, јајцето или кокошката, нема точен одговор на ова прашање.
А јас не знам и не ме интересира дали ти имаш проблем со тоа,затоа што не зборев за тебе туку за целиот машки род генерално.