Зошто се жените против феминизмот?

Член од
30 септември 2008
Мислења
91
Поени од реакции
3
Не велам дека муабетите од таков тип произлегуваат само од устата на мажите, туку напротив, а тука е и проблемот. Но и не го наведов ова како тема, туку само како пример. Не сме дискриминирани - точно! Никој не ни ги скратува правата за студирање, гласање и не знам уште што ли, ама сепак мислам дека некои работи нема да се сменат.
Како што веќе пишав, не се согласувам ни јас со денешниве т.н феминистки. Како што рече Анастазија, не треба, а и не може секоја жена да биде министерка или не знам што, тука нема дилема.
Во јавниот свет како што рече burn84 застапени се жените, ни за тоа не велам дека не е во право, арно ама тоа и мора да е така поради тоа што денес застапеноста на жените е иста како и на оние од другите националности. Мора да има од се по нешто...
Никој ни на социјален, или приватен план не ги става жените свесно под своето ниво, ама ај нека ми каже некој колкав процент од жените кога ќе дојдат дома ги чека ручек, чиста куќа, намирени деца, а тоа да го сторил мажот (не свекрвата или незнам кој друг)? Само немојте да ми кажете дека тоа и е работа на жената и таа се навикнала на тоа и нејзе тоа не и пречи(не и пречи можеби, но напорно е) и не знам уште што...
 
L

Lezbiangirl

Гостин
мислам дека тие жени што се против феминизмот се воглавно некои типки кои се си имаат испланирано вклучително и животот со типот и кои планираат да седат дома да му ги трошат парите и нервите на мажот и притоа да глумат дека се покорни и добри домаќинки и традиционални жени а вшусност повеќе се неспособни крави кои ѓи мрзи да работат и да бидат рамноправни со мажот во се ,тоа се оние мали шмизличиња кои си ја имаат целото искачање а кога плановите нема да се совпаѓаат со на дечкото тие ќе му трепнат два пати со очињата ќе го дигнат своето напудрено носе со најновата орифлам пудра која ја платил се разбира дечкото и добиваат се што сакаат
Тоа се оние поштени женчиња кои не работат и кои од љубомора кон некоја успешна жена која со своја крв и пот и солзи направила кариера јадат гомна за неа дека до таму стигнала со ширење нозе
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566

Е баш поради ваквите претставници на квази-феминизам, секоја независна жена, со трошка достоинство е против ова движење.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Затоа што конечно можеби некој во своето мозоче ја сватиле смислата на демократијата...И мене сите овие феминистичи и шовнистички размислувања ми се глупави...Борбата помеѓу половите..Блјак..Ќе се вреѓаме едни со други,а знаеме дека и кај едните и кај другите ќе има и ѓубриња и цвеќиња.....Ама добро можеби на некој му е поинтересно да докажува дека е нешто повеќе од другиот....
 
Член од
30 септември 2008
Мислења
91
Поени од реакции
3
мислам дека тие жени што се против феминизмот се воглавно некои типки кои се си имаат испланирано вклучително и животот со типот и кои планираат да седат дома да му ги трошат парите и нервите на мажот и притоа да глумат дека се покорни и добри домаќинки и традиционални жени а вшусност повеќе се неспособни крави кои ѓи мрзи да работат и да бидат рамноправни со мажот во се ,тоа се оние мали шмизличиња кои си ја имаат целото искачање а кога плановите нема да се совпаѓаат со на дечкото тие ќе му трепнат два пати со очињата ќе го дигнат своето напудрено носе со најновата орифлам пудра која ја платил се разбира дечкото и добиваат се што сакаат
Тоа се оние поштени женчиња кои не работат и кои од љубомора кон некоја успешна жена која со своја крв и пот и солзи направила кариера јадат гомна за неа дека до таму стигнала со ширење нозе
Не ми се верува!!!:nesvest::nenene:
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Не ми се верува!!!:nesvest::nenene:
Не за џабе ти го избришав истово мислење претходно.
Прекратко е, не изнесува став и не остава место за дискусија.
Затоа, доискажи се, што ти смета/не ти смета во постот кој си го цитирала:smir:
 
Член од
13 февруари 2006
Мислења
315
Поени од реакции
4
Жените се против феминизмот?? да?? ама против кој?? зошто колку што малце ми останало во главава по сеќавање мислам дека имаше три форми на феминизам! едниот беше радикален кој истакнува дека жената е апсолутно владеана од мажот кој е доминантен, другиот беше марксистички кој тврди дека жената е обесправена само во однос на поседување на средствата на производство и третиот беше (веројатно уште и е!) либерален чија појдовна идеологија е обезбедување на рамноправност меѓу половите!!
Овој третиов, последниов не ги акцентира само женчињата туку и мажите зошто се однесува на рамноправност меѓу половите!! можеби тоа имплицитно би можело да се прочита дека жените се обесправени, но и не мора!
Јас лично абе ептен не сум против феминизмот туку напротив - ми се свиѓа идејата здружено да се дејствува! асертивност жени и-само напред!!
Чек сериозно сега-феминизмот оној денешниот ми е поприфатлива идеологија од оној минатиот радикалниот ама па тој за сметка на денешниов ми се гледа како пооправдан?? Ако не се појавеле жени пвроборки тогаш којзнае дали денес еве баш во овој момент и во овој доцен час ќе го чкрапав ова или ќе бев в постела кај мажот кој ќе ми спиеше ко јагне задоволен зошто добро сум ја завршила мојата ОБВРСКА да го задоволам??!
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634

затоа што...ке се случат две работи..или ке завршите како оваа горе, или ке остаерте сами со вашата мачка.

од друга страна лицемерието во целата филозофија...НИЕ СМЕ ЕДНАКВИ МОКНИ И МАЖИТЕ НЕ НИ ТРЕБААТ...се до првата бубачка по дома ...сами не можете ништо да дигнете или преместите,колата е НЛО за вас а сервисот бермудски триаголник, штрафцигерот има лепра а чеканот чума

искривување на природниот баланс на нештата од превише време и пари на запад, неоприродно излеан тука...ништо добро не се изродило...толку е просто, взаемно почитување и договор...ако не мачките не ви бегаат.
 
Член од
30 септември 2008
Мислења
91
Поени од реакции
3
Не за џабе ти го избришав истово мислење претходно.
Прекратко е, не изнесува став и не остава место за дискусија.
Затоа, доискажи се, што ти смета/не ти смета во постот кој си го цитирала:smir:
Извини што пак пишав исто, али стварно неми се верува како може некој така да мисли... А јас мислам дека ставовите си ги изнесов доволно јасно. Избриши го и ова ако сакаш :) Сеедно:pipi:
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263

затоа што...ке се случат две работи..или ке завршите како оваа горе, или ке остаерте сами со вашата мачка.

од друга страна лицемерието во целата филозофија...НИЕ СМЕ ЕДНАКВИ МОКНИ И МАЖИТЕ НЕ НИ ТРЕБААТ...се до првата бубачка по дома ...сами не можете ништо да дигнете или преместите,колата е НЛО за вас а сервисот бермудски триаголник, штрафцигерот има лепра а чеканот чума

искривување на природниот баланс на нештата од превише време и пари на запад, неоприродно излеан тука...ништо добро не се изродило...толку е просто, взаемно почитување и договор...ако не мачките не ви бегаат.
Ако потребата од маж ми е за да ја поправи колата или подигне фрижидерот - налет заедништво. Колата се поправа на сервис, фрижидерот го средуваат луѓе на кои што тоа им е работа.
Не сакам мајстор покрај себе туку човек.
 
Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
НИЕ СМЕ ЕДНАКВИ МОКНИ И МАЖИТЕ НЕ НИ ТРЕБААТ...
Еднакво ќе сме моќни и нема да ни требате единствено кога ние би биле тие со повисоко ниво на тестостерон и десет пати поголема мускулна маса, како и сите останати карактеристики кои ги поседуваат мажите. И да не остане на физичкиот дел, имате вие потреба од нас, имаме ние од вас. Жената е таа што му ја дава човечката компонента на еден маж, во смисла, агресијата ја неутрализира со "лигавите" елементи, како разбирање, толеранција, и љубов. Не гледам што не чини овде, а и не знам кога жената уживала повеќе права од овие денес (за овде зборувам). Не станува збор за неспособност. Ете, секојдневни примери, на кои лично сум била сведок, жена + жена на чело на нешто, пропаст. Што и не мора да значи, нормално, не генерализирам, но не еднаш сами со себе не можеле да се договорат, а не оди така. :)
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Ако потребата од маж ми е за да ја поправи колата или подигне фрижидерот - налет заедништво. Колата се поправа на сервис, фрижидерот го средуваат луѓе на кои што тоа им е работа.
Не сакам мајстор покрај себе туку човек.
не баш се поправа се на сервис само, како што ручекот не се готви сам од себе ... човек или не ...мора да биде и мајстор и чувар на домот како што жената треба да биде домакинка и мајка..било и ке биде...факат живота...

Еднакво ќе сме моќни и нема да ни требате единствено кога ние би биле тие со повисоко ниво на тестостерон и десет пати поголема мускулна маса, како и сите останати карактеристики кои ги поседуваат мажите. И да не остане на физичкиот дел, имате вие потреба од нас, имаме ние од вас. Жената е таа што му ја дава човечката компонента на еден маж, во смисла, агресијата ја неутрализира со "лигавите" елементи, како разбирање, толеранција, и љубов. Не гледам што не чини овде, а и не знам кога жената уживала повеќе права од овие денес (за овде зборувам). Не станува збор за неспособност. Ете, секојдневни примери, на кои лично сум била сведок, жена + жена на чело на нешто, пропаст. Што и не мора да значи, нормално, не генерализирам, но не еднаш сами со себе не можеле да се договорат, а не оди така. :)
точно, но токму овие фем друштва кој почнаа за права а мутираа во арогантни кучки го порекнуваат горенаведеното и одат во екстреми...како бонева :smir:
 
K

KomitaMKD

Гостин
Еднакво ќе сме моќни и нема да ни требате единствено кога ние би биле тие со повисоко ниво на тестостерон и десет пати поголема мускулна маса, како и сите останати карактеристики кои ги поседуваат мажите. И да не остане на физичкиот дел, имате вие потреба од нас, имаме ние од вас. Жената е таа што му ја дава човечката компонента на еден маж, во смисла, агресијата ја неутрализира со "лигавите" елементи, како разбирање, толеранција, и љубов. Не гледам што не чини овде, а и не знам кога жената уживала повеќе права од овие денес (за овде зборувам). Не станува збор за неспособност. Ете, секојдневни примери, на кои лично сум била сведок, жена + жена на чело на нешто, пропаст. Што и не мора да значи, нормално, не генерализирам, но не еднаш сами со себе не можеле да се договорат, а не оди така. :)
Епа затоа треба да има поделба на работите.мажите да се занимаваат со физичките работи , а жените со домашните.не знам јас што е толку тешко.И вака си е добро.Кој феминизам кој глупости...
 
L

Lezbiangirl

Гостин
Е баш поради ваквите претставници на квази-феминизам, секоја независна жена, со трошка достоинство е против ова движење.
Ada љубави ти го Читаш постот убаво јас фино поштено ги набројав типовите жени кои се против феминизмот

Инаку да те прашам колку пати иимаш на некоја речено кога ќе се пожали дека она се по дома прави, дека е женско

Е јас секој ден се соочувам со овие зборови инаку јас не сметам дека мажите се излишни или граѓаниод втор ред туку барам рамноправност
а ние жените поради суетата сами си ги минираме напорите

by The way:Македоцки јас сама симењам сијалицата,тепам бубачки по дома и по подрум имам убиено стаорец поправам врати од шкафов и немој да се шокираш ама знам да употребувам штрафцигер и чекан

ПОвеќето жени глумат дека незнаат(а знаат и тоа како) само за да ти дадат чуство дека си МАЖ и супериорен за потоа да те мотаат на мало прсте
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
не баш се поправа се на сервис само, како што ручекот не се готви сам од себе ... човек или не ...мора да биде и мајстор и чувар на домот како што жената треба да биде домакинка и мајка..било и ке биде...факат живота...
Се` се поправа и се` се заменува што е материјално. Условот е да имаш доволно средства.
Не се сите мажи створени за мајстори и поправачи на домот. Кај е кај тие семејства мајсторот? Кој им праи поправки по дома?
Во секое семејство не готви само жената или скоро и да не готви вооптшо. Што прават тие семјства? Умираат гладни?

Пак ќе повторам: по мене, се` се купува освен топлината на заедништвото и домот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom