Поентата на образованието

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Која е поентата во денешното образование? Особено кај нас, младите веќе не одат во училиште да учат, ми се чини. Во основно и средно училиште се оди бидејќи се мора, но децата особено во тинејџерските години знаат повеќе и од професорите. Факултетското образование изгледа смешно споредено со она европското, но тоа не е поентата на темата.

Зошто мора да се има факултетско образование, зошто децата не “учат“ туку само посетуваат настава, зошто студентите ништо не научуваат а упорно се тепаат за таа проклета диплома.

Зар не е тоа промашен концепт на образованието? Зар не е поентата на школото да се научи? Студенти има само затоа што родителите инсистираат да не искочат засрамени пред комшиите, за да се избега од дома, за да се плати повеќе за приватен факултет и да се облече кул оделце, но никаде низ муабетот не се провлекува “За да знам, за да научам“.
И немојте ве молам да почнете со стандардното, такви се условите... туку, кажете ми, која е целта на образованието, покрај сиот тој интернет, и целата слика која не опкружува? :toe:
 
Pa da, tocno e do nekade toa, no ne se site tinejdzeri takvi. Ima navistina isklucoci koi go cenat ona sto im e pruzeno i znaat deka nisto nema da im steti da naucat sto poveke mozat. Vprocem site go znaat toa, no samo onie so cvrsta volja i karakter, kako i malku razumno razmisluvanje trgnuvaat po toj pat.
Poentata na srednoto i osnovnoto obrazovanie, ne samo kaj nas, tuku sekade, ne e da ve natrupaat so informacii i fakti, tuku da ve naucat da razmisluvate, da da vi dadat solidna osnova za nekoja ponatamosna struka koja sami treba da si ja odberete, i da ve naucat da istrazuvate samite. So drugi zborovi, treba da ve naucat da ucite. Mislam deka kaj nas greskata e toa sto ima mnogu nepotreben materijal, no, greskata e i toa sto sekoj bara izgovor, drzavata bila u 3 p.m. se otislo u ***** i slicno, i sekoj misli deka ako ona sto nema da go zavrsi deneska, utre nema da bide bitno :]
 
Зар не е тоа промашен концепт на образованието? Зар не е поентата на школото да се научи? Студенти има само затоа што родителите инсистираат да не искочат засрамени пред комшиите, за да се избега од дома, за да се плати повеќе за приватен факултет и да се облече кул оделце, но никаде низ муабетот не се провлекува “За да знам, за да научам“.
И немојте ве молам да почнете со стандардното, такви се условите... туку, кажете ми, која е целта на образованието, покрај сиот тој интернет, и целата слика која не опкружува? :toe:

За жал вакви деца/луѓе има се повеќе. Мора да се има диплома од факултет по секоја цена, па и сега гледам во мода се постдипломските. Порано ги запишуваа студенти само со висок просек, денес ги запишуваат и луѓе кои не знаат ни името да си го напишат.

Нешто што најмногу ме нервира е учењето за оцена, напамет и колку само да се помине, а не да за запамети нешто. А во денешниве времиња фраер си ако бегаш од часови, реметиш настава и имаш еден куп изостаноци. Најчесто тоа го прават деца од богати фамилии што веќе имаат обезбедено работно место во фамилијата и деца нивни другари/ки кои иако знаат дека по завршувањето на средното со таков просек ќе собираат смет од улици, продолжуваат да им прават друштво на првите надвор, а не внатре во училиштето се` со цел за да бидат сметани во "елитата".

Друго, и односот на професорите е сменет. Ретко на кој професор му е примарна цел да го научи детето на нешто и да го извади на тест или испрашување тоа што го знае. Едни не предаваат воопшто и не ни ги испитуваат учениците, ставаат оцени на лепе очи, други па од што не знаат како да воспостават дисциплина на часот вадат прашања од малиот мозок и лупаат единици само за да ги натераат некако учениците да им бидат помирни на часот. Сите професори си знаат дека на први ќе им стигне платата - што ќе се замараат со ученици?

Факт е дека денес секој може да стигне до диплома од факултет, само прашање е колку ќе ја оправда таа диплома на работното место? Затоа што основната намена на тоа парче хартија е да виси на ѕид/да фаќа прашина во плакар, а на знаењето и стручноста е да се зголеми продуктивноста на индивидуата.
 
Економски гледано, одлуката да се образова некој или не, се прави по сметање цена-добивка, како функција од капацитетите. Секој вложува во своето образование додека тоа изгледа исплатливо. Секако, ова е упростен модел каде што е исклучена можноста да се учи од љубов или од желба. Интересен е на темава зошто може да даде една слика како НЕ Е кај нас.
Тука пред се зборувам за високото образование кое не е задолжително. Младите би било глупаво да решаваат дали ќе се образоваат по формулата на Лукас, таа горе што ја пишав пред се затоа што дипломата не е никаква гаранција ни дека ќе си ги повратат парите кои им се дадени во тие години на формација.
Значи, кога основната идеја на секој млад човек кој запишува факултет - да има пари од тоа - не може да биде предвидено колку ќе се исполни, останува или одење со таа идеја, ама на слепо, или, некако логично ми доаѓа да се кажат останатите можности:

- студирање од желба
- студирање од немање идеја што да се прави со себе.

Се ми изгледа дека кај нас втората варијанта е почесто видена... Затоа се сите тие фенси приватни факултети на кои ни се учи ни се научува, сите земања дипломи на кондиција и луѓе кои завршиле факултет а немаат врска од тоа што го учат.

Не е дека кај нас нема или не може да има добро образование, далеку од тоа. Ама немотивираноста на професорите, слабата амбиција на студентите и недоразбрани и недоразработени програми кои се ставени ради реда си го прават своето...
 
Дефинитивно концептот на образование кај нас е промашен. И не со оној секојдневен изговор дека такви се условите... Таков е менталниот склоп! Почнувајќи од професорите, преку учениците, па до самите родители. Пропаднати вредности на знаење владеат во образованието, и тоа не може да се среди преку ноќ. Мислам дека сум компетентен да коментирам на темава, бидејќи доаѓам од едно слично опкружување од мал град. Град во кој, родителите не ги тераат своите деца да научат, да истражат, да запамтат - барем не повеќе од првото испрашување - каде треба да се добие солиден одговор, „петка“ и конечно, одличен успех, кој ќе ги одведе на факултет. Не е битно на кој факултет, не е битно колку „матурираниот“, зрел човек го сака тоа - битно е дека треба да се запише на факултет.

Следствено, старовековниве курсеви наречени високо образование губат на квалитет. Студентите не учат. И тие што учат (извинете ако грешам, тоа е само моја гледна точка) се најчесто деца од внатрешноста, кои условите ги тераат да бидат нешто поамбициозни од „скопјанине“. И учат поради просек, кредит, стипендија...конечно, за побрзо да се отарасат од таа дртава зграда наречена факултет, за еден ден порано да го завршат тоа студирање, да најдат работа, надевајќи се дека и таму ќе им помогне нивниот „висок просек“.

Е затоа, студентите (зборувам воглавно за нив, каде спаѓам и јас) не учат...поточно не студираат (што е нешто поразлично од „сувопарното учење“). Затоа посетуваат, или не посетуваат настава, и нивното време е сконцентрирано кон фотокопираната скрипта која ќе им донесе, во најмала рака 9. За да преполагаат за 10. За после половина година, да разговараш на тема на положен испит со колега (кој го положил со висока), и да сфатиш дека тој не ги запамтил елементарните работи од предметот, а камоли знаење за висока. Но, добил висока...

Од друга страна, тука се клекнати оние, вистински амбициозните. Не амбициозни за бројка, нити за стипендија...оние кои се интересираат. Оние кои викаат „За да знам, за да научам“. Тие што навистина го сакаат она што го учат. А ги има. На крајот на краиштата, во се има исклучоци, нели. Е тие, клекнатите не можат да се изразат себеси, уште помалку можат да противречат за фактите искажани од устата на „свети професор“. Затоа што, ќе јадат по муцка. Затоа што се косат со него - а слободното размислување на студентот, барем овде, не само што не е ценето, туку е непознато како поим. Поради тоа, ваквите амбиции згаснуваат.

И поради сето ова, што претставува една мала, хаотично објаснета ситница во тоа што се се случува со нашето образование - поради тоа, концептот е изгубен. И додека едни се молат да дојде побрзо денот кога за последен пат ќе излезат од трауматичната зграда, со индекс полн десетки, а други копаат очи читајќи и интересирајќи се за се и сешто врзано со нив, поистоветувајќи ја нивната професија со нивниот жвот, и додека првите се на цена, а другите клечат, дотогаш нема да се дефинира концептот на образованието.
 
Образованието е позитивна работа за целото општество, тоа е сигурно. Доволно е територијално да сегментираш една метропола по образовна структура и да одиш да прошеташ ни населбите каде што живеат образовани и каде што живеат необразовани. Образованието на секој поединец не е само за негово добро, туку за доброто на целата заедница.

Анастазија спомна нешто за мотивот на запишување на факултет.. и точно е.
- Или си изгубен и одиш таму оти многу други твоја генерација одат (90%)
- или имаш стварен интерес да се стекнеш со знаења или пак љубов кон науката што и не се разликува многу во оваа анализа (10%)

Интересно е што ова не е факт само кај нас, ова е факт за секој еден универзитет во светот(со исклучок на неколку елитни). На повеќето универзитети студентите одат оти таму одат многу млади луѓе.
Но има една суштиснка разлика во однос на тоа што се случува во Македонија
Имено, таму во странство, има невероватни педагози - кои даваат максимални напори и го побудуваат интересот и љубопитноста кај повеќе од половина студенти, со тоа странците успеваат да го постигнат оној ефект во образованието кој ние сонуваме да го постигнеме. Значи и таму 90% на почеток се незаинтересирани, ама после 1 година на факултетот професорите успеваат и те како да ги заинтересираат за науката и практично да ги повлечат.. Сепак останува еден дел кој нема да пројави интерес и преку едноставна селекција ќе си испадни.
Што се случува кај нас ? Кај нас докторите на науки се високостручни, но тоа не е и услов за да бидат добри професори. За да бидат добри професори, тие треба да бидат добри педагози, да пишуваат добри учебници, да држат добри и интерактивни предавања итн итн. На секој факултет едвај може да се набројат четворица добри професори. Кај нас професорите практикуваат друго, да го поминат материјалот како ќе го поминат, не е битно каков учебник ќе напишат... А студентите кога ќе паднат повеќе од половина едноставно професорот ќе се смилува и ќе ги пушти... Тоа што се спуштаат граници воопшто не е добра работа, тоа е резултат на лошо одработена работа И не се ни студентите криви што паднале или што не пројавиле интерес, криви се професорите што не успеале да побудат интерес и да ги научат студентите.

Е сега проблемот е што кај нас некој очигледно не може да разграничи две работи квалитет и квантитет на образование.

Кај нас сега е во мода секое село над 10 души да има најмалку две високообразони институции со назначен професор по случаен избор.

Македонија дечки нема капацитет за олку универзитети колку што ќе има сега, дотолку повеќе што и да го има капацитетот за да одржува толкава бројка на факултети никогаш нема да постигние задоволителен квалитет кај ни еден универзитет. И уште полошо квалитетот на некои добропоставени институции може да се намали за да се одржи нивото на по еден факултет за секое семејство.
 
ме мрзи да ги читам сите, па прочитав нешо така на брзинка и викате дека професорот не се замара да ги научи децата е па јас учам во Михајло Пупин(познато како КОЦЕ) и отиди кај професорите што сите викаат дека се лоши за отценување па ке уживаш да ги слушаш како предаваат ако сакаш да научиш нешто, па и да ги прашаш нешто што не сте го учеле во школо ако знае ке ти објасни убаво и кога те испрешува гледа да ја исцеди последната капка знаење од тебе, така да има професори кои знаат да предаваат премногу добро.
 
Поентата на образованието е од луѓето да направи послушни поданици спремни да служат како робови во големите мунтинационални компании.
Поентата на образованието е да те интегрира во системот не е битно што ти сакаш и што умееш не е битно колку спиеш или дали пиеш антидепресиви битно е дека ти си штраф во системот штраф кој треба да биде макесимално изроботиран
за да може машината непречено да фунционира.
Лажам.
Се излажав.
Училиштето има две функции социјална и образовна.
Човекот е социјално битие има потреба од комуникација и соработка со другите биолошки единици од неговиот вид.
Образованието е моделирано на тој начин да плански и конструктивно ја осмисли социјалзацијата на еден млад човек.
Не се работи само за учење,бубање на памет и остало се работи за инсталирање на вредности на вредности на кое би требало да биде изградено едно здраво општество.
А задачата на инсталирањето на вредностите би требало да ја имаат пеадгозите и наставниците.
Али кога цел човечки систем се темели на лага се е пропало.
Пред некој ден слушнав дека околу 80% од матурантите се запишале на факултет. :nesvest:
Наместо да земат да се занимаваат со земјоделие и да научат со сопствен труд да го заработавуваат парчето леб они одат на бесперспективни факултети.
 
Во склоп на темава, можеби малку во друг правец говоров, но да не отварам нова тема,...
Ми го пратија момчево да го преслушам... па би можеле и вие, доколку сакате. Во врска со факултетското образование, и пар други работи.
п.с. Не обрнувајте внимание на хитлерскиот пристап на говорницата. Слушајте ги зборовите...
 
Димче Апасиев, као оратор треба да знаеш дека капава не треба да се носи. И многу се дереш, ама говорот ти е совршен! :smir:
 
Говоров важи за цел македонски народ а не само за студентите-браво...
 
Во склоп на темава, можеби малку во друг правец говоров, но да не отварам нова тема,...
Ми го пратија момчево да го преслушам... па би можеле и вие, доколку сакате. Во врска со факултетското образование, и пар други работи.
п.с. Не обрнувајте внимание на хитлерскиот пристап на говорницата. Слушајте ги зборовите...
wow кога ова се случило и каде сакам да знам дали има таква организација
штета што не бев таму
 
Студентските се сеа у Б2 :icon_lol:

Шала на страна,дечково е тотално во право за све што кажа ама прашање е дали има сила тој македонски студент да направи нешто повеќе...Ја мислам дека е само зборење у празно и дека нема да се сменат многу стварите...Таков е менталитетот на луѓето, ќе мора нешто ептен да не им чини за да станат и дигнат глас...

Фино е што ни го посочи он сето ова, доаѓа како мало отварање на очите ама сепак мислам дека на крајот требаше да каже како он мисли да се справи со тоа и како да се искоренат некои работи...
 
Не дозволувај училиштето да ти попречи во образовниот процес. Една од најпаметните изреки што сум ги чул до сега.
 
Не дозволувај училиштето да ти попречи во образовниот процес. Една од најпаметните изреки што сум ги чул до сега.

I have never let my schooling interfere with my education.
Марк Твен

Дечкото беше добар до пола говор, после го "ookakha". Нејсе, жал ми е што ораторските вечери се лимитирани само на студентите од Правниот факултет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom